Инвестициски БУМ во Македонија

Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
ОКОЛУ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ИЗГРАДБА НА ПРИЛЕПСКИ ЛУВР?!

Од Капитал
12 Април 2012

Прилеп во втората половина на годината планира да почне да гради стаклена пирамида со планетариум и 3D кино, која ќе се користи за културни настани.
Проектот вреди 1,5 милиони евра. Дел од парите за овој проект ќе ги обезбеди општината, а остатокот ќе се обезбеди преку јавно-приватно партнерство. Манијата на нови плоштади го зафати и Прилеп, каде што ќе се реконструира плоштадот „Методија Андонов–Ченто“, за што се предвидени еден милион евра. Прилеп годинава ќе добие и нов трговско-деловен центар во вредност од 7 милиони евра.Станува збор за фабрика која што ќе преработува отпадоци од месната индустрија и преку биотехнолошкиот процес ќе се користат за медицински и други потреби. Како што посочи договорено е инвеститорот до крајот на месецот да дојде во Македонија и да регистрира фирма, што значи дека има голема извесност да дојде до таа инвестиција.
Извор: Капитал
 
Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
ПРИЛЕП ЌЕ ПОКАЖЕ ДЕКА И ОД ОТПАД СЕ ПРАВАТ ПАРИ

Од Капитал

За една година во Прилеп треба да профункционира фабрика за селектирање отпад, која на ЈКП Комуналец ќе му донесе солидна заработувачка, а за неколку години целосно ќе ја исчисти и депонијата кај Алинци. Фабриката ќе ја гради јавното претпријатие, кое е едно од ретките во земјава кое работи со добивка

1,8 милиони евра чини инвестицијата во фабриката за селектирање отпад 90% е наплатата на услугите на ЈКП Комуналец Прилеп
98 илјади евра ќе заработи годинава ЈКП Комуналец Прилеп од селектирање отпад 90 илјади тони отпад годишно прават прилепчани 31илјади евра е нето-добивката на ЈКП Комуналец Прилеп за минатата година.

Пред неколку години Златко Ристески, директорот на ЈКП Комуналец од Прилеп, при посета на Верона во Италија имал можност да види како функционира тамошното јавно комунално претпријатие, Амиа Верона. Претпријатието го селектирало отпадот и заработувало од тоа. Ристески се заинтересирал за идејата и по посетата стапил во контакт со австриската компанија МУТ, која направила пресметки колку би чинел тој проект во Прилеп. Математиката покажала дека за изградба на фабрика со линија за селектирање органски и неоргански отпад на ЈКП Комуналец ќе му бидат потребни околу 5,1 милиони евра. Сумата за претпријатието била голема, па менаџментот почнал да бара поевтина варијанта.
„Понудената сума од МУТ беше висока, но не се откажавме од идејата тоа да го направиме и во Прилеп и да бидеме првиот град во земјава што ќе го селектира органскиот и неорганскиот отпад на депонијата кај селото Алинци. По контактот со австриската фирма уште повеќе се заинтересирав за идејата и почнав и лично да се интересирам за овие технологии“, раскажува Ристески.
Бидејќи од минатата година во градот веќе функционира Центар за управување со отпад, во кој се врши примарна селекција, прибирање и транспорт, доселекција и депонирање отпад, што е законска обврска на сите општини, ЈКП Комуналец решил сам финансиски да ја реализира идејата.
Минатата година претпријатието, кое е едно од ретките јавни претпријатија во земјава кое работи со добивка, од селектирањето на отпадот од 250 пунктови поставени по градот заработило околу 50 илјади евра, а годинава со поставувањето на новите контејнери и канти и во селските средини планира заработка од околу 98 илјади евра. Селектираната хартија, пластика, текстил ги продава на локални фирми.
„Земајќи ја предвид заработувачката од отпадот кој веќе го селектираме и редовната заработувачка од наплата на нашите услуги, која е високи 90%, констатиравме дека можеме сами да го финансираме проектот и да обезбедиме 1,8 милиони евра, колку што ќе ни бидат потребни за изградба на фабриката покрај депонијата Алинци“, вели Ристески.
Претпријатието веќе е во фаза на избор на технологија за селектирање неоргански отпад, која ќе биде поставена во фабриката. На тендерот пристигнале шест понуди, а најголеми шанси има хрватската Техникс (Tehnix), која ја има најевтината понуда. Халата на фабриката, која ќе се протега на простор од шест декари, е планирано да биде завршена до октомври годинава, а линијата за селектирање на отпадот да профункционира до март следната година.
Во две смени во фабриката дневно ќе се преработува и до 150 тони отпад, а во третата смена ќе се преработува отпадот од самата депонија, со што за неколку години депонијата ќе биде целосно исчистена.
„За органскиот отпад ќе биде потребна дополнителна опрема, но кога се располага со носечка техника, ќе се обезбедат средства за линијата за компостара, која ќе произведува природно ѓубре, кое ќе им го продаваме на земјоделците. Со линијата ќе може да се прочисти и старата депонија. Старото ѓубре ќе се внесува во линијата и ќе се одделува ПВЦ-отпадот и останатиот неоргански отпад, покрај секојдневното селектирање и обработување на градскиот смет. Постепено ќе се ослободува депонијата, ќе се прочистува и ќе исчезне за неколку години“, објаснува Ристески.
Работиме со добивка, а нудиме најевтини услуги во Македонија

Прилепчани плаќаат 1,8 денари за ѓубретарина од метар квадратен под покрив, а битолчани и скопјани дури 50% повисоки цени. Годишно по оваа основа ЈКП Комуналец собира околу 200 илјади евра.

„Иако важиме за град со најниски цени за ѓубретарина, сепак, претпријатето работи со добивка. Заслуга имаат и граѓаните и фирмите, кои се дисциплинирани и редовно си ги плаќаат сметките. Зголемување на цената на услугата не планираме, бидејќи тоа може да го намали високиот процент на наплата. Наместо поскапување на цените поради нафтениот шок, решивме да си ги намалиме платите“, вели Ристески.
Извор: Капитал / автор: Петре Димитров
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Се отвора нов универзитет по медицина - инвестиција од Обединетите Емирати!

Според информациите на „Капитал“, Gulf Medical University од Обединетите Арапски Емирати следната учебна година ќе ги почне студиите по медицина во Скопје
Медицинскиот универзитет Gulf Medical University (GMU) од Обединетите Арапски Емирати ќе отвора претставништво во Македонија. Како што дознава „Капитал“, по неколкугодишни преговори и посети и од македонски владини делегации, а и од самиот инвеститор, групацијата Тумбаи груп од Ајман пред еден месец донела одлука да инвестира во Македонија. За колкава инвестиција станува збор, колку студенти ќе имаат можност да студираат на универзитетот и колку факултети ќе бидат отворени с$ уште не е прецизирано.
Директорот на Дирекцијата за технолошки развојни индустриски зони (ДТИРЗ), Виктор Мизо, кој пред еден месец имаше средба со инвеститорот Тумбаи Моиден при официјалната посета на македонска бизнис-делегација на Обединетите Арапски Емирати, за „Капитал“ потврдува дека преговорите со инвеститорот се во тек и според динамиката, следната година овој универзитет, кој е признат во Англија и во Америка, би требало да започне со студии во Македонија...
http://www.kapital.mk/mk/makedonija/83284/se_otvora_nov_univerzitet_po_medicina_-_investicija_od_obedinetite_emirati!.aspx
 
Не е инвестиција да дојдат да изградат зграда и после да им даваме пари да се школуваме, или да изградат зграда и да ни продаваат пуканки од катар, од пакистан или било каде. Инвестиција е да дојде , да отвори погон, да купи домати од нас, да ги конзервираат наши работници, да ораат и земаат пари наши луѓе, да ни ја разработат металската индустрија, та сите тие невработени дипломирани машински инжињери да се вработат...играат држава
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751

Како би рекле србите, МАЛО СУТРА. Вакви работи може само да сонуваме. До крајот на нивниот мандат ако успеат да го истераат ако не бидат нови избори после чикаго, ќе гледаат се што може да се испродаде на катарци, индијци и турци, ќе накитат уште мајмуни по скопјево, да се наполнат со пари и да фатат некаде по странство па нека му ја мисли тој што ќе се нафати да ја води државава.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
„Иднина Змеј“ се враќа на странските пазари

Единствената фабрика за производство на брусни плочи во регионот го зголемува извозот на странските пазари. „Иднина Змеј“ од Кратовo, која по неуспешната приказна со словенечките газди речиси една деценија не беше во погон, со нов сосптвеник се враќа на пазарите. Фабриката е целосно модернизирана, производството проширено, а се зголемува и бројот на вработени.

Сопственикот Борис Змејковски во фабриката досега инвестирал над четири милиони евра. Мотивот за инвестицијата како што вели му бил да го возобнови познатиот бренд кој излегувал од овие погони изминатите децении. Исто така и да помогне на овој рурален предел на Македонија и да помогне со нови вработувања.

По етаблирањето на домашниот пазар клучниот предизвик за Иднина е извозот. Веќе се присутни во Србија, БиХ и Косово од регионот, како и во Иран и други делови на Средниот исток. Интерес за соработка има од Русија, Турција и од неколку германски фирми.

Иако засега е соочен со одредени потешкотии при извозот на дел од странските пзари и се уште се чувствуват последиците од кризата, Змејковски е оптимист дека проектот ќе биде успешен. Инаку освен брусните плочи за сечење и брусење кои се користат за потребите на металургијата, во фабриката се произведуваат и стаклени влакна за градежништвото.
http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=49339
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
А јас пак си викам кај исчезна човеков, он само едно погонче си купил.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Сопственикот Борис Змејковски во фабриката досега инвестирал над четири милиони евра.
Од каде му четири милиони евра на шоферот од Љубчо Георгиевски?
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Од каде му четири милиони евра на шоферот од Љубчо Георгиевски?
Па 4 милиони евра пари ли се, нема ни 50 врби.
Кој ни е крив на нас што не сме штедливи типови ко Б.З. , да сме сакале сме можеле не 4 туку 14 милиони да заштедиме.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Следната недела почнува изградба на нова фабрика

Изградба на нова фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 на почетокот на следната недела и започнување со работа на три фабрики кон крајот на овој месец или на почетокот на јуни, најави денеска премиерот Никола Груевски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Герентолошкиот завод во Скопје.
Новата фабрика што ќе се гради во ТИРЗ1 е инвестиција во износ од 10 милиони евра на мултинационална компанија која веќе има инвестирано во државава, чие име Груевски не го соопшти.
Прмиерот информира дека покрај таа нова значајна инвестиција за Македонија кон крајот на мај или почетокот на јуни почнуваат со работа „Кенет електроник“, која веќе почнала да ангажира вработени и да го опремува капацитетот со машини, како и швајцарска фабрика за производство на ветерници, а во тек се подготовки и за старт на фабриката на „Технокозе“ од Италија, која ќе произведува различни видови пумпи.

Груевски информира дека има реализација и на други инвестиции за кои ќе информира кога ќе има конкретни работи.
http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/ekonomija/48389/slednata_nedela_pochnuva_izgradba_na_nova_fabrika.aspx

http://www.kapital.mk/mk/makedonija/83674/gruevski_najavi_novi_investicii.aspx

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=90933
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882

Абе АМАН како тргнало ке увезуваме и работна сила во македонија од што има инвестиции и вишок на работни места.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Абе АМАН како тргнало ке увезуваме и работна сила во македонија од што има инвестиции и вишок на работни места.
Дали ке увезуваме работна сила, или извозот на работна сила кој моментално го извезуваме ќе се зголеми дупло незнам, ќе видиме време ќе покаже. Само ќе повторам дека јуни-јули чекам сечење ленти на ланските лопати, фрлани некаде овој период. Ако го видам тоа ќе се надевам и на овие лопати во најава дека ќе им го видиме крајот.
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
Лопати фрлаа и пред избори кај што бетонираа а после трупаа со земја. Така да и на тие лопати не им верувам. Јасно си кажа Сарачини пред некој ден, без влез во нато нема инвестиции, џабе слушате вие ставре и глујо.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Следната недела почнува изградба на нова фабрика

Изградба на нова фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 на почетокот на следната недела и започнување со работа на три фабрики кон крајот на овој месец или на почетокот на јуни, најави денеска премиерот Никола Груевски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Герентолошкиот завод во Скопје.
Новата фабрика што ќе се гради во ТИРЗ1 е инвестиција во износ од 10 милиони евра на мултинационална компанија која веќе има инвестирано во државава, чие име Груевски не го соопшти.
„Џонсон Мети“ ќе гради нова фабрика во Бунарџик

Компанијата „Џонсон Мети“ во среда на локацијата на својата фабрика за катализатори во слободната економска зона Бунарџик ќе постави камен-темелник на новите производствени погони.

Оваа фабрика е новата инвестиција во износ од 10 милиони евра која вчера ја најави претседателот на Владата Никола Груевски.

Камен-темелникот на фабриката која ќе се гради ќе го постават премиерот Груевски и извршниот директор на одделот за еколошки технологии на Џонсон Мети, Лари Пенц.

Меѓу бројните гостите ќе бидат и амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија, Кристофер Ивон и амбасадорот на САД, Пол Волерс.

Прeмиерот информираше дека покрај новата значајна инвестиција за Македонија, кон крајот на мај или почетокот на јуни почнуваат со работа „Кенет електроник“, која веќе почнала да ангажира вработени и да го опремува капацитетот со машини, како и швајцарска фабрика за производство на ветерници.

Во тек се подготовки и за старт на фабриката на „Технокозе“ од Италија, која ќе произведува различни видови пумпи.
http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/ticker.css/48455/%84dzhonson_meti%93_kje_gradi_nova_fabrika_vo_bunardzhik.aspx
 
Kajgana Shop

На врв Bottom