Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Добро возење имаше денеска.Околу 22 километри.Преку Овчка Река до Долни Дисан.Меѓутоа по грешка завршивме во друго село на 5 километри од Дисан.Оригиналната рута беше со должина од 16 километри но се продолжи за 6 километри (селото каде што пристигнавме прво е 1км подалеку).Солидно траќање му удрив на велоспедот но за среќа не покажа знаци на слабост.
 
KAde e ova?
 
Ај кје ве молам да ми одговорите дали можам да пренесам точак во Воз или во Меѓуградски Автобус :D и колку пари е дали некој знае.
 
Ај кје ве молам да ми одговорите дали можам да пренесам точак во Воз или во Меѓуградски Автобус :D и колку пари е дали некој знае.
А ја да те замолам да не пишуваш со дречлива боја зошто очи ми истекеоа. Иначе можеш со воз а за цена незнам.
 
На која релација сакаш да го пренесеш со воз?
 
со воз можеш, не се наплаќа ништо дополнително
 
со воз можеш, не се наплаќа ништо дополнително

(y) Фала стварно, гледам пред некое време имаше носеа точак, а имаше и нешто ценовник ама немаше нешто за точак. фала сепак :)
 
со воз можеш, не се наплаќа ништо дополнително

Грешка. За пренос на велосипед со воз се наплаќа. Официјалната цена е околу 130 денари во правец без оглед на релацијата. Е сега, доколку претходно убаво се наредени велосипедите и доколку извршите ‘‘квалитетна‘‘ конверзација со кондуктерот, верувајте дека нема да платите ни денар. Едноставно и они се луѓе и сакаат да слушнат убава приказна за промена од се она пто се случува во МЖ. Е сега на вас останува да останете луѓе и да го почастите барем едно пиво
 
Имам Пежо велосипед стар околу 25 години, ако не и повеќе. Антиквитет ама ептен мераклиски сочуван. Се оригинал делови. За градско возење нема проблем, си ја врши работата. Јес да е женски, ама ми е галје.:icon_lol:

peugeotMXTrs.JPG

peugeotMXTfv.JPG

Ист ваков, само без корпата напред.
 
Некој да ми препорача продавница за велосипеди со добар квалитет али и нормална цена ? :)
 
Некој да ми препорача продавница за велосипеди со добар квалитет али и нормална цена ? :)
Кажи прво до која нормална цена сакаш велосипед па ќе ти препорачаме соодветна продавница...:)
 
Да речеме до 15 илјади :)
Еве ти добра понуда за 15-тина илјади само точаков не е за offroad...http://bikestop.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=631:-1&catid=128:demo&Itemid=191............И на Полар сигурно ќе добиеш 10 % попуст...http://bikemarket.mk/index.php?Itemid=54&option=com_kh&view=item&category_id=29&item_id=319........Али сепак разгледај во Бајк Маркет, Бајк Стоп, Про-Спорт и дечките најдобро ќе ти понудат соодветно за таа сума...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom