А2 од утре почнува да емитува програма!

Г

Грејвдигер

Гостин
Нема грешка.Ќе се нашле на 2-3 место.Да не биде А2 на последно.
Барем сител и канал5 не рекетитаат за да се рекламираш кај нив
:pos: Да бе, само сите пари за маркетинг за било кој проект одат кај Сител и Канал 5.
И што толку ти пречи А2 или ти пречел А1? Која е разликата меѓу Сител/Канал5 и А1/А2? :)
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
Со оваа екипа што ја имаат.....ќе имаат рејтинг на рамниште со ТВ Шутел
.

 
S

Sagan

Гостин
Тотално разочарување им е стартот. Се надевам ќе се средат набрзо, да заличат на каква-таква телевизија.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
:pos: Да бе, само сите пари за маркетинг за било кој проект одат кај Сител и Канал 5.
И што толку ти пречи А2 или ти пречел А1? Која е разликата меѓу Сител/Канал5 и А1/А2? :)
Партиската припадност налага некои работи.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.740
Поени од реакции
8.167
Бедно им е студиото ,нека го средат поубаво ,знам немаат пари ама можеле да напраат подобро да се види дека и со затворена смета немање доволно пари можат да скоцкаат малку подобри шпици ,студио и се др
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Во колку саат има програма А2?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.288
Поени од реакции
26.168
Велија очигледно во затворот нема телевизор. Да имаше досега ќе чуевме дека се самоубил...
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Од овие неколку дена што видов бедно, аматерско и со еден збор никакво. Се гледа дека без пари не се прави ништо. Обични препишани вести, некакво смешно студио и едни исти гости со истите фрази и намачената фаца на Кабранов. Доколку брзо не влезе сериозен капитал во овој проект ќе пропадне во сопствената мизерија.

Се понадевав дека ќе биде нешто но искрено не верувам, особено што главниот финансиер на ТВ кај нас на ова телевизија нема ни денар да и даде.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.740
Поени од реакции
8.167
Велија очигледно во затворот нема телевизор. Да имаше досега ќе чуевме дека се самоубил...
ахааааааах
Јас колку што разбрав кога Велија чул дека се организирале екипата од А1 да напраат А1on телевизија и вести да даваат на А2 ,многу бил лут на тоа :vozbud:
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.288
Поени од реакции
26.168
ахааааааах
Јас колку што разбрав кога Велија чул дека се организирале екипата од А1 да напраат А1on телевизија и вести да даваат на А2 ,многу бил лут на тоа :vozbud:
Ако Велија ја види програмата што се емитува на телевизијава, гарантирам дека ќе помисли на самоубиство. Овие му рушуваат се што градел. Тоа што не успеа да го направи Груевски, ќе го направат генијалциве.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.880
Пред некој ден реков ај да видам што има кај мојте омилени критичари .. што да видам , во студио гости , а камерманите влегуваа во кадар , се снимаа меѓусебно , се гледаше како ги шетаат камерите на рамо.
Но почеток им е , не дека не знаат тие како треба.
 
Член од
17 септември 2008
Мислења
642
Поени од реакции
485
Зошто да споредуваме телевизии... ако е до мене ќе ги укинам сите и така не кажуваат ништо.
Ама да ги браниш А1 е смешно, во последната година кога ќе пуштев А1 вести одма почнував да се двоумам, дали живеам во Авганистан или во Ирак. Без нафта, за жал.
Ама затоа пак пуштам сител и одма како да живеам на мајами и да земам 10000е плата :D
Сите се исто л***о....
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.003
Поени од реакции
12.481
Пред некој ден реков ај да видам што има кај мојте омилени критичари .. што да видам , во студио гости , а камерманите влегуваа во кадар , се снимаа меѓусебно , се гледаше како ги шетаат камерите на рамо.
Но почеток им е , не дека не знаат тие како треба.
Ама не знаат ни како да водат информативна програма.

Јас лично очекував да емитуваат вести објавувајќи чисти факти, а не да се вратат на старата пракса - дебатни емисии со партиските пропагандистички "експерти".

Но уште 4 дена и ќе дознаеме дали А2 Телевизија ќе продолжи да работи или ќе и ја одземат дозволата.

На мене лично, после 5 години пропаганда, од 2006 до 2009 на страната на едниве, а од 2009 до 2011 на страната на другиве, а да не заборавиме да ги додадеме и турските глупости кои почнаа да ги емитуваат од 2010 година, ако добро помнам, за прв пат А1 Телевизија почна повторно да ми се допаѓа како телевизија откако влезе во стечај.

Откако А1 Телевизија влезе во стечај, престана да емитува информативна програма, бројот на досадни и неподносливи реклами драстично се намали, во одреден временски период од денот речиси воопшто немаше реклами, емитуваа репризи од Очајни домаќинки и од некои други ТВ серии и филмови, и за прв пат после ептен долг временски период уживав да ја гледам А1 Телевизија токму онаква каква што на мене лично ми се допаѓаше - без информативна програма (иако и информативната програма беше за мене поднослива се додека не стана партиска пропагандистичка програма), без досадни реклами и без тотално непотребни емисии како Јофето и реалните шоута, кои не само што не ги гледам, туку и се запрашувам како може воопшто некој да ги гледа.

После 2 недели поминати во стечај, Агенцијата за Електронски Комуникации и ја одзеде фреквенцијата на А1 Телевизија и А1 Телевизија престана да емитува програма, но тие 2 недели беа најубавите 2 недели кога без никакво двоумење, А1 Телевизија по цел ден ме забавуваше, за прв пат после ептен долг временски период.

Ако А2 Телевизија почне да емитува кристално иста програма каква што емитуваше А1 Телевизија во последните 2 недели додека емитуваше сигнал, тогаш и А2 Телевизија по цел ден ќе ме забавува.

Ама за таква програма е потребен капитал, односно пари, а очигледно А2 Телевизија во моментов не располага со капитал.

Но исто така очигледно е и дека со оваа дебатна емисија 19, А2 Телевизија дефинитивно не се движи во позитивен правец, барем не во оној позитивен правец во кој јас лично сакам А2 Телевизија да се движи, наместо да се занимаваат со подобра програма која би им донела реклами и капитал, тие се занимаваат со пропагандистички дебатни емисии.

Веќе спомнав дека ако продолжат вака како што почнаа со пропагандистички дебатни емисии, не само што ќе станат исти како Шител и Анал 5, туку ќе станат и полоши од нив.

Веќе имаме партиски телевизии кои се занимаваат со партиска пропагандистичка програма 24/7 и затоа воопшто немаме потреба од тоа А2 Телевизија да се придружи во таа група на телевизии.

Подобро нека го следат примерот на телевизиите како Телма и Наша ТВ, нивните глупости се многу поинтересни од партиската пропагандистичка програма, барем ќе уживаат некаква гледаност, а вака со оваа партиска пропагандистичка програма, само ќе уживаат неподносливост во очите на гледачите.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Значи пак тераат стара прикаска.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom