Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Јас планирам со девојката летово до Прилеп, евентуално до Струга, или пак можеби Грција. Се собира опрема сега и се прават планови уште, желбата не бега, само кеш малку да заврне. :)
 
Децки кај да најдам точак 18 - брзинец, некој до 3-4000 денари, како оние собим што беа, значи обичен брзинец. Јас обично не возам точак (колата некако полесна е за возење, не те замара) ама за зафрканција дајте некој предлог, поздрав
 
Го нема Хардрок Спорт во Про-Спорт....Има Хардрок и Хардрок СЕ...
 
Децки кај да најдам точак 18 - брзинец, некој до 3-4000 денари, како оние собим што беа, значи обичен брзинец. Јас обично не возам точак (колата некако полесна е за возење, не те замара) ама за зафрканција дајте некој предлог, поздрав

Еххх колата полесна за возење?? да? :D :D Тој што го измислил точакот све да му се позлати ,покорисна работа нема.Батали кола стегни се на патека и гори тоа калориите :D :D :D
tumblr_lsa8hpiYMt1qzm1xxo1_500.png
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: M-1
Кај може да се најде Собим велосипеди во скопје? Фала многу.
--- надополнето: 2 мај 2012 во 21:37 ---
Кај може да се најде Собим велосипеди во скопје? Фала многу.
На почетокот на Илинденска спроти пионерски дом Карпош има Собим продавница од десна страна ќе видиш има точаци и надвор изложено...02-3231-113 им е телефонот...исконтактирај ги ако ти треба некоја информација...
 
Спортот беше на попуст 22.000 провери ако е истата цена тогаш ти го препорачувам тој.
Прашав за Specialzied Hardrock и ми даваат само 10% попуст зашто бил од 2012, а спортот ако е од 2011 и ми дадат 20% попуст ќе го земам него секако затоа што со цена доаѓаат и двата тука негде. Јас сепак сум лаик за точаци ама прочитав нешто што сте пишувале на претходните страни па од вашите кажувања излегува дека е подобар иако тоа е релативна работа бидејќи очигледно и висината на човекот кој ќе го вози точакот е многу битна работа.
 
Точакот се зема според висина, има секакви модели и ќе ти најдат соодветен на твојата висина. Еве линк за МТБ како би требало да изгледа и можеш сам да си пресметаш.
Јас возам 18 инчи рам, според мојава висина.

http://bicycling.about.com/od/howtoride/a/MTB_sizing.htm
 
што мислите дали се добри ракавиците со гел ?
Да одлични се, имам неколку пара такви, многу подобри него ли истите без гел перничиња. Највеке се осеќа на подолги релации кога се јавуваат болки на дланките и подлактиците. Гледај само да бидат од некој познат бренд (да бидат анатомски) зошто има многу кинески fake-ови.
 
Каде може да се набават квалитетни ракавици?
 
Точакот се зема според висина, има секакви модели и ќе ти најдат соодветен на твојата висина. Еве линк за МТБ како би требало да изгледа и можеш сам да си пресметаш.
Јас возам 18 инчи рам, според мојава висина.

http://bicycling.about.com/od/howtoride/a/MTB_sizing.htm
Да точно така, но треба да се внимава и на должината на нозете. Има луѓе со пократки нозе во споредба со торзото и обратно. Значи, како и да е, треба да се проба пред да се купи. :)

--- надополнето: 3 мај 2012 во 22:06 ---
Каде може да се набават квалитетни ракавици?
Јас ги купувам во Prosport во Порта Буњаковец, но би требало да има и во другите бајк-шопови како Probike, Bikestop, Bikemarket. :)
 
Денеска возев на водно и се врќав од задната страна кон Соње. Се убаво беше додека не го промашивме патот и кога дојде да се вози по стрмни козји патеки со остри камења. Сум возел off-road скоро секаде ама вакво патешествие не сум имал. Два саата се симнувавме надоле, кога ги пипнав дисковите доле во Кисела вода исто како рингла од шпорет да допрев, сигурно ке светеа во темница :LOL: , а може и нови плочки да ми требаат. Битно се помина Ок освен што го утнавме патот и добро се помачивме да се симнеме. Да не спомнувам дека од сонцето ми изгореа рацете и лицето па сега сум црвен како рак. :facepalm:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom