Да кажеме да за ЧОВЕКОТ!

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
off.net.mk-7595.jpg

Ова е Шаварш Карапетјан.
Ерменски пливач од времето на СССР. До 1976-та година постигнал 11 светски рекорди, освоил 17 светски и 13 европски шампионски титули.
Неприкосновен шампион, на врв на својата кариера.
Ништо не можело да му се случи. Сè додека еден ден, на 16-ти септември 1976-та година, за време на неговиот редовен џогинг, во непосредна близина не се случила сообраќајна несреќа, кога автобус преполн со патници, излетал од браната и влетал во 10 метри длабоката и нечиста акумулација кај Ереван.
Имало 92 патника, повеќето од нив онесвестени од ударот. Автобусот веднаш потонал на дното.
Карапетјан не се двоумел ни миг.
Рипнал во црната вода, стигнал до автобусот, со нога скршил прозорец и почнал да извлекува луѓе. 30 пати загњурил, извлекол 30-тина луѓе од кои 20 успеале да преживеат.
Минал 20 минути во ладната и загадена вода пред да колабира. Поради бројните повреди од стакло, исцрпеноста и загадената вода паѓа во кома. Има и пневмонија и сепса. За чудо, после 46 дена се буди од кома но последиците се такви што никогаш нема да ја продолжи кариерата.
И тоа не е сè.
Осумнаесет години подоцна, минува покрај зграда која ја зафаќа пламен. Повторно не се двоуми, упаѓа во зградата и почнува да спасува луѓе. И повторно повеќемесечен престој во болница, повреди, изгореници.
Од 1993-та година живее скромен и мирен живот.
Има кондураџиски дуќан.
Дуќанот се вика "Втор здив".

off.net.mk-7596.jpg
Преземено од нет

И покрај се сме само луѓе, едни од многуте во толпата, но што навистина те прави Човек? Јас сум сигурен дека во секој од нас тлее она вистинското јас на кое по дифолт му личи љубовта. Да го избереме Човекот во нас и да го обоиме светот со нашата љубов и добрина, затоа шо јас верувам дека помагањето, разбирањето, толеранцијата на другите е онаа супстанца која го прави човекот навистина човек. Останав занемен и со насолзени очи додека ја читав оваа статија. Колку е голема само неговата обичност? Иако знам дека во суштината на човекот е да биде добар, сепак со исто толкава сигурност тврдам дека на добрината и треба еволуција.Затоа и ја постирав приказнава, затоа што некако ми се чини дека луѓето како да развија некој комплекс од човеноста, некој страв од едноставноста, наивноста,помагањето на другите кое неминовно го носат во себе . "Човекот добро гледа само со срцето, суштината не може да се
види со очи" рече еднаш Антоан де Сент Егзипери.

Да кажеме да за Човекот во нас! Да им помогнеме на другите.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
алал да му е!
на овој требало да му ја дадат вилата и пензијата на Брежнев
ама и тоа е малку за тоа што го направил.
--------------------------------------------------------------------------------
а да било кај нас...е..е.. еден телевизор ќе добие
ко да рипнал во Вардар по крстот и ќе го заборават.
така е секогаш и сега на работа просперираат
незаслужни лингури ги прогласуват за најдобри работници
а најголеми кривинаши са, ама знаат да го шетат кучето на шевот
и да косат трева па и да окречат ако треба напролет
така е и во ратот, најхрабрите или гинат или и да се вратат,
се враќат всело на плугот и ралото.,
а оние со двогледи сокриени на сигурно шо знаат само ...Јурииш
да викааааат, ама и потоа книги да пишуваат поминуват најдобро
таков е животот. Б О Р Б А
 

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
алал да му е!
на овој требало да му ја дадат вилата и пензијата на Брежнев
ама и тоа е малку за тоа што го направил.
--------------------------------------------------------------------------------
а да било кај нас...е..е.. еден телевизор ќе добие
ко да рипнал во Вардар по крстот и ќе го заборават.
така е секогаш и сега на работа просперираат
незаслужни лингури ги прогласуват за најдобри работници
а најголеми кривинаши са, ама знаат да го шетат кучето на шевот
и да косат трева па и да окречат ако треба напролет
така е и во ратот, најхрабрите или гинат или и да се вратат,
се враќат всело на плугот и ралото.,
а оние со двогледи сокриени на сигурно шо знаат само ...Јурииш
да викааааат, ама и потоа книги да пишуваат поминуват најдобро
таков е животот. Б О Р Б А
100 % точно !!
Добрите луѓе се игнорират , додека ѓубрето го добива тоа ште не го заслужува !!
 
Член од
25 октомври 2010
Мислења
736
Поени од реакции
704
Ме наежи стварно онака од сабајле.Секоја чест за човекот.треба барем државата да му се оддолжи на на некој начин,(y)
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
100 % точно !!
Добрите луѓе се игнорират , додека ѓубрето го добива тоа ште не го заслужува !!
- не сакам многу да откривам,да не ме откријат (душманите)
ова што го напишав е вистина и сега се случи на работа кај мене
а порано еве јас , спасив една голема несреќа на работа
не си ни поздравија со мене директорине туку наградија едно
нивно копиле што се заврти околу мене во таа акција.
Тие кучиња не му дават ни најмала шанса на вредниот и способниот да
иде напред и да успее или напредува.
Ги стават шевови горе спомнатите,што им ринтат по дома,
но увидуват дека тоа е грешка нема резултати во работата.
Но така е што да се прави.
Уште еднаш алал да му е на човекот - народен херој.
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
Иако во професијата ми се подразбира тоа, не сум човек кој гае некаква посебна надеж и возвишена љубов за човештвото.
Задоволна сум што барем веќе не го мразам.
Идеалот ми е да успеам да го прифатам.
Немам што да кажам за Човекот, ама ќе кажам Да за овој човек!

Натегање со дихотомизирања на човештвото неизбежно водат до тешки универзални конфликти.
Човекот по природа си е...човек, јебига. Зашто би запнале да одлучиме дали е добар или лош кога тие морализации не постојат во Природата?
 

Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.453
Поени од реакции
2.006
Среќа што може да се потсетам од време на време зошто е добро да се биде човек.
 
Член од
30 јануари 2012
Мислења
22
Поени од реакции
18
Браво за човекот и неговата човечност, искрено, ме наежи приказнава, тенкс за постот. Многу точно дека многу луѓе живеат со страв од едноставноста, алтруистичноста и наивноста, некои дури и се подбиваат на тоа.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Преголема хуманост во само еден човек. Ах каков би бил светов кога барем секој 10-ти би бил таков.:(
Неодамна отворив слична тема на оваа која е со прилично спротивен став, па не би можела да си одам против мене и да се сложам со тоа дека човекот во суштина е добар. Но се сложувам со тоа дека на добрината и тоа како и треба еволуција! Би сакала да ја знам формулата за тоа и да им ја пласирам на сите, но за жал не ја знам. Не можам да се сетам на нешто што еден лош човек би го направило добар. Ни на трагедија, ни на добра работа. Се` си мислам дека секој човек се раѓа ваков или таков и може да ги промени само навиките, но не и срцето. Не дека нема примери каде некој драстично се променил поради разноразни околности, но тие се толку ретки, што не ми даваат да се наслонам на нив.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Не мислиш дека човекот се раѓа добар? А @ Дивајн ; ? Не мислиш дека некаде подоцна по патот се искварува? Ма нека ме сметаат и за романтична будала, јас најцврсто стојам на тоа дека на човекот не му личи злото. И сеа тука имаш, имаш да, милион диференцијации на човечки подвидови, али знаеш шо мислам дека не сјеба у корен нас луѓето? Наметнатиот материјализам и било кој од падежите на хедонизмот.

"Скромноста е особина на глупавите луѓе".

Колку е само фак енд геј поговорката, али пука од трендоќа. Уствари толку е тренди шо забораваме и на вредности и на фамилија и на минливоста на животот, ма на се. Ја не негирам дека денес сме само прљава бљувотина од тоа шо ко некој не создавал сакал да бидеме, али постоењето на луѓе како гореспоменатиов ги доживувам како трезевена шлаканица.

Тргнуваш толку наивно, толку невино во овој живот, се искваруваш по пат ( некој помалку, некој повеќе) и само прашање на време е ми се чини кога ќе се свестиш? Или ако се свестиш е правиот момент.

Али зарем кога ја посматраш онаа брутална и поразителна детска наивност и невиност не мислиш дека ми држи муабетот дека суштината на нашето постоење е добрината, хуманоста, едноставноста, скромноста...

Еј, знам дека муабетот е фејк за денешно време, али не отстапувам.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Не мислиш дека човекот се раѓа добар? А @ Дивајн ; ? Не мислиш дека некаде подоцна по патот се искварува? Ма нека ме сметаат и за романтична будала, јас најцврсто стојам на тоа дека на човекот не му личи злото. И сеа тука имаш, имаш да, милион диференцијации на човечки подвидови, али знаеш шо мислам дека не сјеба у корен нас луѓето? Наметнатиот материјализам и било кој од падежите на хедонизмот.

"Скромноста е особина на глупавите луѓе".

Колку е само фак енд геј поговорката, али пука од трендоќа. Уствари толку е тренди шо забораваме и на вредности и на фамилија и на минливоста на животот, ма на се. Ја не негирам дека денес сме само прљава бљувотина од тоа шо ко некој не создавал сакал да бидеме, али постоењето на луѓе како гореспоменатиов ги доживувам како трезевена шлаканица.

Тргнуваш толку наивно, толку невино во овој живот, се искваруваш по пат ( некој помалку, некој повеќе) и само прашање на време е ми се чини кога ќе се свестиш? Или ако се свестиш е правиот момент.

Али зарем кога ја посматраш онаа брутална и поразителна детска наивност и невиност не мислиш дека ми држи муабетот дека суштината на нашето постоење е добрината, хуманоста, едноставноста, скромноста...

Еј, знам дека муабетот е фејк за денешно време, али не отстапувам.
Со тоа што кажав дека човекот се раѓа ваков или таков, не мислев буквално така, туку нешто како скоро од јасли се оформува во тоа што е цел живот. Прво нели, зависи од какви родители е плод, па потоа секој збор и дело врз него го прават добар или лош. Посебно лош момент е материјализмот, се сложувам. А тоа не е тешко да замислиш како може да исквари и едно штотуку проодено дете. Од таа возраст многу убаво му се всадуваат тие материјални потреби, кои со тек на време само може да се влошат, а никако да се подобрат. Значи тргнуваш невин што тргнуваш, но многу брзо можеш да се исквариш. Толку брзо што ќе изгледа како таков да си се родил.
Затоа не се водам по таа детска наивност и невиност. Ако ја има - ја има до крај, ако не - како што кажав, веднаш ќе ја снема. Жалосно што за тоа не се одговорни тие невини деца и често не се свесни кој пат го избрале и колку всушност не ни биле свесни да изберат.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Братучетка ми, ми го пушти и ме :place: и ме :) Сепак постои надеж за човештвото...:)

„Луѓето не се секогаш ужасни. Понекогаш, тие можеби се дури и по малку прекрасни“ – пишува Џек Шепард пред да ја објави својата компилација од фотографии кои веќе допреа до милиони срца низ светот.

1. Над 200 јапонски пензионери доброволно се пријавија за да влезат во контаминираната зона во Фукушима и да помогнат во поправањето на штетите од цунамито. Тие изјавиле дека го прават тоа за младите да не се изложуваат на радијација. „Ние мора да работиме наместо нив. Повозрасните лица се помалку чувствителни на радијација. Затоа, мора ние да работиме“ – изјавил 72-годишниот Јасутеру Јамада.

01.jpg

2. Маж ѝ ги дава своите апостолки на бездомничка во Рио де Жанеиро.

02.jpg

3. Натпреварувачка од Охајо ѝ помага на повредената конкурентка да ја премине целта.17-годишната Меган Вогел била последна во трката кога ја стигнала Арден МекМат, која се борела да продолжи со трчање. Наместо да ја премине за да не остане на последното место, Меган ја зела раката на Арден, ја ставила преку своето рамо и ја носела 30 метри до целта.

03.jpg

4. За време на протести во Бразил, генерал им рекол на демонстрантите: „Не се тепајте, ве молам, не на мојот роденден...“, а потоа, група демонстранти му приредиле роденденско изненадување.

04 (1).jpg

5. Маж од Мелбурн скокнал во вода за да го спаси кучето на жена која не ја познавал. Кучето завршило во водата поради силен ветер. Спасителот, Раден Соемавината, тој ден бил на кејот за да ја расфрли пепелта на својата почината баба.

05-1.jpg

6. Стара госпоѓа му ја дала на келнер оваа порака заедно со банкнота од 20 долари. Пораката вели: „Лук, бакшишот ти го дадов затоа што ме потсетуваш на син ми Дерон, кој почина пред 15 години. Можеби малку личиш на него, но твојот љубезен, нежен, добронамерен, учтив дух ја прави поврзаноста со него. Благодарам за слатко-горчливото сеќавање на него. Бог да те благослови!“

06.jpg

7. Две момчиња од Норвешка спасуваат овца од океан.

07.jpg

8. Табла поставена на книжара: „Во секое време: Ако немате пари да купите книги, а имате потреба или сакате да читате, послужете се.“

08.jpg

9. Знак на кој е напишано: „Бесплатен оброк за бездомниците, секој петок од 3 до 5 попладне“.

09.jpg

10. Жител на село во Индија носи мачиња на суво за време на поплава.

10-1.jpg

11. Бесплатно хемиско чистење за лица кои одат на интервју за работа. „Ако сте невработени и ви е потребна чиста облека за на интервју, ние ќе ви ја исчистиме БЕСПЛАТНО.“ Околу 2.000 лица ја искористиле услугата, а тоа ја чинело компанијата 32.000 долари.

11.jpg

12. Пожарникар му дава кислород на маче спасено од опожарена куќа.

12.jpg

13. Мачка спасена од пожар.

13.jpg

14. Девојка од Гватемала добива цвеќе од турист кој тукушто го запознала.

14.jpg

15. Две деца спасуваат куче.

15.jpg

16. Младо семејство наместо сметка ја добило оваа порака додека било на вечера: „Еднаш, некој нам ни ја плати вечерата кога бевме млади родители. Тоа ни остави голем впечаток. Основата на овој гест беше доброто родителство. Продолжете со добрата работа... Времето минува толку брзо.“

16.jpg

17. Најдобри пријатели на лулашка.

17.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom