Друже доколку си со фамилија, би ти рекол Ксамил. А ако си за друштво тогаш Албанија не е за тебе.
Вака сеа за Ксамил
Предности: Чисто тиркизно море, песок, имаш во близина на плажата островчиња до кои можеш и да допливаш. Имав среќа начекав добро место за 20евра од ноќ, со поглед на море, се тоа беше феноменално. Меѓутоа освен смештајот и морето друго све фали.
Јас одев преку Грција, Од Скопје до Крф патував негде 6 саати, и ми останаа уште 50тина километри до местото. Тие 50 км друже беа хорор најискрено. Поголемиот дел се оди и по неасфалтиран пат, незнам каков е патот да идеш преку струга. Дел идеш и преку некои гадни езера, никако незнаеш дека ќе стигнеш до такво прекрасно море.
Друга работа, местото ништо ама баш ништо не нуди. Нема ни некој ресторан, рибарница, месара буквално ништо - село. Али па предност што блиску е Саранда, иако верувај никаде не успеавме да најдеме продавница за риби. Замиси, град на море. Во Саранда да ги пофалам рестораните - цените се горе доле исти. Да се навратам на Ксамил. Има уште малмилион работи кои бодат очи. Искрено доста сум пребирлив. Седиш на плажа и на 50м од тебе ти бушат
, да неможеш да уживаш. Сега ова што ќе ти го кажам нема да знаеш дали да се смееш или да плачеш. Почнува да паѓа дожд, ама обичен нити невреме нити ништо и оп снемува струја
Исто се случуваше ако задува ветер
Значи местото има потенцијал, и полека полека напредува. Ако заврне, цело место е кал, бидејки ништо не е асфалтирано. Друго навечер не е за излегување, бидејки осветлувањето речиси и да нема.
И да, газдите се многу гостопримливи, блага веза немаат со Албанциве тука. Запознав доста добри пријатели.
Искрено да ти кажам јас пребегав на Крф после неколку дена, бидејки не е за мене. Ако си со фамилија, можеш да одиш, верувај дека покрај морето ќе замижиш на овие работи. Крај краева за 1 година сигурно се променило нешто од нешто. Не ми текнува како се викаше вилата каде што бев, ФЕНОМЕНАЛНА БЕШ за 20е/ соба. Со феноменален поглед на море, и феноменален поглед кон зајдисонцето
едит: Заборавив да кажам, комарци врие, за жал, и не помагаат многу аутан и слични ствари. Едино спирали, иако 100% нема бегање.