Немора да си уметник, еве јас сум имал среќа и прилика да прошетам низ повеќе европски градови и да видам доста споменици, и правејќи споредба со нив утврдувам дека овие се добро изработени. Исто така и речиси сите мои пријатели без разлика дали се за или против проектот Скопје 2014, немаат забелешки за изгледот туку се дискутира за тоа дали тие пари биле најдобро искористени во нашава ситуација.
Таа ги изработила, во помал сразмер .. работата на италијаните е тоа да го пренесат во поголем облик. Незнам зошто би ги донирала идеите и трудот. Дури и да земала 500,000 евра (што засега не е официјално,туку чаршиски муабети) пак не е незаслужено, туку сосема реално. Кога зборуваме од уметнички аспект, изработка на 3 монументални дела во центарот на главен град, што тука може ќе стојат 50, 100, 1000 години и тоа како треба да биде дебело платено.
Затоа кажувам дека доколку имате незадоволство околу сите пари исплатени за овие споменици и целиов проект, нарачателот е тој што треба да го таргетирате