Oд САД не се штетни само производите од Мекдоналдс, туку штетна е и Кока Колата која што содржи лист од Кокаин (затоа предизвикува завист), штетни се и американските Батаци кокошкини и мисиркини, штетна е и нивната пластична амбалажа.
Вака гледано, од САД единствената работа што излегла а не е штетна е интернет.
Нормално некој ќе рече филмовите, арно ама тоа ти е државен маркетинг за тоа колку е добар америчкиот начин на живот и да не редиме се друго.
За храна па муабет да не правиме, што знаат САД што е добра храна, кога имаат само 300 години држава, храната е еден дел од културата на еден народ, исто како што се музиката, театарот со еден збор преку исхраната можеш да ја прочиташ историјата на еден народ односно како живеел низ вековите, како на пример ние Македонците без пиперка не може да замислиме јадење и имаме доста јадење што се доста ефтини за да се направат ама истовремено хранливи, што ни кажува дека сме живееле доста сиромашно.
Храната што доаѓа САД, може да се каже следното: најди се побрзо, не треба да мислиш што јадеш, некој друг ќе ти каже (I'm lovving it) .
Целата поента не е што јадеш, туку што работиш, колку пари заработуваш, какви коли возиш и слично, што значи самото САД општество те претвара во некој морон што работи не за да ужива туку да се фали, а тоа се детски болести на општеството.
Овие постарите општества имаат цел ритуал кога се конзумира храна, тоа ти е дел од животот и за тоа храната е одлична на мирис и вкус
или сумирано
Кујната е духот на времето на еден народ.