Каде ова лето? - прашања и предлози за туристички дестинации

Член од
25 октомври 2010
Мислења
736
Поени од реакции
704
Со мало дете само Валона друже.
Цените во ресторани се како кај нас во маалски кафичи, од 30-70 денари кафе најскапо едвај. Пиво имаш за багатела, макар да Тираната не е нешто убава ама ладно кога ти го служат и те како се пие.
Јадење можеш и по дома а можеш и по ресторани да јадеш пошто стварно е евтино, нас 6 души (без деца) јадење и пиење секој ден во ресторан не фаќаше по околу 1500-2500 денари макс и тоа квалитетно прејадување (во локални ресторанчиња, има некој „ексклузивни“ кој искрено не ми праеа мерак иако јадевме и таму ама не е тоа тоа).
Исто така пицата, мора да напоменам дека конкретно во Валона е најчесто од италјански пица мајстори пошто ене им ја италија на 1 саат со бродче, аналогно на тоа пиците беа топ.

Ако одиш со кола (претпоставувам) само патот не е сјајен од после граница до Fier негде, ама после е океј. Исто така би ти препорачал да го посетиш Dhermi, на 30тина километри од Валона е - прекрасно тивко место со најубава плажа што некогаш сум ја видел, имаше провидност низ вода до 30тина метри длабочина, многу чиста вода, ресторанчиња на карпи, прекрасно. Башка за со дете, јонско море како што е, нема подобра ствар за здравје. :)
Не сум бил во Албанија никад али еве гледам доста си запознаен со Валона,би те прашал ако сакаш да ми одговориш,кој период беше на одмор,колку кошта да речеме еве преку агенција пат и смештај за 7 дена,или можеш да ја наведеш агенцијата па може и ја да прашам, благодарам однапред поз
 
Член од
12 март 2008
Мислења
1.055
Поени од реакции
758
За кола ти треба меѓународна дозвола, а за моторче поголемо од 50 кубика ти треба возачка А категорија. Сеа можеш да начекаш некој пофер малку и да не ти бара дозвола, но воглавно 99% бараат меѓународна за кола, за мотор можеш и со наша.
Цени- мотор околу 15 евра ден
Кола од 35 нагоре зависно од колата
А со цени запознаени си? Храна и остало.
 

Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Не сум бил во Албанија никад али еве гледам доста си запознаен со Валона,би те прашал ако сакаш да ми одговориш,кој период беше на одмор,колку кошта да речеме еве преку агенција пат и смештај за 7 дена,или можеш да ја наведеш агенцијата па може и ја да прашам, благодарам однапред поз
Во Валона би ти препорачал да идеш Јуни или Јули бидејќи на нив сезона им е Август и ќе начекаш гужви.
Инаку не бев преку агенција, со приватен пат и приватно сместување бевме, во апартмани кај еден локален кој го запознавме првата година и станавме добри пријатели :) .

Колку што се сеќавам, од понудиве за хотелски соби, тие со приватна плажа хотели беа 25 евра по соба, другиве нешо поевтини. Од агенцииве незнам како би идело, а автобуска карта повратна до Валона и назад ти е 45 евра. Макар да ако имаш можност иди со кола, паркингот ти е обезбеден од приватното сместување/хотелот и можеш да шеташ низ плажи а и центарот на градот е на некој си 3-4 километри од плажите и сместувањето.
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
А со цени запознаени си? Храна и остало.
Исти се цените како останатите острови. Гирото е стандард 2,5 евра, имаш маркети ефтини како кај нас да купуваш, нормално Лидл, леб 2 евра...воглавно малку само поскапо од кај нас не е ништо страшно.
Зеленчукот и овошјето по правило им се малку поскапички, но не нешто екстремно да не можеш да си дозволиш
 
Член од
12 март 2008
Мислења
1.055
Поени од реакции
758
Исти се цените како останатите острови. Гирото е стандард 2,5 евра, имаш маркети ефтини како кај нас да купуваш, нормално Лидл, леб 2 евра...воглавно малку само поскапо од кај нас не е ништо страшно.
Зеленчукот и овошјето по правило им се малку поскапички, но не нешто екстремно да не можеш да си дозволиш
Супер. Фала ти на информациите.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
некој за Одеса годинава?!:icon_lol:
 

Vuki-Viola-Fan

Solo Fiorentina
Член од
18 мај 2008
Мислења
3.502
Поени од реакции
680
Polska 13 juli Krakow,veke na 14 odam za Firenza do 17 i pak se vrakam vo Krakow do 24 juli.Posle se znae,Skopje nedela dena i pak na rabota
 
Член од
5 август 2011
Мислења
100
Поени од реакции
2
Ми треба ваше мислење , сакам да одам во грчка после 20.9 какво е времето тогаш? дали некој бил тој период или е запознат за овој период како е таму ? Фала
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.225
Поени од реакции
14.561
некој за Одеса годинава?!:icon_lol:
Не спомнувај, требаше да идам пред некоја година ама све остана на муабети. Си видел негде понуди за Одеса кај нас?
 

Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Шпанија во август,блиску Барселона?Барам релативно добар хотел со полн пансион.Некои искуства преку нашиве агенции?
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.748
Поени од реакции
1.003
Ајде некој кој пред брзо време бил во Црна Гора да ми кажи , дали исто како кај нас е забрането пушењето во ресторани и општо угостителски објекти .
 
Член од
28 март 2012
Мислења
12
Поени од реакции
3
Bil li nekoj vo nea flogita i kakvo e dali e familijarno mesto ili noaka po za mladi sum cul deka e mnogu ubavo.
 
M

macgowan

Гостин
Bil li nekoj vo nea flogita i kakvo e dali e familijarno mesto ili noaka po za mladi sum cul deka e mnogu ubavo.
Ако мислиш за онаа Флогита/Неа плагиа до Неа Мудања, местото е мирно, има зеленило тоа памтам, плажата песок со понекое камче добро е за капење, кафичи имаш покрај плажата и тоа ти е тоа. Симпатично местенце кое е каде каде помирно од првиот крак на Халкидики. Одат на еднодневно капење Солуњани а знам луѓе од Битола и Прилеп кои одеа за еднодневно капење в море дотаму(одевме до Тасос за еден ден :D сега е горивото поскапо па појќе се думаме).
Значи, за по-фамилијарни луѓе индид.
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.282
Поени од реакции
563
Ми треба ваше мислење , сакам да одам во грчка после 20.9 какво е времето тогаш? дали некој бил тој период или е запознат за овој период како е таму ? Фала
до тој датум по кажувања на Крф е како сред лето овде ... значи жешко ...
 
Член од
27 јуни 2011
Мислења
38
Поени од реакции
11
Не сум бил во Албанија никад али еве гледам доста си запознаен со Валона,би те прашал ако сакаш да ми одговориш,кој период беше на одмор,колку кошта да речеме еве преку агенција пат и смештај за 7 дена,или можеш да ја наведеш агенцијата па може и ја да прашам, благодарам однапред поз
Јас лани бев во апартманиве преку Камелија http://www.camelliatravel.com.mk/letuvanja/albanija.php и многу добро си поминав.Студијата се нови имаш баш све внатре,чисто е,плажата ти е на 200 метри,оди нема да се покаеш
 

Kajgana Shop

На врв Bottom