Исхрана - првиот клучен фактор за постигнувањето на атлетско тело

  • Креатор на темата Креатор на темата Myers
  • Време на започнување Време на започнување
Иако имам пишано неколку пати , па ќе повторам :

Мојта исхрана за 1 ден ( мрзе ме да ги пишувам другите )

15 мин после будење : овесни мусли со обесмастено млеко + 1 лажичка течни BCAA , доволно за старт на денот , си има ЈХ и протеини

накај 12 обично макарони , шпагети - си имат ЈХ и протеини

ужина обично јабука или банана

пред тренинг 3 варени јајца + зеленчук + 1 лажица BCAA

после тренинг банана или мало чоколадце колку да се врати гликогенот во мускулот

после тренинг оброк пилешки стек со 2 лажици BCAA

Приквечер кикиритки обично дробам коа дремам на нет или коа гледам спорт и често овошје јадам овој период

Последен оброк урда со зеленчук

И ако уште осеќам глад пред спање дрмнам 1 чаша обесмастено млеко

У теко на дено исто пијам витамини + 1 Омега 3 масни к-ни . Зелен чај е прво нешто што пијам коа станам уште 3-4 пати во денот. Пред тренинг обично пијам Нескафе оноа шо е збогатено со антиоксиданти. Бел шеќер не се сеќавам кога сум внесол во организамот. Али си имам навика благо да дробам како и газирани сокови , иако се богати со шеќери , али јбг , бааѓи трошам на тренинзите. од прилика вака ми изгледа дневната исхрана. Мали , чести оброци , со 4-5 шољи зелен чај за топење сало по термогенеза ( иако малку се топи ) и заради антиоксидантите кои исто така се добиват од Нескафето и јабуката.
 
А домашново млеко (тн селско) повеќе или помалку масти има од ова купечково ?

Дома моите зимаат често од еден човек што продава низ градов па затоа ме интересира, подобар вкус има од купечкото ама за масти незнам дали има повеќе или помалце. И да цедевитата да не содржи многу шеќери, пред и после трчање пијам околу 2л вода со неколку лажици цедевита по можамм да пијам така, вака обична вода некако не ми оди неможам многу да пијам ..

Инаку за месец дена скинав околу 1.5/2 кг.. добро е за почеток.
 
Сега пресметав дека 1 час велосипед со мое темпо возење е 460 изгорени калории. Кој има некоја замерка нека додаде во диетата да поправам.
--- надополнето: 3 мај 2012 во 22:45 ---

Во право си ќе ставам еден ден одмор во недела.

Дневно функционираш со 1200 калории, јас колку што сфатив?
 
А домашново млеко (тн селско) повеќе или помалку масти има од ова купечково ?

Дома моите зимаат често од еден човек што продава низ градов па затоа ме интересира, подобар вкус има од купечкото ама за масти незнам дали има повеќе или помалце. И да цедевитата да не содржи многу шеќери, пред и после трчање пијам околу 2л вода со неколку лажици цедевита по можамм да пијам така, вака обична вода некако не ми оди неможам многу да пијам ..

Инаку за месец дена скинав околу 1.5/2 кг.. добро е за почеток.

Тоа ти е чисто млеко , свежо , шо значи има повеќе масти од ова шо е обезмастеното.
Али не е до толку страшно ,можеш и такво млеко да си пиеш.
 
Дневно функционираш со 1200 калории, јас колку што сфатив?
Сега функционирам со 2300-2400 дневно а во случај да треба да го истопам салото што не е многу би ја следел таа исхрана со околу 1500-1600 калории што ја пишав.
 
Што е тоа ВСАА ?
3 аминокиселини валин,леуцин и исолеуцин кој играат улога во градење на мускулните влакна.Имаат и други улоги но најважна за спортот е во градење на мускулите.
 
Што е тоа ВСАА ?

Branch-chain aminoacids.

Амино киселините ти се у напросто објаснето цигли за градење на протеини , од кои протеини псоле тоа се прават мускулни влакна.
 
3 аминокиселини валин,леуцин и исолеуцин кој играат улога во градење на мускулните влакна.Имаат и други улоги но најважна за спортот е во градење на мускулите.
А каде се купуваат тие и колку се?
 
А каде се купуваат тие и колку се?

Имаш и во аптеки , во продавници за здрава исхрана и во бодибилдинг продавници.

Цената е од прилика за BCAA 5050 , 300 g ( 58 порции ) , е 1300 денара , од фирмата Dymatize.
 
А каде се купуваат тие и колку се?
Балансирај ја исхраната па троши пари за суплементација.Јади повеќе туна,урда,пилешко има исто толку БЦАА колку што би потрошил за еден суплемент.
 
Колку калории има во 1 лажичка нескафе класик ? и дали е ОК да се пие ?
Калории у кафе ќе броиш? Колку и да има, следниот пат коа ќе се враќаш од продавница по скали качи се дома, не со лифт, и готово.
И да, добро е да се пие. Кафе е. Зашо да не е (осим ако не претеруваш).
Не иди у толку детали. Шо е следно, колку калории има мастика ервејвс?
 
Во орбит,не ервејвс :)

по 1 ден...максимум 2 ?
 
Колку калории има во 1 лажичка нескафе класик ? и дали е ОК да се пие ?
Пишува одпозади, сметај дека 1 лажичка е 5 грама, така да ако пишува 400 калории на 100грама тогаш 5 грама ќе е 20 калории.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom