Македонско фудбалско првенство 2012/2013

Кој ќе биде новиот шампион?


  • Вкупно гласачи
    325
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
30 јуни 2008
Мислења
1.983
Поени од реакции
1.264
Која беда од фудбал :facepalm: не ми се верува зошто потрошив 60 минути за гледање, па дури и одбојката помеѓу Струмица и Шкендија беше далеку поинтересна. Има ли спас од овај страм ?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.977
Поени од реакции
74.001
3-1 за Ренова на крајот, нивна прва куп титула...
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.937
Поени од реакции
16.228
Заслужен триумф на Ренова, во второ полувреме можеби беше подобар фудбалот, ама у глобала мизерен беше. Шо фајде и од навивачи, кога на терен глеаме дрва..
 

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
Многу слабо одигравме и сосема заслужено сме поразени. Сите сили ни беа насочени во купот,во првенство со младинци игравме и се џабе. Единствениот тим кој можеше да помине некое коло во Европа беше токму Работнички,но оваа година за жал ке нема настап во Европа. Реален да бидам и не ни заслуживме да играме,со маникени во составот кој си играат курташак. Се каам што бев во Штип и место фудбалери да гледам маникени со мал исклучок. Честитки до екипата на Ренова и успешен настап во Европа.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.977
Поени од реакции
74.001
Многу слабо одигравме и сосема заслужено сме поразени. Сите сили ни беа насочени во купот,во првенство со младинци игравме и се џабе. Единствениот тим кој можеше да помине некое коло во Европа беше токму Работнички,но оваа година за жал ке нема настап во Европа. Реален да бидам и не ни заслуживме да играме,со маникени во составот кој си играат курташак. Се каам што бев во Штип и место фудбалери да гледам маникени со мал исклучок. Честитки до екипата на Ренова и успешен настап во Европа.
Изгледа сум пропуштил нешто околу Газиев, што е поентата што сите имаат маици "Газиев бори се, со тебе сме"?
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
ФФМ: Вардар и Шкендија не добија лиценци за настап во Европа

Лиценцната комисија при ФФМ денеска објави дека пет од осум пријавени клубови за настап во евро-куповите добиле лиценца, а три, меѓу кои се лидерот Вардар и се уште актуелниот фудбалски првак Шкендија – се одбиени.

Лиценцната комисија реши да им додели лиценци на Силекс, Работнички, Ренова, Металург и на Хоризонт Турново, а одбиени се Вардар, Охрид и Шкендија.
Според најавите, ова е првична одлука на лиценцната комисија на Федерацијата, која најчесто се раководи според исполнувањето на финансиските, правните, организациско-административнитем спортските и инфраструктурните критериуми. На оваа одлука сите клубови имаат право на жалба во рок од три дена.
Комисијата ќе ги следи клубовите кои се здобиле со лиценца и доколку се увиди дека има прекршување на некои од критериумите ќе ја извести Комисијата за лиценцирање, која го задржува правото да ја одземе доделената лиценца.
Во случајот со Вардар, Комисијата за лиценцирање побарала од клубот да се достави дополнителен доказ, за кој ќе се одлучува дополнително, но никој од ФФМ не сакаше да соопшти која точно било причината за недоделување на лиценца на Вардар, кој годинава важи за најорганизиран клуб во Македонија.
http://www.mkd.mk/29594/sport/ffm-ne-im-dade-licenci-na-vardar-i-na-skendija/
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.046
Поени од реакции
45.756
Ќе ја види ли Вардар идната сезона Европа, со оглед дека се наоѓа пред освојување на шампионската титула во Македонија?! Комисијата за лиценцирање при ФФМ го стави најтрофејниот клуб на дополнително разгледување, а треба да достави дополнителен доказ. Во официјалниот извештај од ФФМ не е соопштено за што конкретно се работи, но најверојатно е дека „виси“ финансискиот извештај, бидејќи Вардар како нов правен субјект (се пререгистрира во А.Д.) нема документација за три години наназад, како што се бара во оваа постапка. Шкендија е клубот кој не доби лиценца, а има европски аспирации, Металург и Ренова добија условни лиценци кои треба да ги потврди и УЕФА. Во продолжение и официјалното соопштение од Комисијата за лиценцирање при ФФМ, кое е објавено на сајтот на Фудбалската федерација на Македонија.


Комисијата за лиценцирање при Фудбалската Федерација на Македонија денес во 13 часот го одржа својот состанок и ги разгледуваше само барањата за лиценца на клубовите кои се пријавија за учество во натпреварувањата во организација на УЕФА за сезона 2012/2013.

Комисијата за лиценцирање ги разгледуваше барањата заедно со документацијата доставена во лиценцната постапка согласно роковите опишани во Правилникот за лиценцирање верзија 5, а прегледани од страна на Одделението за лиценцирање при ФФМ и ја донесе следнава одлука:

1.На клубовите:

ФК Силекс – Кратово

ФК Работнички – Скопје

ФК Ренова – с.Џепчиште,Тетово

ФК Металург – Скопје

ФК Хоризонт – с.Турново, Струмица

Да им додели условна лиценца за учество во натпреварувањата во организација на УЕФА за сезона 2012/2013 до рокот определен за формирање на АД.

По донесувањето на одлуката, Одделението за лиценцирање ќе ги следи клубовите кои се здобиле со лиценца и доколку се увиди дека има прекршување на некои од критериумите ќе ја извести Комисијата за лиценцирање. Комисијата за лиценцирање го задржува правото да ја одземе доделената лиценца.

2.На клубовите:

ФК Охрид 2004 –Охирд

ФК Шкендија – Тетово

Да не им додели лиценца за учество во натпреварувањата во организација на УЕФА за сезона 2012/2013.

Клубовите кои не се здобиле со лиценца, имаат право на жалба во рок од 3 (три) дена од прием на одлуката на Комисијата за лиценцирање.

3.На клубот ФК Вардар – Скопје, Комисијата за лиценцирање побара од клубот да се достави дополнителен доказ и за кој ќе се одлучува дополнително.

http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=7968
 
Член од
19 мај 2010
Мислења
2.124
Поени од реакции
324
kako sto razbirav od nashata uprava ne zemavme licensa deneska zaradi nekoj transferi, barat nekoj dokumenti tie od uefa, i zalbata ke bide odnesena utre i posle nekoe vreme ke zemame licensa. Isto taka razbirav deka vardar ima golemi problemi i sansite se mnogu mali da bide prestavnik vo CH.L ova godina
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.937
Поени од реакции
16.228
Демек и двата клуба имаат амбиции за пласман во групна фаза од ЛШ или ЛЕ, па ќе значи нешто ова ако им дадат лиценца.
Ќе поминат едно коло (?!) со екипа од Ф. Острови.. и јака муда.
А дале, а не, исти ташак е. Освен за навивачите на тие клубови..
Многу работи треба да се менуваат кај нас, а не да се крева фама околу лиценца за во Европа.
Има некој клуб кај нас кој изборил пласман во Европа, а не му дале лиценца до сеа ?
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Демек и двата клуба имаат амбиции за пласман во групна фаза од ЛШ или ЛЕ, па ќе значи нешто ова ако им дадат лиценца.
Ќе поминат едно коло (?!) со екипа од Ф. Острови.. и јака муда.
А дале, а не, исти ташак е. Освен за навивачите на тие клубови..
Многу работи треба да се менуваат кај нас, а не да се крева фама околу лиценца за во Европа.
Има некој клуб кај нас кој изборил пласман во Европа, а не му дале лиценца до сеа ?
Се има случено во неколку наврати да одреден клуб не добие лиценца, али се бројат на прсти.
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.130
Поени од реакции
8.077
Се има случено во неколку наврати да одреден клуб не добие лиценца, али се бројат на прсти.
не...тим што изборил европско натпреварување никогаш не му се случило да не добие лиценца
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.977
Поени од реакции
74.001
не...тим што изборил европско натпреварување никогаш не му се случило да не добие лиценца
Вардар не доби лиценца во 2008 (мислам дека беше оваа сезона) ради блокирани сметки, па лиценцата отиде кај Ренова.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom