Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Строг си кон Гибс многу, особено за утакмицава. Беше виновен само за првиот гол, па дури и за тоа не толку, не може сите топки да ги блокира, му помина меѓу нозе, Хулахан си влезе само во шеснаесетник и си даде гол. Кој треба него да го чува? За вториот дечкото истрча и се обиде да го блокира Холт ама отскокна топката, чиста среќа е тоа. За третиот е крив Вермален зашто беше излезен повеќе и немаше време да се врати, ама и Кошиелни зашто не следеше игра бидејќи беше поставена оф-сајд стапица а Кош беше внатре. Шчешни за првиот и вториот беше најкрив затоа што на вториот беше непотребно многу напред излезен. Дури му викнаа и некои од играчиве дека бил излезен многу. Гибс блокираше „веројатно“ чист гол на Холт. Не викам дека е класа дечкото и далеку е од најдобриот лев бек, ама многу строго го оцени денеска. Јас најниска оцена би му дал на Ремзи прво, па потоа на Шчешни. Потфрли и Жервињо, па и Вермален би рекол.
Нема везе, тоа е. Било што било, си искомплициравме работа и сега не зависи од нас ништо. Тешко дека Спрс ќе кикснат со Вила, дрва невидени се тие. Само таа изјавата на Венгер дека за следна сезона ќе го има Дијаби и Вилшер и како тоа се доволно играчи демек не ми се допаѓа ич. Му посакувам на Сања брзо опоравување, дечкото е најдобар десен бек во лига и греота што нема да игра Европско.

Гибс, 100 пати покажа дека не е материјал за Арсенал. Сети се на дуелите со Јунајтед во полуфинале ЛШ, сети се на мечевите со Вила, Стоук и слични такви. Ама не знам шо гледа Венгер во него. Подобро Сантос, барем ќе знаеме дека имаме добар бек во офанзива, ако ништо повеќе. Штета, велам штета, бидејќи оваа сезона, уште на Хауторнс за 7 дена може да замине во неврат, од само 2 меча.

Навивајте за Сити и за Вила утре. То е то.
 
Да не беше Ремзи сега ќе освоевме ПЛ и ЛШ, Венгер АУТ!
 
Незнам дали приметивте ама играчиве од средина воопшто не се потрудија на полуконтрите на Норвич да дадат поддршка на одбраната. При вториот гол Росицки или Бенајун(не сум сигурен кој беше) си го ладеше на средина, а имаше време да дотрча позади. Истото во второ полувреме го направи и Рамзи, се откажа прерано од бркање.
Вермален препроменливо игра пролетва, а и Шчезни се покажува како доста несигурен се почесто. Се согласувам и со членот погоре дека Гибс не е ништо повеќе од просечен бек. Мислам дека летово е време конечно да се обрне повеќе внимание на одбранбената тактика и функционирање. Не може да се има сериозни амбиции со ваква раштимана одбрана.

Не може вооптшо да се има сериозни амбиции, и не само сезонава и сезоната која следи. Сигурен сум дека, ниту следната, ниту таа после неа Арсенал нема да има големи резултати.
 
И да, Венгер пак му се нафрли на шишињата. :pos::pos:

И да, олабајте малку и Тотенхем и Њукасал утре ќе губат поени. Убеден сум.
 
Слаби на левата бековска позиција уште од заминувањето на Ешли Кол...

2-3 збора околу Робин - Ако досега ми било жал за секое заминување на играч од Арсенал од ваков калибар, со Робин нема да е случајот. Едноставно пожално е да го гледам него каде се мачи со соиграчи кои се 1,2,3,4.... класи под него отколку да заминит во достојна екипа која ќе го цени неговиот талент и каде ќе го освои тоа шо го заслужвит долго време - титули(2005та е далеку во минатото).

А Арсенал со ваквава „константност“ и на фудбалските терени и на лето/зиме за време на трансфер периодите со оваа управа и овај менаџер е светлосни години далеку од каква и да е титула. Колку и да го негирате/ме тоа потсвесно знајте/ме дека тоа е за жал така.
 
Си го изнесов своето мислење за натпреваров и си ја истурив нервозата на групата на фејсбук, па затоа сега ќе пишам само штета што немаме барем еден од Адамс, Кион, Кембел, Виеира во екипава, па да му врзеше неколку воспитни на Сонг вчера. Со ваква катастрофална игра во одбрана не е ни чудно што Венгер повторно е заинтересиран за дефанзивен играч. Нека не глуми Фабрегас и нека седи позади, ако не цела сезона, барем кога Артета е повреден. Тоа вчера беше за срамење.
 
tumblr_m2ze23ChgX1qkc7udo1_500.gif

Историјата на нашите дресови:)
 
Гибс, 100 пати покажа дека не е материјал за Арсенал. Сети се на дуелите со Јунајтед во полуфинале ЛШ, сети се на мечевите со Вила, Стоук и слични такви. Ама не знам шо гледа Венгер во него. Подобро Сантос, барем ќе знаеме дека имаме добар бек во офанзива, ако ништо повеќе. Штета, велам штета, бидејќи оваа сезона, уште на Хауторнс за 7 дена може да замине во неврат, од само 2 меча.

Навивајте за Сити и за Вила утре. То е то.

Едно прашање имам до тебе, односно повеќе во едно.
Ако Гибс не е достоен за Арсенал (се согласувам 100% СКАПАНИЦА е) дали тој е крив што игра прва постава?
Кој му дава упорно шанси?
Дали тебе упорно да те ставаат прва постава а не се докажуваш би им рекол не ем ставјте незнам да играм?
Кој го бира стартниот тим?
 
Ајде само вак да останат резултативе.....На крај че испадне дури и добар викенд......И кокошките и њукасл губат, со еден гол а башка кокошкиве и црвен имаат.....(y)


Њукасл Сити 0-2 :vozbud:
 
прееска додека се враќав дома од читална запалив две свеќи во Соборен,една за Сити,една за Вила :pos:
дури сега гледам колку ретардиран сум станал
 
Едно прашање имам до тебе, односно повеќе во едно.
Ако Гибс не е достоен за Арсенал (се согласувам 100% СКАПАНИЦА е) дали тој е крив што игра прва постава?
Кој му дава упорно шанси?
Дали тебе упорно да те ставаат прва постава а не се докажуваш би им рекол не ем ставјте незнам да играм?
Кој го бира стартниот тим?

Се сложувам, но Венгер верува во сите фудбалери кои ги има на располагање и тоа 100%. Дека Гибс, не го дава максимумот, или пак тој му е максимумот Венгер не е крив. Барем, кога Венгер ќе види дека некое „дете“ има потенцијал, ретко или скоро никогаш не греши во врска со него.

Но, ок е то, само не знам оти Сантос не игра. То не ми е јасно.

И да, сега само од нас си зависи. Со победа против ВБА, 3тото место си е наше.
 
Епа ете им ја последната шанса во последно коло да поправат тоа што го покакаа ова коло.....Кокошките ремизираа, така да сега повторно на нас останува.....Се надевам дека конечно ќе тепаме во последно коло.....
Туууууу се препотив ......
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom