Секој има човечност во себе, секој човек ја почуствувал таа човечност, било дали се работи за сочуство или за сожалување. Не е човечен тој што не се растажува од ужасна животна приказна, од тажна случка или ситуација, ако не го погодуваат човекот некои такви случки значи нема човечност.
Хуманоста е една од најубавите страни на човекот. Но, нема денес многу хумани луѓе. Секоја чест за спортистот што несебично спасувал животи, па поради тоа и си ја изгубил професијата. Нема денес да сретнеш таков човек, тие луѓе денес се реткост, кои би ги жртвувале да не речам сопствените животи по цена да спаст туѓ живот. Денес ќе сретнеш сеирџии, во смисла некој се бори за живот, а неко му фаќа сеир од страна место да му помогне.(Случајот со последниот пожар во Струмица, дел од повредените биле на местото на настанот само поради сеир).
Да си подаваме рака едни на други за подобро општество.
Не е потрено којзнае колку за да бидеш хуман.
Една десет денарка да ја подариш на некој бездомник нема да те направи посиромашен, една стара блуза која нема да ја носиш да ја поклониш на некое детенце кое се тресе од студ на зима нема да те направи посиромашен.
Сум за помагање секогаш кога се може, колку можеш помогни некому, можеби еден ден ќе ти треба помош од некој од кој најмалку си се надевал дека ќе ти треба.