Champions league final 2012, Баерн Минхен - Челзи, 19.05.2012, Arena Munchen

  • Креатор на темата Креатор на темата Mario Gómez
  • Време на започнување Време на започнување

Победник?

  • Баерн во регуларно време

    Гласови: 99 46,9%
  • Челзи во регуларно време

    Гласови: 65 30,8%
  • Баерн по продолженија

    Гласови: 12 5,7%
  • Челзи по продолженија

    Гласови: 10 4,7%
  • Баерн на пенали

    Гласови: 6 2,8%
  • Челзи на пенали

    Гласови: 19 9,0%

  • Вкупно гласачи
    211
  • Гласањето е завршено на .
Им честитам на сите навивачи на Челзи.Му благодарам на тимот кој синоќа ми го приреди едно од најубавите чувства во животот.И сите хејтери прекинете со негативните коментари за новиот шампион на Европа,пред кого се поклонија и Барселона и Баерн Минхен,тим кој покажа големина,единство и истрајност во најтешките и најпотребните моменти.Сосема заслужено ја освоија титулата,годинава им немаше рамен во Лигата на Шампиони.
 
156411_427572433934297_146032762088267_1455787_1753132260_n.jpg
И шо врска има сликава со финалето? Барселона, Атлетико, Реал учествуваа во него?
НЕ! End of story...
 
Само деца кои немаат врска од фудбал се фаќаат за тоа дали екипата играла дефанзивно,демек ете биле неспособни,кукавици и слично.Кој па к...ц сте вие вас некој да ве праша како треба да игра,ете мене ми се допаѓа дефанзивната игра а не можам да ги гледам Барселона со 439809485043850348 подавања,едноставно ми се повраќа кога ги гледам.
 
Жими к**** со муабетиве за Овребо, ако не па дај види шо титула освоивте во 98' со Хејнкес, па кажи ми ти за помош од судии.
Со голот на Мијатович :cuc: уште го памтам, после 2 недели од тој момент го купив мојот втор дрес од РМ...нормално 8ца од Предраг
 
Не реков за патот до финалето на Интер туку за вториот натпревар со Барса и за финалето.
Вториот натпревар на Интер со Барса беше копија на Челзи со Барса. Црвен картон и бранење цел натпревар. Грешам?

Исто така Интер беше тој кој се бранеше во финалето а Баерн кружеше и Мурињо тактички одлично го постави Интер дефанзивно со што ја чекаше шансата на контри и му се исплатеше.

А да во право си дека Интер изигра далеку подобро отколку Челзи ама првичната тактика беше иста, остај го Баерн со топката и чекај ја шансата на контри.
За со Барса нема што муабет да се прави, имаа играч помалце од 30та минута, до тој момент Цезар само кога имаше гол аут ја допираше топката.
За со Баерн смешно е да се каже дека се бранеле зашто од старт на меч кога беше 0-0 они беа со шансите за гол, они беа тие кои постигнаа гол, потоа свесно препуштија иницијатива на Баерн кои имаа две добри шанси во второто полувреме, две одлични шанси и тоа беше тоа, во меѓувреме и Интер имаа добри прилики за гол, Пандев, и плус постигнаа уште еден гол.
Има огромна разлика од тоа што Интер го изиграа во финалето и Челзи, кои својата шанса за гол ја гледаа преку прекини, од друга страна Баерн статистички во секој можен поглед доминираа, и со шанси и со све, подобри беа што не беше случај со финалето од 2010, само тоа е убавината во фудбалот, оној кој е подобар на хартија и кој има далеку подобар приказ на теренот не значи дека ќе победи, што е реткост во другите спортови. Баерн вчера беа подобриот тим во 118 минути од натпреварот, тие 2 мин од регуларниот тек се оние кога Дрогба даде гол. Пеналите тука не ги рачунам.

Да не си у кожа на фановите на Баерн и играчите, оној па Рамос грдион земал му се сити на Ноер, у стил кажал, ти ми се смееше за промашениот пенал, сега ја останав со трофеј од првенството а ти со ништо. Абе тебе цел свет ти се смееше хит стана на интернетов,земал на Ноер во вакви моменти тоа да му го каже, пичкарски преку твитер, каков класичен клошар, класичен губитнички и кукавички потег од негова страна ( ако навистина он тоа го напишал а не е некој фејк профил ).

Искрено и некој да им се има намерачено на Баерн глупо е сега да им се тера на сеир во вакви моменти, ја не би имал душа најискрено, бев за Челзи ама не ми е мило што на ваков начин го изедоа Баерн, најнеблагодарна работа се пеналиве ... а и она што им се деси на Јунајтед пред недела дена.
 
Чекајте чекајте. Не е темава за Баерн - Челзи финале? :D
 
Честитки до сите навивачи на Челзи.
Иако и Баерн беше добар, сепак победи подобриот.
И каков-таков Челзи победи и си освои Лига на Шампиони.
Секоја чест.:)
 
Примети некој Дрогба како му ги соблече шорцевите на Есјен, цел задник(црн) у кадар? :pos:
 
Морам да ги пофалам и фановите на Баерн,ретки се таквите културни и реални фанови на форумов.Одма честитаа на победата и голем респект за нив,зошто знаат и навивачите на Челзи како е да отиде титулата во финале ЛШ на пенали (2008ма)..Се надевам дека повторно ке се сретнат овие 2 екипи во наредните години :cool::cool:
 
Со голот на Мијатович :cuc: уште го памтам, после 2 недели од тој момент го купив мојот втор дрес од РМ...нормално 8ца од Предраг
Голот убав беше многу, секоја му чест на Мијатович, одлично помина и постигна гол што не се брани...


Само уште да беше регуларен.
 
Од каде излезе ова дека Рамос така му кажал на Ноер?

Еве го акаунтот на Рамос https://twitter.com/#!/sergioramos , не гледам ништо такво дека му се изнасмеал во тој стил. Познативе личности имаат акаунти со плав знак, по тоа препознавајте ги, ова сигурно е искочено од некое јајце што сака да е Рамос :)
 
Значи многу едноставно и прецизно е прашањето, не ми мешај секој тим има тактики и остали работи..
Еве одговори стриктно, сакаш ли да гледаш финале ЛШ каде двата тима имаат Челзи тактика, значи не гледај од аспект на твојот тим во случајов Челзи, гледај од аспект на два x тимови во финале на Лш со ултра дефанзивна тактика.
Би сакал ли да гледаш такво финале, таков фудбал ?
Секогаш, баш во секоја утакмица ке има фудбал каде што едниот тим ке напаѓа другиот ке се брани, е тоа помалку или повеќе зависи од други околности, може и во една утакмица и двата тима да напаѓаат но во секој напад ке се брани другиот тим, а тоа ти дека мислиш дека ке има два тима кои ке застанат пред гол и нема да мрдаат мислам дека малку фантазираш или појма немаш од фубдал!
 
Да не си у кожа на фановите на Баерн и играчите, оној па Рамос грдион земал му се сити на Ноер, у стил кажал, ти ми се смееше за промашениот пенал, сега ја останав со трофеј од првенството а ти со ништо. Абе тебе цел свет ти се смееше хит стана на интернетов,земал на Ноер во вакви моменти тоа да му го каже, пичкарски преку твитер, каков класичен клошар, класичен губитнички и кукавички потег од негова страна ( ако навистина он тоа го напишал а не е некој фејк профил ).

.


Ramos: "Congrats to Mata and Torres, and "mucho animo" to my mate Robben."
Ramos: "By the way, I didn't know Neuer was so good at finals . Another year maybe. Humility always, champion."

Трпение спасение шо би рекле ние... ништо прљаво не му рекол. А инаку...

After the UCL Semi finals, Neuer mocked Ramos: "I didn't know that Ramos likes to shoot penalty kicks over the goal."

пичкарски потег и од Ноер, не !?

Karma is a bitch, или како и да беше... :)
 
Абе него приметив Рамирес вчера, ни на церемонијата ни на клупата, што е работата?!
 
Не знам што се расправате со навивачиве на Барса.
70 % од нив се деца што почнале да навиваат за нив колку да не ги заебаваат во школо.
И сега треба да сфатите колку им е тешко во сезона кога не освоија трофеј мора малце да помрчат.
Кога не можат да се бунат како Реал им го спопика среде Ноу Камп решија да се бунат како Челзи им го спопика среде Барселона на Барселона и среде Минхен на Минхен.
И сега некој ќе ме цитира ќе каже дека не е дете што навива од вчера за Барса. Е па ако не е дете тогаш го жалам што дава вакви коментари.
Ова е само за овие 2-3ца што нешто мрчат/хејтаат.
Не дека нема нормални навивачи на Барса
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom