Среќен сум бидејќи работите стануваат појасни и се зголемуваат влоговите. Среќен сум дека нема повеќе граќаните - кои се за тебе само мизерни следбеници - лесно да го виткаат грбот под секакви си ни доброчинители и наречници од страна со дупли агенди. Ефтиниот популизам којшто ти го гледаш во интервјуто и мене ми е јасен, да, ама се додека е во функција на носење на некои работи кон завршницата сум среќен. Задоволен сум што еве и кај нас проструи некаква самодоверба без која народот - што ти го сведуваш на прости овци - се давеше во себесожалување и патетики кои секојдневно ги среќавам.
Мислам дека само критикуваш бидејќи сакаш совршено општество и веруваш во некоја утопија на политичко свештенсво. Имаш елитарни идеи за општеството и не сакаш да сфатиш дека секој си го носи своето бреме и одговорноста за своите одлуки.
Пак ќе повторам: понуди паметен начин на политичко решение за проблемите на македонците па јас прв ќе се согласам.
Нашиот грб е одамна скршен. Тоа е факт и само може да се тера инает дека ние сме „исправени“.
Малку е лицемерно и нелогично да ги мразиш странските „доброчинители“ поради двојните агенди, а истовремено да ги поддржуваш домашниве властодржци кои се дефиниција за двојна агенда. Само поради тоа што овие се „наши“ а другиве се „туѓи“? За мене тука нема разлика.
Ефтиниот популизам е единствено насочен кон задржување на власта, со самото тоа во суштина коруптивен и малициозен. Сите приказни дека „овие го чуваат идентитетот на Македонецот“ се проѕирни како стакло и неможе да ги види само оној кој не сака да ги види.
Јас не негувам илузии за некакво совршено општество. Повеќе би го употребил терминот нормално општество. За жал, ние денеска не живееме во нормално општество и затоа критикувам. Под тоа нормално општество подразбирам земјата да функционира опуштено, необременета од политиката и партиите. Општество во која ќе се цени трудот и знаењето а не послушноста и партиската припадност. Општество кое вистински ќе го цени поединецот, а не само декларативно и манипулативно. Општество во кое здравјето и благодетот на граѓаните ќе бидат на прво место, пред државата, елитата и рејтингот...
Луѓето ја створиле државата, а не државата луѓето...
Патем, како да сфатам дека секој ја носи одговорноста за своите одлуки кога 20 години државата ни пропаѓа а никој од најодговорните не заврши на политичко буниште, или да не речам во затвор... Секој прави што сака со оваа држава, а пази ти се молам, јас неможам да го наречам македонскиот народ прост, излажан или мизерен...
Не треба магија за решавање на проблемите. Потребна е само искрена волја, одважност и носење на тешки но исправни одлуки - кои несомнено, често ќе те направат и непопуларен помеѓу народот...