Отровни стрели на Груевски кон НАТО

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Секогаш кога е во прашање православните земји тогаш се знае дека сатанистите на САД и НАТО ќе ги поджат Муслиманите, како што беше со Босна и Херцеговина,Косово и со нас во 2001, тоа било од секогаш така, така и ќе остане..:facepalm: да не заборавиме дека сатанистите на Западот исто така се и против Русите..
Да се разбереме сарказам е ова што го кажувам, никогаш не би поддржал убиство на невини луѓе дури и ако се муслимани... колку и да се глупи не заслужуваат смрт како да се животни. Некој не манипулира тоа ни е јасно на сите веќе долго време, прашање е како да се спротивставиме. Еден чекор кон тоа е да ја сфатат што е можно повеќе луѓе ситуацијата во која е доведено човештвото, што е особено тешко за муслиманите бидејќи се најлесни за манипулирање, буквално се како програмирани роботи што ги прави директни непријатели на се за кое се залага слободоумен човек.
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.816
Поени од реакции
1.088

За Македонија и Србија по голема закана е Западните земји него Муслиманите..
 
Член од
4 мај 2012
Мислења
183
Поени од реакции
90
Мислам дека сепак бараш нешто посовршено од она што реално постои во светот. Живеам во Холандија и добро знам како овде оди политиката и како се борат за рејтинзи и гласови.

Ама и разбирам што сакаш да кажеш. Никакво интервју или изјава нема да го реши проблемот туку само се собираат поени. Можда дури и намерно не се работи сериозно на интегрирање за да на елитите не им се скуси ”полјанката за играње”, којзнае.

Опозицијата и албанците ова го велат:
За решение треба да го стегнеме гзот (дури и иселениците) и да смениме име преку компромис каде наврат-нанос ќе задржиме некаков идентитет и каква-таква врска со поновата историја. Па после да се бориме за нашето место во европското/НАТО семејство ама одвнатре и со сите привилегии на членка. Со тешка работа и добра статегија можда еден ден ќе се избориме за признание на идентитетот оригинален.

Ти гарантирам дека тој ”еден ден” нема да дојде бидејќи за 5 години ќе се навикнеме да новото име, какво и да е, и ќе си легнеме на брашното. Ќе бидеме сосема нова нација - со континуитет од некоиси 20 години - која како колектив ја има цврстината на една амеба.

Ако ова ти се допаѓа тоа тогаш барај го отворено и јасно. Премиерот кажа дека не сака веќе лицемерие - тогаш сме сите слободни да си кажеме што мислиме. Дарданиа тоа го практикува веќе подолго време, без перде, барајќи си Голема Албанија како крајно решение на сите проблеми. Ајде и ние да си кажеме отворено.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Само да им се потенцира дволичноста и на НАТО и на ЕУ. Крајно контрадикторни се, а овие рамковците место да научат некоја лекција сеуште мислат дека Рамбо е на нивна страна. :)
Абе види сега ние како држава и како народ сме бајаги печени и имаме искуства со изолации, ембарга и.т.н.
Од глад и од жед нема да умреме сигурно, проблемот е полош кај рамковците, ако Рамбо дигне раце од нив тогаш бајаги ја нае*але, па нив Рамбо им е компасот, без Рамбо ќе бидат тотално изгубени во просторот и во времето !
 
Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
За Македонија и Србија по голема закана е Западните земји него Муслиманите..
Па да, Муслиманите се искористени од страна на НАТО односно Турците и Албанците (единствени муслимани во сојузот), во замена за локални придобивки кои ќе им бидат одземени во иднина слично како во Авганистан. Сегде каде што доминира Исламот (освен Саудиска Арабија) наметнати се терористите од НАТО како наводни ослободувачи кои зад себе оставаат само пустош.
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Не знам колку отровно беше интервјуто, од поодамна се знае дека курсот на Македонија не е запад (ЕУ НАТО)
Јас додуша лично не мислам ни дека треба да е, ама Груевски не кажал нешто ново и непознато.
Европската лицемерна унија и Воениот сојуз за експлоатација на нафта и др природни богатства си функционираат така. Секој секого мрази, секој секому стрели си праќа, ама утре пак ќе си седнат онака со европска лицемерна насмевка и се ќе си средат. Си знаат дека си имаат и двојни стандарди и мускули покажување на послаби (?) земји, ама тоа е. Така си се навикнати, така си тераат и така ќе си продолжат.

