Вака,
Добро би било да се осмисли еден текст, во кој ќе биде опфатено не само митингот, туку цел настан. Од убиството, преку апсењето, па се до протестов. И исто така тој текст да биде преведен на повеќе јазици.
Една напомена, ако пуштате на приватни мејлови, пазете да не претерате со спам. На своите пријатели испраќајте им само вие, не го давајте мејлот на други, дека ќе се постигне спротивен ефект.
Исто така ако на пример имате пријатели во Германија и ја пуштате Германската верзија обавезно на Германски да стои да го пренесат ова на пријателите.
Запамтете дека медиумската кампања не треба да трае еден викенд само, тоа е континуирана борба, која не смее да престане. Имајте ја во предвид и против кампањата, и немојте да подпаѓате на провокации кои треба да ве одвлечат на ситни расправии.