Почна најавениот протест „Стоп за монтираните случаи“. По завршувањето на петочната молитва, стотици млади луѓе ја блокираа улицата пред џамијата Јаја Паша.
Да ти објаснам, мислиме дека случајов е монтиран, и протестираме против него.
Требаше да додадеш во објаснувањево дека случајот е монтиран бидејќи се уапсени албанци, да се разбереме, доколку на ист начин се постапеше против луѓе од друга националност ти тука немаше да дојдеш за да не убедуваш дека тоа е монтиран случај, дека се врши пресија врз невини луѓе, туку ќе дојдеше и ќе кажеше, Ете, видовте, не се албанци ....
А и она '' мислиме '' боде очи и дополнително само го потврдува она што ти го зборев вчера, срамота е да се излезе на протест со ваква причина, дури и срамота е да се црта зошто токму ова го велам, човече, 4 деца се ладнокрвно убиени, плус уште еден возрасен човек, вие протестирате зашто МИСЛИТЕ дека ова е монтиран случај, зашто ПРЕТПОСТАВУВАТЕ дека овде нештата се монтираат.
Каде ви е совеста луѓе, моралот, етиката ... паметот ?
На крај краева твојата објективност сите ја видовме со двете паралели што ги направи, како протестираат македонци а како албанци, односно слики поставени од протестите пред некоја недела и денешните а притоа целосно го занемари фактот што во Гостивар се кршеа излози на дуќани чии сопственици се македонци.
Syn, никој не е објективен веќе некое време. Ни ти не си објективен штом можеш да веруваш дека овие се убијците иако ги имаш истите докази што ги имам и јас дека овие не се. Сите станавме субјективни. Така да не очекувај објективност ни од мене.
На овој пост се однесуваше одговоров твој, го избришав зашто имав уште неколку работи да додадам, нејсе, сепак еве како што гледам признаваш дека си необјективен а од друга страна се обидуваш да водиш конструктивна дискусија, no can do. Јас незнам на кој основ сум необјективен, како што гледаш никаде не реков дека 100% овие се убијците, оставам истрагата тоа целосно да го потврди, вие сте тие кои тоа не чекате да се случи туку едноставно одите на претпоставки само поради фактот што се фатени албанци, тоа ви е доволно ... за да претпоставувате.