Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
а околу Incredibles, уште една ствар за која ќе ме хејтаат повеќе од кога сум се родил (не сум бил у план јебига): доста просечен анимиран.
Odi utepaj se. Ne me teraj da zemam da pisham kilometarski post i da ti se useram vo taa top10 lista shto si ja napravil.

Tangled vo top10 :icon_lol:
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.492
Поени од реакции
1.120
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=83FD454EAE2305409A2B4B3AEF99B51F

warwick davis и karl pilkington во македонија !!!

не знам како да се изнарадувам на оваа вест!

ricky gervais ми направи да го обожавам warwick, а особено karl pilkington

an idiot abroad има две сезони, оваа е трета, во која karl и warwick овој пат се заедно и ете како што дознав од утрински, поминуваат и во македонија. ЕДВАЈ ЧЕКАМ!

инаку аватарот мој е токму karl т.е. анимиран лик, од ricky gervais show. оваа недела почннува третата сезона

браво за ricky, браво за stephen merchant!
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Еј Вилоу :). Го обожавам човечево. Еден од ретките луѓе што секогаш ми прават да имам оцерена насмевка на лицето било кога и да го видам. А за ова снименово барем ке се искупат со тоа кога Мајкл Палин пројде низ Македонија и снимаше се и пак не стави ништо од Македонија во документарецот негов.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
И покрај тоа што имам уплав од RocknRolaa, сепак се дрзнав после толку време пак да постирам нешто у подфорумот Филм и тоа оти се работи за Милчо. Наш човек, вреди да се ѕирне и слушне Милчо секад. Не знаев кај да го постирам и затоа го пуштив овде. Ок?


 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
И покрај тоа што имам уплав од RocknRolaa, сепак се дрзнав после толку време пак да постирам нешто у подфорумот Филм и тоа оти се работи за Милчо. Наш човек, вреди да се ѕирне и слушне Милчо секад. Не знаев кај да го постирам и затоа го пуштив овде. Ок?


ОК.(y)
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
На Милчо ќе му порачам да си засука ракавите и да се потруди околу наредниот филм. На стара слава не се живее. Тезите „Ова е Македонија, колку е, толку е“ или „наш е, добар е“ кај мене не палат. Еве нека зеде пример од иранскиот филм кој направи лом изминатава година. Кога ќе видам дека почнува да се труди, и јас ќе почнам повеќе да го ценам.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Секоја чест за Милчо ама последниов филм беше „ај да склопиме нешто набрзина...“. ОК, не мора секој филм да биде Пред Дождот нити па мора секој добар филм да е од Милчо, ама Иранскиот филм е класичен пример: малку пари, ич ефекти, добра приказна и одлични актери. Ништо повеќе не треба.

Кај нас да им одвојат милион евра ќе се скапаат од кукање дека за толку пари филм не се прави и дека државата не инвестирала во филмови и се тоа... а види ги Иранците, со толку пари Оскар и еден куп други награди зедоа.
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Да, приказната е најбитна и треба убаво да се разработи. Па макар пишувал сценарио десет години. А недостигот од финансии барем за него не треба да биде оправдување. Од Македонскиот филмски фонд само добива повеќе пари отколку што сите други добиваат вкупно.

После скоро две години пак ми се разбуди нервозата од „Мајки“. Флешови.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Нешто за Холивудските филмови :icon_lol::

 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Нешто за Холивудските филмови :icon_lol::

Уште ликов да ја знаеше разликата помеѓу метеорид и астероид и Deep Impact и Armageddon, ќе беше супер :)

Иначе и Бошко Буха не беше поразличен херој и тој одеше во смрт со песна. Ништо нема различно во сите филмови во кои се фура 100% хероизам, без разлика дали се американски или не. Единствена работа е што американските ги гледаат сите па некогаш иритира пошо знаеме дека е булшит. Во Independеnce Day, кој е навистина супер забавно филмче, стварно ја претераа, па тоа прецедникот уште што не им се истовари сам на бродот и да земе голорак да ги потепа сите :pos:

Некогаш мора да се прогледа, тоа е...
 

penkaloto

......
Член од
17 април 2010
Мислења
412
Поени од реакции
269
Нешто за Холивудските филмови :icon_lol::

Епа во времето на Маршалот и ние се прчевме со вакви пропагандни филмови. Му го правевме ќефот бидејќи како љубител на партизански филмови и со негово одобрение се снимаа Битката на Неретва, Сутјеска. Го викаме Ричард Бартон до го глуми Тито наш, па имиња како Орсон Велс, Јул Бринер, Франко Неро играа партизани, четници, се рушеше и градеше мост по два пати, се да биде по теркот на еден холивудски филм.:)
Колку за информација,буџетот за снимањето на Битката на Неретва изнесувал 71 милиони долари, за разлика од Independence Day на пример, каде биле потрошени 75 милиони долари. Па сеа ти израчунај у каков '' холивудски филм'' сме биле ние на времето.:vozbud:

П.С. Од клипчево што го изгледав се потсетив дека и баба ми имаше ваква правосмукалка порано.:pos:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Сирење си купивме од овци филмски ѕвезди од македонскиот Холивуд :icon_lol:. Добро можи не оваа генерација ама нивните предци во Прашина беа ѕвезди :icon_lol:.


Покрај што се купува убаво природно сирење тука домаќинот односно овчарот има добри приказни како се снимале Пред дождот и Прашина. Сега по еден месец се најавиле да снимаат нов филм кај него пак и човекот поучен од минатите искуства има барања нови не за пари туку одредени услови што ги бара да снимаат кај него :icon_lol:.

А и црквичето во Прашинa тука во двор му е оставено не е осветена туку е како споменик оставена внатре нема ништо, сцените се снимани на друго место само однадвор е снимано.

 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
На ZaZabava видов дека готови биле планови за да се сними четврт дел од Кум. На други места немам наидено за ова па ако некој знае повеќе да потврди...

Инаку Dark Shadows на Бартон бил лош како и Планета на Мајмуните(неговата верзија).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom