Јас ќе протестирам за тринаесетте безусловно ослободени, кои беа уапсени, лицата им беа прикажани во јавност нецензурирани односно вечно ќе се обележани демек биле замешани во вакво нешто... за нив ми е протестот, за невините и ослободените. За оние кои ги фатиле со оружје не ми е ич гајле, за монструмите пак најмалку.
Чекај малку, за што ќе протестираш, зашто при терористички акт, каде се убиени 4 деца и еден возрасен човек кој случајно се нашол таму, прв случај од ваков тип во земјава во ситуација кога нема војна, властите, односно органите за ред и мир почнале со апсења на луѓе за кои се сомневале дека учествувале во овој грозен чин ...
А што треба да прават кажи ми ? Дома да им идат на кафе и тулумба и да им поставуваат прашања ? Се знае дека ќе се приведат и ќе ги чешлаат, па после ќе видиме дали постои или не постои основа за притвор. Срамота е за ваква работа да се протестира, не правиме муабет за претепано дете на улица, или деца, правиме муабет за ладнокрвно ликвидирање на 4 деца и еден возрасен човек.
Ако биле пример 5 луѓе кои учествувале директно во овој чин, бројот на оние кои индиректно учествувале е далеку поголем, доволно е еден од нив да отиде кафе некаде да пие а и тој од кафичот што го служел да биде повикан во станица на распит, секој ебан детал е битен, секој ебан најситен детал, оние за кои има индиции дека биле дел од целиов овој план нормално е да се приведат на ваков начин, како може да протестираш ти за ова ?
Утре 5 души да ти ги убијат така, ти во меѓувреме на својот телефон да го слушнеш дишењето на некој твој близок пред да испие 3 кушрума во неговата глава, а потоа се спроведе ваква акција, ќе размислуваш ли на ваков начин ? До толку ли ќе цепидлачиш ? Или да беа во прашање 5 убиени албански деца ...
Зашто 20 луѓе се приведени и се прикажани на телевизија ? Ти како прво не ни знаеш што е со останатите кои биле '' невини '', не знаеш кои се, што се, дали имаат досие, дали имале контакти со убиците, ништо не знаеш, тераш на претпоставки. Или за 2 дена сe' дознавте и кои се и што се, и 10000% сте сигурни дека се невини, дека не прекршиле некаков закон, дека не контактирале со убиците ( како што реков, и тоа е доволно да се постапи на ваков начин со нив ).
Немој те молам, срам да ти е ако излезеш на ваков протест.