Автор: Љубомир Цуцуловски
Два Милошевиќа
Две вистини ?
Единствената официјална квалификација дадена за осомничените за убиството кај Железарското езеро беше дека тие се припадници на радикалниот исламизам. Значи, во ниту еден момент за егзекуцијата на петмината не беа обвинети муслиманите, туку единствено радикалните муслимани. Меѓутоа, помеѓу муслиманите и радикалните муслимани постои огромна и непомирлива разлика. Тогаш, како овие демонстранти себе си се препознаа во синтагмата радикални муслимани? Или, можеби, кај некои од нив проработе несвесното, па самите себе се препознаа меѓу радикалните муслимани?
Нема радикални и нерадикални ... има муслимани и немуслимани. Муслимански дела и немуслимански.
Ако во Исламското учење се вели дека убиството на еден невин човек е како да си го убил целиот свет ... тогаш убиството на 5 невини граѓани на оваа земја нема потпора во Исламот.
Муслиманите препознаа обид за рушење на угледот на Муслиманите на Македонија , и затоа вака масовно беа провоцирани на протести.
10.000 албанци , турци , бошњаци , роми , торбеши беа предизвикани да излезат на протести не по нивна вина и волја , туку потикнати од МВР ... кои одма по приведувањето на 20 лица , сите до еден ги прогласија Радикални Исламисти , што се потврди дека не е така.
Муслиманите препознаа анти-муслиманска пропаганда , а скриената намера според мене е како во 2002ра со азијатите , знаете и вие , Македонија да се прикаже како земја во опасност од Исламскиот териризам , а македонската Влада наводно се бори против тероризмот , исто како САД и другите НАТО земји , затоа ве молиме примајте не во НАТО и дајте ни подршка во нашата борба.
Тоа е налик на следнава ситуација: како некој за себе да извика дека не е крадец, сеедно што никој не го спомнал зборот крадец, а уште помалку рекол дека извикувачот е крадец. За ваквото однесување на учесниците во демонстрациите можно е и поинакво објаснување. Имено, тврдејќи дека некој намерно ги обвинува за она што не се – за радикални исламисти, на пример – тие сакаат да предизвикаат ефект дека некој намерно ги обвинува, односно дека тие се жртви на одредени злонамерни кругови. Од своја страна, кон жртвата, особено ако е невина, секогаш се чувствува симпатија, односно одредена солидарност. Значи, целта би била да се привлечат симпатиите на „меѓународната заедница“, така што ќе се самопрогласат за жртви. Токму во оваа насока, индикативна е следнава парола „До кога Албанците ќе бидат жртви?“
Односно , ако се фати некоја жена која нуди сексуални услуги за пари и се нарече Христијанска Проститутка.
Како ќе реагира МПЦ на ова ? Дали е навреда ? Ако во Библијата се вели дека проституцијата е голем грев , тогаш како може Проститутката да се нарече христијанка.
Христијански крадец ?
Во контекст на жртвата и виновникот. Ја кажав мојата ВИСТИНА , а тоа е дека според мене македонската Влада сака да се прикаже како жртва на радикалниот Ислам , обидувајќи се да привлече симпатии од западните сили.
Две вистини.
Прво, со неа се потврдува она што само ред претходно го запишав – дека сакаат да се прикажат како жртви, метод кој често го употребуваат во своите акции. Една од нив беше еднонационално „труење“ од почетоците на ’90-те години од минатиот век. Второ, со кое право албанството го изеднучуваат со муслиманството? Знаат ли овие луѓе колку муслимани не се Албанци и колку Албанци не се муслимани? Ваквата постапка е недозволена злоупотреба како на исламот, така и на албанството, и за тоа некој некогаш ќе мора да одговара. Не може некој, како што ќе му текне, да се поигрува со нештата, особено ако се работи за религиозни и национални чувства.
Благодарение на власта , муслиманите почнаа да се приближуваат меѓусебно , а албанците како најголема заедница , се групата кон која гравитираат помалите заедници ... ако до пред некоја година власта имаше работа со 25% незадоволни албанци , сега има работа со 35% и повеќе граѓани (муслимани).
Најголема услуга за зближување на муслиманите , власта направи со одлуката на плоштад да се изгради црква но не и џамија. Со изградбата на црквата на Кале ... со недозволувањето за реновирање на џамијата во Прилеп ... крстот на Водно ... поставување каментемелници само со православни свештеници , а во Македонија според мене има речиси еднакво христијани и муслимани.
Оваа е злоупотреба на власта , нееднакво третирање на граѓаните , дискриминација со мои пари (40%).
Меѓутоа, оваа не е првпат одредени албански кругови да се самопрогласуваат за жртви. Ако навистина беа жртви за време на Слободан Милошевиќ, тешко може да се прифати дека тие биле жртви и за време на Киро Глигоров, како и во СФРЈ, вклучувајќи го и периодот на Јосип Броз Тито. Сепак, тоа бесрамно го тврдеа и сè уште го тврдат. Забораваат ли дека Косово беше конститутивен елемент на југословенската федерација? Тоа значи дека Косово беше на ниво на република, односно држава. Во Косово имаа свои основни и средни училишта, вклучувајќи и свој универзитет. Имаа дури и своја Академија на науките и уметностите. Сепак, беа „жртви“. Беа „жртви“ кога Педагошката академија во Скопје прерасна во Педагошки факултет; беа „жртви“ кога се отвори Штуловиот универзитет. Потоа, беа „жртви“ кога се отвори Државниот универзитет во Тетово. Беа, исто така, „жртви“ кога 2001 година од Косово атакуваа врз Република Македонија, како што беа, и сè уште се, „жртви“ на Рамковниот договор. Тие се „жртви“ и затоа што се вработуваат според Рамковниот договор. Додека седат дома и ништо друго не прават, освен што секој месец добиваат плата за неработењето, останатите граѓани се „привелегирани“ затоа што се невработени и без кави било примања. Дали, додека тврдат дека се жртви и обесправени, мислат дека пред себе имаат малоумници кои ќе им поверуваат во секој збор или, едноставно, на сите им се потсмеваат?
Како може да не се албанците жртви на српскиот режим , кога до Ниш пред 130 години имаше албанци , минатата деценија србите успееја да ја исчистат и Медвеѓа од албанците , минатите години се обидуваа да го исчистат Бујановац ... а во иднина ќе се обидат со Прешево.
Господинот спомнува Тетовски универзитет за кој падна крв, не дека Цуцуловски ни го даде , туку сами го добивме ... да беше милом дадена легализацијата , денеска милом ќе се дадеа пари од буџетот колку што се оделуваат за Битолскиот или за жал Штипскиот универзитет.
Вработувањето во државната администрација и седењето дома на албанците , ако за тебе е позитивна ствар , за мене е страшно дискриминаторска ... пошто праќа порака дека подобро ти давам 200 евра за да седнеш дома , него да ми седнеш во канцеларија и да видиш како управуваме со државата и какви одлуки донесуваме.
Дај ве молам што побрзо дискриминирајте не , и најдете ни работно место ... но знаеш дека ќе треба да се отпуштат македонци ... а тоа нема да се случи. И натаму , се вработуваат повише македонци него албанци , и затоа просекот на албанците во институциите никако да стигне до 25% и после 10 години Охридски Договор. Нели до 2004 требаше да се заврши со оваа ?
Понатаму, ако секоја осуда на радикалниот ислам ја сметаат за навреда на муслиманите и на Албанците воопшто, тогаш зошто овие „храбри“ луѓе не станат и не го кренат својот глас против САД и НАТО, кои дваесетина години наназад водат војна против радикалниот ислам? Во тие војни го снема Ирак, го снема Авганистан, ја снема Либија, како што го снема и Бин Ладен. Сепак, молчат.
Ако нашата Влада учи од грешките како учат САД и другите , тогаш немаше да се повторат истите грешки веќе 100 години.
Обама влегува во џамија , цитира мислења на пророкот Мухамед , цитира Куранот , држи говор пред студентите муслимани ... организира Ифтар за време на Рамазанот , каде повикува муслимани во Белата Куќа. А сепак во Сад муслиманите се малцинство.
А во Македонија со 40% муслимани , ти објаснив погоре како стојат работите.
Овој синдром на премолчување, како и на селективност, доаѓа до израз и во некои македонски медиуми. Така, на пример, некои од нив насилните демонстрации од 11.05.2012 година не најдоа за потребно да ги обележат на својата прва страница. Веројатно за да не се „вознемират“, или „навредат“, некои пречувствителни персони од албанскиот блок, сеедно што во овие „мирни“ нереди беа ранети неколку новинари и полицајци, сеедно што се фрлаше со камења врз Владата на Република Македонија, врз седиштето на ДУИ или врз Општината чаир.
Медиумите не известија ни за најмалку 3 претепани албанци од првиот протест на македонците. 200 протестанти растур направија. Новинарска работа , Канал5 од порано забележував како провоцираа верска нетолеранција , многу мили им имаа станато верските теми , особено тие муслиманските.
Конечно, но не и на последно место, можат ли да се изедначат демонстрациите од пред десетина дена со овие сегашниве, на кои јасно можеше да се види барањето „Приштина, Тирана – етничка Албанија“, кое според својата суштина во ништо не се разликува од некогашнто залагање „Берлин-Рим-Токио“. Или, поинаку кажано, барањето за етничка Албанија, според мене, е еднакво на барањето за етничка Германија, односно на барањето за етничка Србија од времето на Слободан Милошевиќ. Сепак, пред ова се молчи или, во најдобар случај, срамежливо се шепоти. Можни ли се два Милошевиќа со различни вредносни предзнаци? Ако се можни, тогаш дотолку полошо за Македонија.
Албанците не можат да ги одржат териториите кои им припаѓаат , а камо ли да бараат Прилеп , Ниш , Нови Пазар , Подгорица , да им се вратат.
Милошевиќ имаше воена и политичка моќ , да започне Балканска војна , да војува и за територии каде имаше 0,1% срби, така и направи.
Ние не успеавме да издејствуваме промени и во општините каде сме 90%+.
Често барањата на албанците се како тие на македонците за Солунско поле.
Професоре Цуцуловски , ова е вистината на форумџијата Дарданија , поинаква од твојата.