Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Како на kinoteka.mk да гледам филмови, пробува ама не бива, не се пуштат please help :)

Верувај ми, тоа е далеку од место во кое човек може да ужива во добар филм.

Инсталирај си Utorrent, регистрирај се на Arenabg, и симнувај си од таму кој филм го сакаш.
 
wot Во право беше за новиов Шерлок. Сега го изгледав и додека сум уште под импресии да пишам. Одамна не сум бил така изневерен од некој филм. Очекував барем од филм што носи наслов Шерлок Холмс да има барем малку мистерија а не Jesus позата од Platoon да ја има во филмов како и сценографии кои повеќе припаѓаат во филмови од Хонг Конг-шка продукција. Барем тоа со коњот и чергарине беше смешно. И динамиката помеѓу Вотсон и Холмс е сеуште добра како и во првиот филм. Ако има продолжение се надевам ке има подобрување.
 
Arlington Road (1999)

По ѓаволите, филмов е предвесник на 9/11... Ова нешто мора секој да го гледа.
10/10.

Филмов ми е препорачан над 1000 пати на многу другари-познаници, и никако некој да се нафати да го гледа :(

Го зборев и на една собиранка, (одамна) и на мое големо изненадување скоро никој од "филмоманите" (тогаш) го немаше гледано, епа ајде уште една ОГРОМНА препорака ова РЕМЕК дело да не го пропуштате! колку само ме вознемири филмов, никој не знае! страшно силен ефект има на гледачот, ме разнесе!! :cuc:
 
Eден од најдобрите филмови што сум ги гледал..феноменален филм,но комент!

А и саундтракот му е врв..

3 јуни искочува трејлерот за Perks of being Wallflower
Starring: Εmma Watson <3
 
Филмов ми е препорачан над 1000 пати на многу другари-познаници, и никако некој да се нафати да го гледа :(

Го зборев и на една собиранка, (одамна) и на мое големо изненадување скоро никој од "филмоманите" (тогаш) го немаше гледано, епа ајде уште една ОГРОМНА препорака ова РЕМЕК дело да не го пропуштате! колку само ме вознемири филмов, никој не знае! страшно силен ефект има на гледачот, ме разнесе!! :cuc:
Јас го гледав ама заборавив да ти пратам фидбек :)
 
Ана ги наоѓа телата кога доаѓа во куќата, и губи еден куп време да ги премести од една во друга соба. I mean wtf?! Потоа, губи еден куп време на фрлање на телата во дворот... Запали ја куќата, земи ја другарка ти и губете се од тука жено!Потоа, исто Ана. Се уби од дремење типкава, се уби! Покрај мртви тела си дремеше, после млатење си дремеше, пред млатење си дремеше.. права заспана убавица!Трето, кога ја најде врзаната едвај жива жена, зашто побогу она и помагаше? Јави се на 911, раскажи им што се изнадесило, и онака ништо не направи. На крај краева на мајка ти кажи и што се изнадесило кога ти се јави на телефон.
Martyrs е се', само не солиден филм. Да се обидам да разјаснам некои дилеми.
На почетокот повеќе одговараше телата да се тргнат од цела куќа и да се стават во купатилото, најверојатно бидејќи купатилото беше блиску местата на злосторствата. Зошто не ги закопаа телата одма? Не знам, ама стави се на местото на Ана. Нејзината најдобрата другарка штотуку уби четворочлена фамилија. Во таква ситуација не можеш да очекуваш некој да прави којзнае какви калкулации околу закопувањето на телата. Едноставно, ги тргна телата колку да не им бидат пред очи. Друго, полесно е телата да се закопаат, да се тргнат сите траги, па потоа да се губат од куќата, отколку да се запали куќата и да се привлече огромно внимание.

Дремањето на протагонистите во филмот искрено не го ни приметив. Но, логично е да очекуваш некој постојано да е во таква состојба откако претрпел огромна тортура. И психичка (четирите убиства) и физичка (тепањето). Значи, ова воопшто не го сметам за дупка во сценариото или недостаток на филмот.

Зошто Ана не повика полиција откако ја пронајде девојката во подземните одаи? Пред се', бидејќи иако не е виновна за она што се случувало претходно во куќата, индиректно е виновна за масакарот на Луси. Пријавувањето во полиција би било рамно на самоубиство. Друго објаснување би било што Ана очигледно сакаше да им помага на сите околу неа. Таа поседува ретка емпатија поради која безусловно им помага на жртвите, без оглед на штетата која си ја прави самата. Оваа емпатија кај неа јасно се гледа преку односот со Луси, па дури и во обидот да и' помогне на мајката во кадата. Од овде произлегува и насловот на филмот. Во речник како дефиниција за Martyr можеш да го најдеш следново објаснување: one who makes great sacrifices or suffers much in order to further a belief, cause, or principle. Ана е martyr во вистинска смисла на зборот. А зошто не се исповеда на мајка и'? Па побогу, јасно е дека односот помеѓу нив двете е катастрофа. Доволно кажува фактот што Ана е израсната во сиропиталиште.
 
Не знам, мене интересен ми беше, изгледа бидејќи беше различен од повеќето вакви филмови што сум ги гледал. Иначе, околу спојлерот....

Немаше потреба да навлегуваме толку во детаљи. Само мали забелешки ми беа тоа за филмот, некако несватливи, особено таа со спиењето, другите не толку со оглед на тоа што знаеме дека Ана имала тешко детство и дека е личност со голема емпатија кон другите.

Нема потреба да се прашува што јас би направил доколку другар ми направи такво нешто, бидејќи јас сум различен од неа. Се ставив на нејзино место, затоа реков дека дефинитивно не би останал толку долго во куќата каде другар ми извршил масакар, барем тоа го знам сигурно. :D Затоа и ми беше некако чудно се што правеше Ана. Oд друга страна ми се допадна ликот на Ана, одлично беше доловен од режисерот, и беше одлично изработан. Само не морале толкава спанка да ја направат. :D

Насловот знам што значи, како што тераше филмот го сватив неговото значење. Филмот беше супер во целина како што кажав, меѓутоа имаше неколку ситни недостатоци кои мене ми беа чудни.
 
http://www.imdb.com/title/tt0113443/
It's My Party (1996)

IMDB - 6.8
Според мене, овој би требало барем 1 оцена да има повеќе - 7.8+

Штета што е толку потценет и непознат...Го загледав случајно порано на Сител една вечер и тотално се унесов у филмов...како и секој друг што го гледал, глеам сеа по рецензииве на IMDB...Ерик Робертс покажува зошто е еден од најпотценетите актери со неговата маестрална глума тука, поради која се поврзуваш со неговиот лик и неговата судбина...многу моќен, емотивен филм...на овој и на The Passion Of The Christ (на оние уверливо прикажани сцени со мачење) за малку ќе заплачев :oops:

Ерик Робертс повеќе од Џулија Робертс. Сестра му ја зеде сета слава и пари, а требаше обратно. Ова е невидено добар актер, не знам што се нема глумено.

А филмов е извонреден. Изгледа сите сме го гледале на Сител ( на времето кога им се згрешаваше да дадат добар филм:X3:). Кој не го гледал нека го стави во графа задолжително.
 
Штета што немаше камбек како Рурк, он стално го потенцираше тоа, како овде кога зема награда за Wrestler a Робертс е у публика
01:05 - 02:00

важно сеуште се дружат :) уште од снимањето на The Pope Of Greenwich Village

СПОЈЛЕР за The Pope Of Greenwich Village
 
Surveillance - страшно добар филм!
Ќе напишам две -три реченици само колку да го препорачам, бидејќи било каква подолга рецензија не би била отпорна на спојлери, а тоа е фатално за вакво добро парче. Како режисер се јавува ќерката на Дејвид Линч која дефинитивно го наследила талентот на тато и слободно можам да кажам сцените во филмов исто така длабоко продираат како и оние на Линч. Нема што,суперишка од филм.(y)
П.С. И еден голем поздрав до Телма телевизија, која го прикажа филмот. Јас не знам како било порано, кога беше само локална телевизија, но денес знам дека се единствените кои еве веќе десетина години држат стандард и цврсто му се спротиставуваат на кичот. Ех, кај ќе им беше крајот, ваков квалитетен кадар да располагаше со уште повеќе кеш. Браво за нив што никогаш не ме разочарале.:love:
 
Дајте кажете некој филм кој во дејствието има поврзано нешто со тенис.. :)
 
Дајте кажете некој филм кој во дејствието има поврзано нешто со тенис.. :)
Wimbledon
Јас само ова го имам гледано, иако мислам дека имаше и еден од Вуди Ален, беше поврзан со тенис некако.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom