Ќе праеш јака школа, што е тоа тешко?? Таленти има, само треба капацитети, терени, тренери. Наместо парите да ги даваш за играчи од 30 милиони, тие пари ќе ги вложиш во школите. Но финтата е што резултати ќе очекуваш по 5-6 години.
Еве пример Германија, во проектот кој започна пред многу години под иницијатива на ДФБ, сега дава резултати. Бундеслигашките играчи се најбарани во европа, и тоа допрва идат јаки деца. Во Германија не само Баерн има јака школа, и Дортмунд и Шалке вложуваат многу.
Јас да сум Платини би ставил максимум 25м пари за транфери годишно. Друго се да се зема од младинска школа.
Тоа води само кон елитизам, ништо друго. Нема да се фокусираат парите на откупување на готови играчи, туку ќе се вложуваат во младински погон. И за од двете работи да извадиш подобри резултати од конкурентите ти требаат повеќе пари од конкурентите. Тој што ќе има повеќе во старт тој ќе може да вложи повеќе во младински погон. Кој се најголеми трошачи во младински категории во моментов? Any guess
Истите што купуваат. Барса, Реал, Ман Ју, Баерн, Интер, Милан, Челзи.
Се што ќе се постигне in the long run е тимовите да купуваат се помали и помали деца и трката да стане уште побезмилосна. Сега нема да се купува Роналдо за 90 милиона на 23-4 години, туку ќе се купуваат 10, 15годишни роналдовци за по 10 милиона. Пак луѓето со пари ќе бидат во предност, без да биде спомната неетичката страна на целата работа (која и сеа се случува), каде непонолетни деца, некогаш и не влезени во пубертет се изнесуваат од дома, со тоа што им нудат триста различни работи на нив или нивните родители. Тргување со личности. Само тоа се покрива со некој глупав имиџ кој се форсира, дека уствари клубовите прават некаква благородна работа што вадат деца од нивни школи. Имаше еден документарец на ББЦ за скаути на Ајакс во Африка како наоѓаат талентирани деца и како ги носат во своите школи. И не е баш убава реалната слика.
Впрочем целово правило е создадено заради елитизам. Ако во тимовите не се вложуваат средства што сами не ги заработуваат како ќе расте клубот. Тие 10-20 клубови низ цел свет се обидуваат да си го заштитат гзот, од богати луѓе кои влагаат во фудбалот и фрлаат многу пари, иако на некои и не им чуе. Нормална работа е да се инвестира, многу гранки денес не би биле тоа што се да не се вложувало во нив долго без резултати.
Затоа и оставаат како дупки на сите страни во правилата. Платини го заболе за благосостојбата на клубовите во Европа. Yeah right.
Затоа и си играат многу опасна игра, затоа што кога еднаш богаташи ќе ти чукнат на врата и ти ќе ги примиш, после тешко се бркаат.