- Член од
- 26 март 2011
- Мислења
- 659
- Поени од реакции
- 667
Не знам за други но мое искуство......наредни 100 години и пари да ми даваат не одам во Албанија. Отидов со намера да истерам ефтин одмор и одма после првата вечер заминав за Бар, Црна Гора. Мене воопшто не ми се допадна. Ај јас бев во Драч, ама и колешка моја што беше во Валона не дека е нешто импресионирана. Водата Ок, но кај ќе одиш после плажа? Нема апсолутно ништо да се види, само едно ресторантче и толку. Некои ја фалат Саранда и Ксамил- местенце блиску до саранда, ама додека отидеш можеш да ги загубиш бубрезите по пат...патот е катастрофа.Gledam site odite vo Nea pori a mi kazuvaat deka Albanija e mnogu poevtina od Grcija ne sum bil a bi sakal da odam ovaa leto nekoi iskustva
Оди си во Грција ем море прекрасно, топло, чисто ем блиску. Албанија е малку можеби поефтина од Грција ама не можеш да ги споредиш овие 2 земји. Албанија има мочурливо приморје....само тој факт е доволен за да одиш на некое др место.
По мое мислење, ако сакаш поефтин а добар одмор оди Паралија или Олимпик бич (лани за 8 ноќи апартман за 4 =200евра).