Дури ни Груевски нема да го сфатат нешто сериозно. Тоа им е секојдневие.
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.816
Поени од реакции
1.088
Па да, Муслиманите се искористени од страна на НАТО односно Турците и Албанците (единствени муслимани во сојузот), во замена за локални придобивки кои ќе им бидат одземени во иднина слично како во Авганистан. Сегде каде што доминира Исламот (освен Саудиска Арабија) наметнати се терористите од НАТО како наводни ослободувачи кои зад себе оставаат само пустош.
Западот се мобилизира за идните 50 години што ќе доаѓа, што мислиш ти? Анти-ракетниот штит е за Иран? или за Русија и Кина? Зошто Русите се против Анти-ракетниот штит на НАТО?, затоа што сите знаат дека главни и вистински мети на Американците се Русија и Кина... Следните години САД и НАТО ќе ги подобрат односите со арапските земји, за да создават терен против Русија и Кина. Западните планови не се кројат денес за утре, тие се долгогодишни планови..
 
M

Muranyi

А најсмешно ми е кога ќе слушнам дека Западот сака да ги уништи Муслиманите и само тие имале храброст да и пркосат на САД.Токму така,Западот не 50,туку 100 години гледа во иднината и ги планира сите потези,за нив се е како шаховска игра.
А па уште посмешно или пак потажно,навистина не знам,што некој сеуште верува во Русија и се повикува на православието.Треба да сфатиме дека нивните интереси барем засега не го опфаќаат Балканот па според тоа штом не ни се поклопуваат интересите нема што да бараме од нив.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: oon

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317

Немој да ја подценуваш Русија....Во слична ситуација била и кога претходно го сменила режимот. Види го периодот на црвената револуција. После таа Револуција, границите исто така се намалиле, Сите денешни бивши Советски републики добиле краткотрајна независност додека не си се консолидирале внатрешните редови на новиот режим на Империјата. После полека полека сите си се вратиле во стадото како посрани, скоро самоиницијативно :)

Денеска се можеби подруги времиња, но динамиката не е воопшто изменета, и факт е дека Русија се враќа на сцената како што се вратила и претходно(пред 90тина години), факт е дека Балканот е стратешко подрачје во предворјето на Русија, кај што фаќаат Руските радари и противоздушна одбрана. Балканот е клучен за контролата на Црното Море и ако Русија не го фати последниот воз на Балканот, ќе ја изгуби и контролата на Црното Море. Нема тука солидарност на православни и словенски браќа, тоа би можело да биде само маркетинг за да се оправда некаква инволвираност. Тоа е чист интерес, треба само да знаеш да ја продадеш својата приказна и да се уклопиш во тековите, во правилно време на правилна страна.

Со прости зборови, ништо не ги кошта Русите да стационираат војска во Македонија во споредба со тоа колку коштаат Америчките трупи тука. Ништо не ги кошта и да донесат С400 систем кој е мобилен и кој би бил под нивна команда, за разлика од сличен систем кој Американците би требало да уградат. И све тоа може да почне под капата на „партнерство за мир“, што е НАТО програма во која се и Русија и Македонија. И замисли кој бенефит би имала Русија со база во срцето на Балканот и опколена со НАТО држави. Тоа би било целосна парализа на овие држави. А делумна парализа и на Романија, Унгарија и Хрватска. Ако на тоа се приклучи и Србија, тогаш дефинитиво и последните 3 би се парализирале. За државите кои порано биле под Советски режим, тоа додатно би значело и психолошки шок, имај во предвид дека Русите имаат структури длабоко всадени во тие држави, кои би ги искористисле при една таква ситуација, и ако згора на тоа ја ставиме и економската криза што го погодува западот.... Тоа значи дека покрај парализата, по мое, целата ситуација би довела и до преиспитување на прозападните ставови во Бугарија и Романија, кога како пропаганда ќе има пресудна улога православието, а можеби и во Унгарија(помалку веројатно).

Но времето за вакво сценарио поминува (ако не е веќе поминато). Искрено се надевам дека владата после 2008 година го опфатила ова сценарио како можна опција за Македонија. Ако не дека ќе проба да го опфати во наредниот период, колку што времето дозволува. Мора да се опипа пулсот и на другата страна. Пошто реално гледано Русија би имала бенефит, но би требала да направи огромен чекор, доста поразличен од играта што ја игра последните 20 години, прашање е колку е спремна на тој чекор. Можеби заедно со Кина, која би можела да го одвлече вниманието....
 
Член од
4 мај 2012
Мислења
183
Поени од реакции
90
Нереални се тие работи и стратешки игри со Русија или Кина. Најмногу што може да се надеваме е зајакнување на партнерството со Турција каде има каква-таква волја, внатрешен консензус и мала шанса за взаемно разбирање без некој да биде стратешки загрозен (освен Грција јасно). Ама дури и за тоа нема некаква безбедносна потреба освен правење притисок кон Грција, кој ќе не нападне?

Членството во НАТО е пред све економски импулс преку снабдувачките договори и формална гаранција за потенцијалните инвеститори дека нема преку ноќ да се случи воен удар или слично. Што имаат тука кинезите или русите да понудат? А да не го заборавиме нашиот омилен втор национален колектив кој инстантно ќе зоврие како млеко заборавено на шпорет...

Ако Грците превземат некаква иницијатива, но надвор од безусловното насилие, нешто може да се договори. Ама сепак останува да се чека на момент, на реакција од некого, на израмнување на ставовите со опозицијата и такви работи. Друго е пак да смениме име, нешто што мислам дека ќе стане само ако дојде ножот на коски.
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Немој да ја подценуваш Русија....Во слична ситуација била и кога претходно го сменила режимот. Види го периодот на црвената револуција. После таа Револуција, границите исто така се намалиле, Сите денешни бивши Советски републики добиле краткотрајна независност додека не си се консолидирале внатрешните редови на новиот режим на Империјата. После полека полека сите си се вратиле во стадото како посрани, скоро самоиницијативно :)

Денеска се можеби подруги времиња, но динамиката не е воопшто изменета, и факт е дека Русија се враќа на сцената како што се вратила и претходно(пред 90тина години), факт е дека Балканот е стратешко подрачје во предворјето на Русија, кај што фаќаат Руските радари и противоздушна одбрана. Балканот е клучен за контролата на Црното Море и ако Русија не го фати последниот воз на Балканот, ќе ја изгуби и контролата на Црното Море. Нема тука солидарност на православни и словенски браќа, тоа би можело да биде само маркетинг за да се оправда некаква инволвираност. Тоа е чист интерес, треба само да знаеш да ја продадеш својата приказна и да се уклопиш во тековите, во правилно време на правилна страна.

Со прости зборови, ништо не ги кошта Русите да стационираат војска во Македонија во споредба со тоа колку коштаат Америчките трупи тука. Ништо не ги кошта и да донесат С400 систем кој е мобилен и кој би бил под нивна команда, за разлика од сличен систем кој Американците би требало да уградат. И све тоа може да почне под капата на „партнерство за мир“, што е НАТО програма во која се и Русија и Македонија. И замисли кој бенефит би имала Русија со база во срцето на Балканот и опколена со НАТО држави. Тоа би било целосна парализа на овие држави. А делумна парализа и на Романија, Унгарија и Хрватска. Ако на тоа се приклучи и Србија, тогаш дефинитиво и последните 3 би се парализирале. За државите кои порано биле под Советски режим, тоа додатно би значело и психолошки шок, имај во предвид дека Русите имаат структури длабоко всадени во тие држави, кои би ги искористисле при една таква ситуација, и ако згора на тоа ја ставиме и економската криза што го погодува западот.... Тоа значи дека покрај парализата, по мое, целата ситуација би довела и до преиспитување на прозападните ставови во Бугарија и Романија, кога како пропаганда ќе има пресудна улога православието, а можеби и во Унгарија(помалку веројатно).

Но времето за вакво сценарио поминува (ако не е веќе поминато). Искрено се надевам дека владата после 2008 година го опфатила ова сценарио како можна опција за Македонија. Ако не дека ќе проба да го опфати во наредниот период, колку што времето дозволува. Мора да се опипа пулсот и на другата страна. Пошто реално гледано Русија би имала бенефит, но би требала да направи огромен чекор, доста поразличен од играта што ја игра последните 20 години, прашање е колку е спремна на тој чекор. Можеби заедно со Кина, која би можела да го одвлече вниманието....
Во новиот лик на Русиja гледаj каде инвестира таа. На Русиja не j треба да прави каквото и да е друго, а само да држи битни гранки от икономиките на државите или регионите от кои се интересира. Абсолутно не е потребно на Русиja да доjде на Балканот за да држи Црно Море. Па таа е црноморска држава, има и морска база во Украjна... За Русиja наjбитно место во цела Европа е Калининград. Таа тамо може да си разположи и С-400, таа тамо може да си разположи и Искандер...
Ако Русиja сака да прави проблем или нова студена воjна, таа ке стави воjски не во Македониja, а во Куба наново.
Вакво нешто за што зборуваш ти е химера.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Со должно внимание ја прочитав вашата реакција по повод моето интервју за Македонската информативна агенција и внимателно и со почит кон вашите позиции внимавав на секој детаљ од вашето писмо. Дозволете најпрво да се заблагодарам на реакцијата и на оваа можност да разјасниме и меѓусебно, но и за пошироката јавност, одредени позиции, околу кои очигледно имаме различни видувања и ставови.
Исто така дозволете ми да појаснам на самиот почеток дека една ваква реакција од ваша страна воопшто не ме изненади и беше целосно очекувана и тоа токму заедно со тонот со кој е пишувана, а и самите знаете дека е пишувана од една рака, која се крие зад вашите потписи, принцип адекватен на се останато во вашата партија.
Дозволете прво да истакнам дека на самитот на НАТО во Чикаго, уште еднаш беше потврдено дека нашата земја ги има исполнето сите услови и критериуми за членство во Алијансата и со тоа директно самиот НАТО ги демантира сите ваши досегашни обвинувања дека ние не работиме за евроатланската интеграција, исто како што тоа за првпат го направи во април 2008та на Самитот во Букурешт. Нешто што за волја на вистината вие како политичка гарнитура кога ја имавте довербата од народот не сакавте, или не успеавте да ги исполните условите, кои ние по доаѓањето на власт во рок од една и пол година ги исполнивме сите.
Сакам да потенцирам дека ова достигнување е дело на сите граѓани на Република Македонија и во оваа прилика би сакал на сите граѓани да им се заблагодарам за целокупната подршка која ја даваат на нашите напори за остварување на оваа стратешка определба.
Иако ги имаме исполнето сите услови и критериуми за членство и иако активно, посветено и бескомпромисно придонесуваме во мисиите на Алијансата, Република Македонија, за жал не доби покана за полноправно членство во НАТО.
Уште еднаш би сакал да кажам дека овој епилог е непосакуван, неправеден и неправичен, но не е неочекуван или пак изненадувачки, исто како што и вашата реакција беше очекувана за мене. Сите ние заедно, сме свесни и добро знаеме дека единствената причина за нашето попречување за остварување на нашите легитимни и легални аспирации, е противењето на нашиот јужен сосед, кој уште пред 21 година создаде проблем и отвори прашање околу уставното име на нашата земја и спори и ни наметнува откажување од нашиот македонски идентитет, не престанува со тие обиди и нема ниту волја ниту желба да пристапи кон посветено и конструктивно надминување на овој предизвик кој стои помеѓу нашите две земји, и двете земји ги оптоварува и им одзема енергија.
Сакам да истакнам и тоа треба да ви биде јасно и разбирливо, дека она што зависеше од нас, она што е легално и легитимно, базирано на цивилизациските вредности и придобивки и што е зацртано како прифатлив стандард кој требаше да го исполниме - го направивме, а оваа Влада која ја предводам беше лидер во остварувањето на стандардите кои ги бараше НАТО од нас. Се што има предвидено Алијансата да важи за сите аспиранти за членство, како услови за станување член на семејството на евроатланстаката заедница е остварено, јасно и прецизно. Едноставно, она што нас не попречува да станеме членка на НАТО, не важело, не важи и неможе и нема да важи ниту за еден аспирант за идно членство и никој од нас, вклучително и Владата, нема одговорност за таквото наметнато прашање кое е сензибилно и кое сум длабоко убеден не може да се реши од позиција на сила и наметнување, како што некој се обидува да ни наметне.
Во овие мигови на голема неправда, која силно ги погодува чувствата на сите нас, на сите граѓани на Република Македонија, и покрај вашите реакции кои по мене се крајно непотребни и бесцелни и не придонесуваат за интересот на нашата земја, апелирам до сите граѓани да останат спокојни и да не потклекнат на наметнатата отворена девалвација од Грција и на не по наша вина создадената фрустрација. Граѓаните треба да не дозволат оваа неетичка злоупотреба на позицијата која ја има нашиот јужен сосед и класична демонстрација на неконструктивно однесување, кое е во спротивност со основните начела на НАТО Алијансата-еднаквоста, слободата и владеењето на правото, на меѓународното право, да ги совлада, потишти или пак да им ги помати перцепциите и приоритетите.
Карактерот се гради во мигови на големо искушение, а успехот е заслужен и е повреден кога е остварен во, и по моменти, на големи предизвици, и кога е базиран на вредностите во кои отсекогаш и секогаш ќе веруваме, залагаме и ќе се бориме да ги оствариме и од кои нема да отстапиме и нема да одиме спротивно од нив, како што јужниот сосед прави. Ако со неправда сме попречени да го добиеме она што самите сме го заслужиле и одработиле, тоа не е и никако не смее да биде наша сопствена вина или пак одговорност. Ова се такви мигови, на предизвици, од кои веруваме и убеден сум, дека сите ние, Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците и останатите заедници кои живеат во нашата држава, ќе излеземе уште посилни, а тоа мора да го направиме и ќе го направиме. Обединети, сплотени, рационални, посветени, енергични, мудри и смирени. Достоинствено и чесно. Со труд и залагање. Ако вие како политичка партија се решите да реагирате на друг начин, кој е неконструктивен, тоа е ваша работа, а граѓаните ќе судат кој бил во право, а кој не бил во право.
Почитувани колеги од СДСМ,
Ние не ги носиме одлуките за членство во НАТО, тоа го прават земјите членки на Алијансата. Наше беше да работиме, да спроведуваме реформи и да модернизираме и да придонесуваме кон реализација на заедничките интереси. НАТО јавно призна дека тоа сме го правеле, во нивниот заклучок од Самитот, кој е јавно достапен и може да го видите. А ние тоа го правевме, беспрекорно, целосно, бескомпромисно, силно, мотивирано, со обединети сили. Деноноќно работевме, вложивме енормни напори, средства, ресурси и труд, претрпевме многу самооткажувања, издржавме, нашите мировници смело и храбро ги ризикуваа своите животи за да придонесат и да помогнат на нашите заеднички цели, се во функција на вербата во светската правда. Јас, како премиер на Република Македонија, на кого граѓаните му ја дале довербата да управува со реформите и модернизацијата и со политиките, претседателот на државата, министерот за надворешни работи, за одбрана, за евроинтеграции, целата влада и сите лица на функции и позиции, пратениците, вклучително и вие, остваривме стотици средби за да ги промовираме нашите интереси, да ги објасниме позициите, да ги аргументираме истите тие позиции, да лобираме, да замолуваме, да бараме да се вреднуваат резултатите и достигнувањата, а да се игнориираат неправичните одлуки донесени врз база на посилна позиција, изминавме илјадници километри, не се штедевме и не застанувавме, иако знаевме дека е тешко и дека за жал и самите пријатели со кои зборувавме и кои непосредно ги подржуваа и оправдуваа нашите ставови, ни сугерираа дека повторно ќе бидеме попречени, и тоа не по наша вина, туку заради нечија друга неодговорност.
Сите ние и јас како премиер, имаме чиста совест, дека во име на граѓаните, во цели во кои сите веруваме, направивме максимум, се што од нас зависеше направивме, и секогаш ќе продолжиме така да правиме.
И Меѓународниот суд на правдата во Хаг, најрелевантното тело за меѓународната правда и право, донесе одлука и зазема ставови дека нашиот јужен сосед нелегално не попречил во членство и дека не би требало да не попречи повторно ако побараме членство. Но, директно прекршување на ставовите на телото кое ги промовира правото и правдата на светско ниво, дојде повторно од земјата која не попречува и чии политички лидери отворено на состанок одржан под покровителство на нивниот претседател, истакнаа дека тие се за вето, за попречување на нашата земја за членство во НАТО, и дека за да си ја остварат својата цел, треба да ги преземат сите средства, дури и најрадикалните, како што е ветото кое самите тие го истакнаа јавно, и тоа средства и мерки кои се и видливи и помалку видливи.
Почитувани претставници на СДСМ,
Сакам да Ве уверам дека Република Македонија има и капацитет и потенцијал да продолжи да остварува резултати и успеси, да реформира и модернизира, да спроведува проекти кои ќе го подобрат секојдневието на секого од нас.
Никој не смее да се сомнева во тоа. Имаме капацитет да работиме и да напредуваме, како што имаме и право да бидеме незадоволни од оваа неправда што ни се случува, и тоа не е прашање на Груевски или Црвенковски, или Георгиевски или Петковски, или Тачи или Ахмети, или на било кој политички лидер или индивидуалец, тоа е наша должност, да се грижиме за интересите на граѓаните и на нашата земја, и одговорно да ја зборуваме вистината.
И оттука, некои реакции на моето интервју за МИА дека било емотивно се нелогични и се критика без јасна цел, која доаѓа од луѓе кои не знаат да разликуваат вистина од емоција.
Во таа смисла, да, нашата реакција е емотивна. Нашата реакција е логична и реална! Што треба да правиме? Да се радуваме? Да ја криеме реалноста и да забошотуваме и замајуваме сопствениот народ?
Да бидеме политиканти од профилот на еден политичар кој ни се промовира на македонската сцена цели 20 години?
Политичари кои климаат со глава и ценат дека пријателствата и партнерствата се прават само со недостоинствен однос? Не! Ние пријателствата и сојузништвата ги градиме со директен и искрен однос и само низ таа призма може да се гледа нашето делување и нашите јавни изјави. Исто како и во животот, пријателства се градат со отворен и искрен однос и кога работите за кои еден смета дека се неправедни, или создаваат фрустрација, треба отворено да се кажат и дискутираат, а не да се ставаат под тепих и премолчуваат, и само на тој начин едно пријателство или сојузништво може да се зацврсти и да се подобри неговиот квалитет. Или напротив, доколку се премолчуваат некои работи, а фрустрацијата расте и тлее тогаш тоа не може да води кон здрав однос и искрено пријателство.
Ние не сакаме и не знаеме да бидеме лицемерни, и додека некој ни ја попречува иднината и перспективата на два милиони граѓани на оваа земја да премолчуваме или да наведнуваме глава, или да се самообвинуваме за нешто што е вина на друг!
Не. Ние кажуваме директно. Јасно и прецизно. Искрено и чесно. Никогаш не очекувајте дека ќе лажеме.
Политиката што досега ја промовираа некои од лидерите на опозицијата, како политика на свиткан рбет и криење на реалноста, не ја прифаќам како метод во политиката и однос кон сопствениот народ.
Ако некој ја каже реалноста и вистината тогаш тој е емотивен, непримерен или кавгаџија. А ако некој го лаже сопствениот народ дека му го менува името во привремена референца и дека таа референца ќе трае само 2 месеци е визионер? Тоа ли се вашите вредности? Јас лично тоа не го прифаќам.
Не го прифаќам лицемерието како израз на политиката.
Забележувам дека го доведувате во прашање легитимитетот на моите позиции, па би сакал да потсетам дека пред неполни десет месеци имавме избори во Македонија и мнозинството граѓани јасно и недвосмислено доделија мандат на оваа влада и ја изразија својата доверба во нашите политики вклучително и во позицијата која ја имаме по однос на ова прашање и која што за разлика од вашето постојано менување на ставови за ова прашање е јасна и прецизна.
Јас моите позиции ги кажувам како премиер на оваа земја, и имам право и морална обврска кон мојот народ тоа да го правам. Секако доколку некој ја спори мојата легитимност и дали ова што го говорам има поддршка кај граѓаните има механизми како тоа може да се провери.
Република Македонија има сила и ќе продолжи да работи во функција на остварување на економски раст и развој, за подобрување на стандардот на граѓаните и за создавање на услови за задоволување на потребите на населението, ќе продолжиме со напорите за обезбедување и со реализацијата на инвестиции и капитал во функција на отворање на нови работни места.
Република Македонија има сила и ќе продолжи да го гради мултиетничкото и мултирелигиското општество, да работи на обединување во целите и вредностите на сите граѓани, да остане стабилна држава, која ја гарантира безбедноста и сигурноста на своите граѓани, исто како што тоа го прави секоја европска и евроатлантска држава, соочена со исти предизвици, исти моменти како што и тие се соочуваат, и да применува мерки и активности како што и тие применуваат и кои се прифатливи и соодветни во секој поглед, како и во однос на менаџирањето на односите и обезбедувањето на вредностите, така и во менаџирањето на ефектите.
Ние сме на страната на правдата, зад нас се вредностите и мора секогаш да останеме со вредностите. Историјата и развојот не се миг, тие се вечност, работите се менуваат, но ние не можеме да се смениме и да прифатиме да оствариме некое право под нелегитимни услови. Никој од нас, нема морално право да се откаже од чувството кое го поседуваме и со кое се самоидентификуваме и како политичка гарнитура никогаш нема да отстапиме од нашиот став за промоција и заштита на нашиот македонски идентитет, како што впрочем и објавивме во нашата програма со која победивме на изминативе избори.
Ние и понатаму ќе останеме посветени на реализацијата на стратешката определба за членство во НАТО, и ќе работиме во таа насока. Ако некој ја каже вистината не значи дека некој се кара со стратешките партнери. Тоа е класично извртување на тезите. Немој да мислите дека некој повеќе ќе цени некого ако некој се однесува недостоинствено и не ги кажува работите со вистинското име. Тоа што како што некои од опозицијата велат дека досега многу лидери во Македонија не реагирале на овој начин не значи дека тие правилно постапувале. Точно е. Не реагирале. Но зошто!? И што добила Македонија од тоа што некој за да си ја спасува политичката кариера или за да не се замери дури и при најголема неправда, зад наметката на некаква политичка прагма и лажно визионерство го лажел сопствениот народ!?
Сакам да биде јасно и следново. Ние ќе продолжиме со подршката на мировните мисии на алијансата за обезбедување на светскиот мир и демократијата, затоа што тоа е она што сме го определиле и во што веруваме. Ние ќе продолжиме и понатаму одговорно да се однесуваме и да постапуваме, нешто што не карактеризира сиве овие години откога ни е наметнат овој бесмислен, и на друго место невиден спор, кој е во спротивност со сите вредности и со меѓународното право и правда.
Ние и понатаму ќе останеме да се чувствуваме како Македонци, и јас сум убеден дека еден ден ние ќе успееме да ја реализираме нашата поставена цел, членство во НАТО и ЕУ, и изградба на силна, модерна и просперитетна Република Македонија.
Би сакал да ја искористам оваа прилика и на крај од овој допис да упатам порака и до сите граѓани на нашата татковина.
Вербата, вистината и правдата секогаш победуваат! Историјата тоа го потврдила безброј пати! Самите одлучуваме, и самите ќе оствариме нови подвизи и успеси. Имајте верба во себе, и во Вашите блиски. Ќе продолжиме да создаваме и да успеваме, треба сите да бидат убедени во тоа!
Да живеат граѓаните на Република Македонија!

Да живее Република Македонија!

Со почит,

Никола Груевски
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Нереални се тие работи и стратешки игри со Русија или Кина. Најмногу што може да се надеваме е зајакнување на партнерството со Турција каде има каква-таква волја, внатрешен консензус и мала шанса за взаемно разбирање без некој да биде стратешки загрозен (освен Грција јасно). Ама дури и за тоа нема некаква безбедносна потреба освен правење притисок кон Грција, кој ќе не нападне?

Членството во НАТО е пред све економски импулс преку снабдувачките договори и формална гаранција за потенцијалните инвеститори дека нема преку ноќ да се случи воен удар или слично(1). Што имаат тука кинезите или русите да понудат? А да не го заборавиме нашиот омилен втор национален колектив кој инстантно ќе зоврие како млеко заборавено на шпорет(2)...

Ако Грците превземат некаква иницијатива(3), но надвор од безусловното насилие, нешто може да се договори. Ама сепак останува да се чека на момент, на реакција од некого, на израмнување на ставовите со опозицијата и такви работи. Друго е пак да смениме име, нешто што мислам дека ќе стане само ако дојде ножот на коски.
1. Зарем треба да почнеме да ги набројуваме воените удари во НАТО земјите? Хинт: Пападополус. Иако си мислиме дека ќе имаме некаков ekonomski бенефит од членство во НАТО, сепак во успови на економска криза на западот, која се продпабочува, тоа нема да е случај. Па и кога не беше криза, на Грција членството на НАТО не и донесе многу пари.

2. Ако ние размислуваме како што треба, доаѓањето на Турција треба пак нас да не зоврие како млеко заборавено на шпорет. Ако разлисташ низ wikileaks, можеш да видиш многу јасни сигнали кој стои позади Ердоан и ако малце ги поврзеш работите, мошне јасно ќе ти биде од каде идат исламистичките структури во Македонија. Ако Ердоан се нафати да го спонзорира Хамас, јас би се замислил кои му се намерите, кога ќе рече дека сака воено да присуствува кај нас.

3. Мислиш ли дека само името е проблем? Мислиш дека воопшто само Грција е проблем? Ајде пак истиот Хинт: Пападополус. Зошто мислиш дека ако САД и најсилните во НАТО сакаат ние како Република Македонија да влеземе во НАТО толку многу како што тоа според тебе изгледа, немаат инструменти тоа да го напраат. Зарем мислиш дека Грција е толку моќна да му удри шамар на Буш во Букурешт и да помине тек така неказнето? Ако таа земја иде против интересите на Алијансата (нели интересите на алијансата е да се осигуруваат нови територии), зошто добива како награда 400 М1А1 Абрамс тенкови на поклон, во услови кога е пред банкрот?

Во новиот лик на Русиja гледаj каде инвестира таа. На Русиja не j треба да прави каквото и да е друго, а само да држи битни гранки от икономиките на државите или регионите от кои се интересира. Абсолутно не е потребно на Русиja да доjде на Балканот за да држи Црно Море. Па таа е црноморска држава, има и морска база во Украjна... За Русиja наjбитно место во цела Европа е Калининград(1). Таа тамо може да си разположи и С-400, таа тамо може да си разположи и Искандер...
Ако Русиja сака да прави проблем или нова студена воjна, таа ке стави воjски не во Македониja, а во Куба наново(2).
Вакво нешто за што зборуваш ти е химера.
1. Ај погледни го Калининград во моментов, и погледни ја Македонија во моментов ситуацијата е слична. Но во денешните услови, ако ги ставиме на кантар, ако видиме каде се обвиваат случките, каде е насочено НАТО како опонент, тогаш можеме да заклучиме дека Македонија, геостратешки, многу повеќе би им вредела од Калнининград.

2. Куба може да дојде во предвид само доколку се обезбеди најпорозната граница на Русија на југозападот, тоа се Кавказкиот регион и Балканот кои се всушност стратешките точки на вриење во 21 век. И втора работа е што во Македонија, САМ систем или ракетен систем, би вредел далеку помалце него ли во Куба од причина што тука тој систем буквално би бил поврзан со системот во Русија, а во Куба би бил изолиран. Поточно систем во Македонија само би го проширил дејството на Рускиот систем на југозапад.
 
Член од
2 октомври 2009
Мислења
958
Поени од реакции
238
Абе види сега ние како држава и како народ сме бајаги печени и имаме искуства со изолации, ембарга и.т.н.
Од глад и од жед нема да умреме сигурно, проблемот е полош кај рамковците, ако Рамбо дигне раце од нив тогаш бајаги ја нае*але, па нив Рамбо им е компасот, без Рамбо ќе бидат тотално изгубени во просторот и во времето !
NAVISTINA ako Rambo krene race od kecinjava tesko niv ke bide
 
Kajgana Shop

На врв Bottom