УЕФА финансиско фер-плеј правило

Член од
14 јануари 2008
Мислења
4.251
Поени од реакции
909
Аха, независна комисија, така? :pos2:
Обрати се тука за прашањево: Tel: +41 (0) 848 00 2727 (барај го Платини)
Аха да смешки може и поголемите тимови ќе ја избираат оваа комисија, плус да речеме Абрамович има сигурно пријатели низ Русија исто миљардери и ќе му забрани некој на пријателот на Абрамович да стане спонзор на екипатата а за возврат Абрамович да речеме да уплаќа пари на Швајцарска сметка (пример) на својот пријател ?
Ќе има начини да се заобиколува нормално, некои ќе завршат успешно, некои ќе наебат гадно.
 
М

Мартин`

Гостин
Финтата е што оваа правило не е за да се помогне на тимовите и да се избалансира пазарот туку мафијашите од УЕФА да зимаат повеќе пари од казни и слични глупости ништо друго.
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
4.251
Поени од реакции
909
Тоа за да го констатираш ќе почекаш две - три години.
Ја сум неутрален за правилово, се додека не го видам целосниот ефект.
 
П

Паспарту

Гостин
Ништо од финансискиот фер-плеј на УЕФА


Европската куќа на фудбалот се откажа од идејата за воведување на финансиски фер-плеј со кој ќе им се воведат забрани на клубовите кои ќе бидат во загуба да играат во европските купови и да реализираат нови трансфери. УЕФА потврди дека ќе се откаже од намерата да ги „воспитува“ клубовите да трошат финансии колку што можат да заработат во текот на една година затоа што тоа може да доведе до уште поголем крах.

Претедателот на УЕФА, Мишел Платини, се залагаше ова ново правило да биде воведено од наредната година, но најверојатно дека ќе мора да биде откажано, само неколку ден откако Манчестер сити објави дека сезоната 2010/11 ја завршил со загуба од огромни 227 милиони евра.

УЕФА истакна дека мора да се откаже од првичната идеја, затоа што евентуалните казни за клубовите би биле незаконски. Имено, контрола над трансферите имаат националните федерации и ФИФА, така што УЕФА не може да наметнува вакви санкции. Од друга страна, доколку спроведе вакви казни, УЕФА би можела да се соочи со тужби од страна на фудбалерите кои потпишале договори со одреден клуб токму затоа што тој игра во европските купови.

Така, веродостојноста на финансискиот фер-плеј кој требаше да се воведе од 2014 година паѓа во вода, па Мишел Платини и УЕФА ќе мораат да изнајдат ново решение за да ги „дисциплинираат“ клубовите кои сакаат да трошат повеќе отколку што заработуваат.
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=2927
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.968
Поени од реакции
45.245
Mногу погрешно превеле Екипа, некој да го прочита ова ќе си рече баш ко што е и во насловот напишано, правилово нема да се воведе што не е точно.
Прашање е само какви казни ќе има инаку правилото ко правило ќе се имплементира со сигурност но нема да им се забранува на клубовите да купуваат нови играчи односно да се постави едно трансфер ембарго, немаат право на тоа од УЕФА.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.968
Поени од реакции
45.245
Нека си направат они фер судење прво па после ова да го воведат.
Не него нека го ишутираат Платини у три лепе пизде материне па после све остало ...
 
M

Mario Gómez

Гостин
Казните: Банирање од натпреварувањата на УЕФА, и најверојатно забрана за трансфери на играчи. Други казни уште се разгледуваат.

Мислам дека Челзи се први што ќе го наебат, и Румениге имаше вчера интервју дека тешко на крајот на годинава ќе излезат на крај со се и сешто. Можит догодина да играат ЛШ ако тепаат у Минхен, но 2013-14 скоро и да нема шанси.

UEFA доби подршка и од европската унија на чело со Германија и ДФЛ кои се најгласни за воведувањето нa FFP и тешко дека ќе сменат нешто.

Идат тешки периоди за многу клубови.
 
Член од
22 август 2009
Мислења
2.387
Поени од реакции
1.036
Уште сум многу скептичен за правилово кај УЕФА лаком гз за пари ќе ти исфрли некој јак тим. Може да исфрлат да некој таков 2класен тим али овие јакиве не им се исплати знаат и они кај се парите. Иначе убаво е да се воведе се знае бе како може Баерн со профит секоја сезона па пак да е на врвот а некои клубови имаат загуба по 50-100 милиона годишно али Германија си е Германија се е под конец. Али на крај пак нема ништо да биде од ова или ќе се повлече УЕФА од ова или па ќе најдат некоја дупка(пример парите од спонзор пример Адидас се рачунаат така да ќе дојде некој Арап место да дава директно пари ќе потпише некој спонзорски договор со некоја фирма негова и клубот 100 милиони по сезона)
 
M

Mario Gómez

Гостин
Не верувам дека ќе го отфрлат правилото, дури и ЕУ ги подржува јасно и гласно.

Во Германија е друго, самата федерација си има финансиски правила, ако не се исполнуваат нема клубот лиценца да добие. Секоја година при крајот независна комисија ги рангира клубовите по рејтинзи и тие што има шанси да паднат во стечај не им даваат лиценца. Во Шпанија ѓупците Реал и Барса не плаќаат данок. Во Англија рекордни загуби клубовите, и Италија не заостанува многу, Интер знам долг период во загуба работат веќе.
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Казните: Банирање од натпреварувањата на УЕФА, и најверојатно забрана за трансфери на играчи. Други казни уште се разгледуваат.

Мислам дека Челзи се први што ќе го наебат, и Румениге имаше вчера интервју дека тешко на крајот на годинава ќе излезат на крај со се и сешто. Можит догодина да играат ЛШ ако тепаат у Минхен, но 2013-14 скоро и да нема шанси.

UEFA доби подршка и од европската унија на чело со Германија и ДФЛ кои се најгласни за воведувањето нa FFP и тешко дека ќе сменат нешто.

Идат тешки периоди за многу клубови.
Значи во превод,тешко на фудбалот во наредните години..
 
M

Mario Gómez

Гостин
Значи во превод,тешко на фудбалот во наредните години..
Не е тешко на фудбалот. Кога веќе нема да ти дозволат трансфери ќе се свртиш на млади играчи од својата академија. Баерн е типичен пример како може да работи со профит, у исто време пола тим да е од младински категории и да има успех.

И повеќе ќе се вложува во младински категории пошо тие од УЕФА што ќе ти ги разгледуваат финансиските извештаи како расходи и долгови нема ги да сметаат, инфраструктурни објекти, терени и вложување во младински категории.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Треба да се направи фудбалска лига со иста структура како НБА во Америка.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.791
Поени од реакции
11.376
Треба да се направи фудбалска лига со иста структура како НБА во Америка.
Како тогаш екипите со богати газди (наспроти оние со "богати" школи) ќе успеат да освојат нешто? :icon_mrgr:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Уште сум многу скептичен за правилово кај УЕФА лаком гз за пари ќе ти исфрли некој јак тим. Може да исфрлат да некој таков 2класен тим али овие јакиве не им се исплати знаат и они кај се парите. Иначе убаво е да се воведе се знае бе како може Баерн со профит секоја сезона па пак да е на врвот а некои клубови имаат загуба по 50-100 милиона годишно али Германија си е Германија се е под конец. Али на крај пак нема ништо да биде од ова или ќе се повлече УЕФА од ова или па ќе најдат некоја дупка(пример парите од спонзор пример Адидас се рачунаат така да ќе дојде некој Арап место да дава директно пари ќе потпише некој спонзорски договор со некоја фирма негова и клубот 100 милиони по сезона)
И јас ова сакав да го пишам. Нема шанси да исфрлат некој клуб, ќе се намали гледаноста така. Ќе видиме на крај како ќе излезе мада јас сум сигурна дека има мал милион начини за да се заобиколи ова правило.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom