Да е грешка, значи дека некој може ладнокрвно да усмрти 5 луѓе а полицијата, за која последните години се издвојуваат и поголеми пари од претходно, да нема појма за ништо.
Таквиот евентуален факт е доволно очаен за мене, дали има некакви режирани работи е сосема небитно после тој прв момент кој би укажувал на неможност за контрола на една реално гледано, мала територија.
Не знам дали ме разбираш и дали воопшто од децава (извини ако си и ти помлад) на форумов некој разбира нешто или сите како на готово ќе им сервираат, така сркаат. Никој не приметувам да мисли со своја глава. Пред 15 години, на нивна возраст имаше многу повеќе соговорници по форумите, кои подлабоко и пологично размислуваа.
Има многу аргументи кои следново го поцртуваат
1. Убијците кај Смиљковско езеро не се вахабисти, исламисти, муџахедини, борци против НАТО, бла бла блааааааа.
2. Убијците не се помеѓу уапсените.
3. Убијците се на Косово.
Целата финта е од кои причини се направи оваа акција... и по чија директива. Дека уапсените се државни непријатели, ДА. Но на нив да се фрли вината за убиството можеби е само тешка политика, а може доколку не е добро смислена, да испадне тешка афера и брука.
Дали воопшто знае некој од форумов, за случајот „Раштански лозја“ или на пример пак аферата за случајот со германскиот државјаннин од иранско потекло и неговото киднапирање и присилен „престој“ во хотел „белви“? Ова само се примери со што све треба да сте соочени кога се работи за политика. Дали воопшто на некој му е важна ВИСТИНАТА?