Калиопи иако ми е далеку од омилена пејачка сепак ја почитувам пред се' поради моќниот глас. Кога прочитав дека е избрана за наш претставник не можев да сфатам зошто на еден естраден уметник од таков висок ранг толку му е значајно одењето на еден таков панаѓурско-политичко-дебилен фестивал каде ептен ретко и порано, а денес уште помалку настапуваат квалитетни изведувачи. Евровизија делува како утнато место од страна на Калиопи за докажување и покажување на нејзините квалитети.
Инаку досега најмногу од сите наши претставници ми се допаднала во комплет: глас и песна и едноставен сценски настап. Се надевам дека и класично ќе биде облечена согласно песната што на крајот на краиштата и не е којзнае колку битно.
Не можам да сфатам зошто толку луѓе од Македонија френетично го поддржуваат Жељко Јоксимовиќ. Само фрчат насекаде коментари дека имал предобра песна, дека бил предобар композитор (хитмејкер), дека спотот му бил маестрален... и слични славопојки. Факт е дека Жељко е далеку од квалитетен музичар. Со иста песна сака цела кариера да направи. Епа тоа поминува изгледа само тука кај нас во Македонија за жал. Сигурна сум дека самите Срби толку не го обожуваат како тука кај нас.