Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Порано наводно се боревме за титула кога се се распаѓаше на крајот на сезоната.

Сега се бориме за ЛШ и пак се случува истото. Нема никаков напредок со години, само уназадување. Како ли ќе биде првата сезона по толку време без ЛШ, не сакам ни да мислам.
 
КАТАСТРОФА!!!
чао пријатно
 
Arsenal Errors leading to goals 13 + Own goals 5 = 18 conceded due to "mistakes", six more than the next worst Premier League team's tally.
 
Norwich zemaa bod, a imaa sansi da zemat 3. Napravija prednost i nemozea da ja zacuvaat, bidejki odbranata spiese, kako da vodat 5-2 ne, 3-2. Epten slabo izigraa, kako sezonata da e zavrsena i sve da e reseno. Ako ne se izborat za ls, ke se zboguvame od RvP.
 
Топ.... Сања пак ја скршил ногата
 
постабилни бевме во добрана кога играа Мерте-Кош,од колку Кош-Верма,Вермален е катстрова,шо кур оти дава голови и преидонесува во нападот финтава е одбрната да му биде во преден план :mad:
 
Сите три гола паднаја од напади по левата страна. Кој игра лево ? Гибс ! Толку, јасно е се ! Гибс не заслужува да игра во ПЛ, а камоли кај нас, ама ај. Првиот, директен дуел со него, го поминаа нафрлија, ГОЛ. Вториот удри во него, од како не го покри играчот. ГОЛ. Третиот, пак, Гибс го немаше на својата позиција. И да. ГОЛ. Со овај резултат, Арсенал не заслужува ПЛ. Се надевам дека Њукасал, ќе оди во ЛШ, со тоа 3то место, а Арсенал ќе заврши 4ти. При тоа, Челзи да ја освој ЛШ, и да им се удри од глава.

Друга работа, 100% сум сигурен, ако Арсенал не игра ЛШ, Робин ќе си замине. Мада и ако игра, не верувам дека би останал.
 
Тоа е тоа дечки, Норвич заслужено си зема бод. И три да земеа пак ќе кажев дека е заслужено, затоа што средината без Артета ни е раштимана и не можат да сврзат 3 паса. Пред да почне утакмицата се водев по реченицата „Арсенал не е Арсенал ако не те заебе на крај на сезоната“ и тоа ми е некако утеха за денешното разочарување.

Сања кога го видов како падна веднаш се знаеше дека е нешто сериозно... кршење на ногата и неиграње на Еуро можат сериозно психички да му наштетат, среќа што е крај на сезоната па има време да се опорави колку-толку.

Еххх, за Ван Перси немам зборови... ако не идеме во ЛШ и покрај тоа да остане во тимот, му симнувам капа и го прогласувам за вистински Топџија. Ако си отиде, му симнувам капа и го прогласувам за вистински Топџија. (да да, како и да е не го мењам моето мислење за него) Тоа што го направи за овој тим и сеуште го прави, заслужува само почит, никако омраза!

И за крај...
538553_412995845397462_139411852755864_1323211_236566053_n.jpg
 
Сите три гола паднаја од напади по левата страна. Кој игра лево ? Гибс ! Толку, јасно е се ! Гибс не заслужува да игра во ПЛ, а камоли кај нас, ама ај. Првиот, директен дуел со него, го поминаа нафрлија, ГОЛ. Вториот удри во него, од како не го покри играчот. ГОЛ. Третиот, пак, Гибс го немаше на својата позиција. И да. ГОЛ. Со овај резултат, Арсенал не заслужува ПЛ. Се надевам дека Њукасал, ќе оди во ЛШ, со тоа 3то место, а Арсенал ќе заврши 4ти. При тоа, Челзи да ја освој ЛШ, и да им се удри од глава.

Друга работа, 100% сум сигурен, ако Арсенал не игра ЛШ, Робин ќе си замине. Мада и ако игра, не верувам дека би останал.
Строг си кон Гибс многу, особено за утакмицава. Беше виновен само за првиот гол, па дури и за тоа не толку, не може сите топки да ги блокира, му помина меѓу нозе, Хулахан си влезе само во шеснаесетник и си даде гол. Кој треба него да го чува? За вториот дечкото истрча и се обиде да го блокира Холт ама отскокна топката, чиста среќа е тоа. За третиот е крив Вермален зашто беше излезен повеќе и немаше време да се врати, ама и Кошиелни зашто не следеше игра бидејќи беше поставена оф-сајд стапица а Кош беше внатре. Шчешни за првиот и вториот беше најкрив затоа што на вториот беше непотребно многу напред излезен. Дури му викнаа и некои од играчиве дека бил излезен многу. Гибс блокираше „веројатно“ чист гол на Холт. Не викам дека е класа дечкото и далеку е од најдобриот лев бек, ама многу строго го оцени денеска. Јас најниска оцена би му дал на Ремзи прво, па потоа на Шчешни. Потфрли и Жервињо, па и Вермален би рекол.
Нема везе, тоа е. Било што било, си искомплициравме работа и сега не зависи од нас ништо. Тешко дека Спрс ќе кикснат со Вила, дрва невидени се тие. Само таа изјавата на Венгер дека за следна сезона ќе го има Дијаби и Вилшер и како тоа се доволно играчи демек не ми се допаѓа ич. Му посакувам на Сања брзо опоравување, дечкото е најдобар десен бек во лига и греота што нема да игра Европско.
 
Катастрофа резултат, 4 натпревари неможеме да победиме од кој 3 се на домашен терен..
Одбраната изигра лошо, се сложувам, али средината според мене е најхаос, Артета фали највише!
Ремзи денес дефинитивно најлошо изигра, видов горе никој не коментира за неговата лоша игра, што веројатно се навикнавме од него да гледаме само лоши партии.. Он може да се каже дека е најголемиот кривец ако не играме во ЛШ, Венгер го форсира цела втора полусезона и доста бодови изгубивме заради него...
 
Незнам дали приметивте ама играчиве од средина воопшто не се потрудија на полуконтрите на Норвич да дадат поддршка на одбраната. При вториот гол Росицки или Бенајун(не сум сигурен кој беше) си го ладеше на средина, а имаше време да дотрча позади. Истото во второ полувреме го направи и Рамзи, се откажа прерано од бркање.
Вермален препроменливо игра пролетва, а и Шчезни се покажува како доста несигурен се почесто. Се согласувам и со членот погоре дека Гибс не е ништо повеќе од просечен бек. Мислам дека летово е време конечно да се обрне повеќе внимание на одбранбената тактика и функционирање. Не може да се има сериозни амбиции со ваква раштимана одбрана.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom