Body Electric
Del Rey
- Член од
- 15 јуни 2011
- Мислења
- 222
- Поени од реакции
- 334
- Возраст
- 33
Воопшто, да се биде критичар е тешка работа, а литературните критичари можеби се „најзагрозениот вид“ во рамките на таа професија. Меѓутоа, да се критикува нешто што само за себе стои како добро, е обврска која се извршува со задоволство. За (не)среќа, јас не сум критичар, но сепак можам да кажам два-три збора за едно преубаво напишано и прекрасно смислено дело кое го стоплува срцето. Станува збор за деби романот на Ѓургица Костадиновска – „Тајните на пештерата“.
Што добиваме кога имаме шест многу различни деца, една стара мапа и пештера чии тајни чекаат да бидат разоткриени? Па, се разбира дека добиваме многу забава, духовити шеги и интересни авантури на кои се упатуваат нашите херои и хероини – Бојан, Сања, Аце, Нате, Антонио и Вики. Откако во ковчегот на дедо Димо ќе најдат една стара мапа од пештера во која се крие еден црвен дијамант, љубопитните и паметни деца, секој од нив посебен и оригинален на свој начин, се упатуваат на една возбудлива и поучна авантура, на која ќе доживеат многу нови волшебни случки, но и ќе научат некои стари безвремени морални вредности...
Нема да откријам многу од самиот заплет на книгата, затоа што не сакам да им го скратам задоволството на сите оние кои во раце ќе го земат ова прекрасно прво дело на еден голем талент што многу ветува. Секое дело во себе носи дел од душата на оној што го пишува, а од „Тајните на пештерата“ можеме да видиме дека душата на Костадиновска е добра, благородна, топла, храбра и, се разбира, полна со љубов. Прекрасно и топло напишано дело, какво што може да излезе само од перото на една чувствителна женска рака. Секоја чест!