Ај ако може хајлајтс од утакмицата, на работа бев и неможев да ја гледам.
Според резултатот и вашите коментари, заморот го направил своето. Колку и да се биле изморени требало да стегнат заби, пошо оваа беше најверојатно и решавачка утакмица, но сепак мислам дека сезонава се е фрлено на ЛШ. Колку и да сме десеткувани во одбраната, мислам дека можеме да ја освоиме толку посакуваната титула. Арно кажа фантомот: доколку оваа стара багра има свој ден (а Малуда е повреден или нема право на настап - ова е од мене) нема тим на светот што може да ги победи.
П.С. Очекувајте на лето да го земеме Сисе за едно 40тина милиони фунти. Пошо изгледа на Абрамович му премина во навика секој играч што не решети да го купи (Торес, Меирлеш... понудите до Кавани, Лавеци и ред други)
--- надополнето: 3 мај 2012 во 01:31 ---
Според овие
http://www.soccer-blogger.com/2012/05/02/chelsea-vs-newcastle-0-2-highlights-2012-video-papiss-cisse-goals-vs-chelsea/ хајлајтси ќе кажам само 3 работи:
1: Да шутираше Стариџ како тоа што се мисли дека е (врвен напаѓач) во онаа 10та минута, бидете сигурни дека Њукасл ќе го јадеа слично ко КПР.
2: Шутот на Тери во 88минута, и оној што ја одби (незнам кој беше) се одлично изведено, немавме среќа (или како сакате кажете)
3: Колку и да сме биле катастрофа, можам да кажам дека едноставно денес сите коцки биле подредени за Њукасл. И 2та гола беа такви што уште 50пати да се најде во иста ситуација (особено 2риот, кој беше шут на жими мајка, да се отера топката во ку*ац) немаше гол да постигне Сисе. Слично ко ножичките на Руни против Сити.
Очекувам да добијам многу критики за 3тово, но тоа е факт. Исто ко она што ни се случи нам на Ноу Камп, едноставно кажано, така требало да биде.
Многу сум разочаран, но пак ќе кажам дека според мене годинава се е фрлено на картата ЛШ. Дали ќе се исплати ризикот, ќе видиме. И пак ќе го цитирам фантомот:
Доколку оваа стара багра има свој ден, нема тим на светот што ќе ги запре. Се надевам тој ден ќе е 19ти
Спортски поздрав
--- надополнето: 3 мај 2012 во 01:31 ---