ATP Минхен 250 земја
Томич - Рохус
Оваа недела имаме 3 турнира од АTP турата , еден од кои е турнирот во Минхен каде паричната награда е 450.000 евра плус BMW Z4 sDrive28i + 200 ATP поени на ранкингот и 71.900 евра за шампионот.
Од фаворитите прв е Тсонга со највисок ранкинг , потоа Лопез , Давиденко , Чилич , Јужни , Колшрајбер , Томич и Багдатис. Лани шампион беше Давиденко. Томич е најмладиот играч на турнирот со 19 години , додека најстариот е Томи Хас со 34 години. Германија има најмногу преставници на овој турнир , дури 8.
Томич моментално е во најдобрата форма од својата кариера. Моменталниот ранкинг му е 33 , оваа сезона е 14-8 , 2-2 на земја. Најголеми успеси оваа сезона му се полуфинале во Бризбејн и 1/4 финале во Делреј Бич.
Рохус е 66-то пласиран на АТП ранг листата , оваа сезона е во негатива 8-11 , и сеуште е без победа на земја , 0-2. Најголеми успеси му се финале во Окланд и 1/4 финале во Мемфис.
Тука и според форма и според квалитет мислам дека Томич ќе победи. Титулата не носи многу бодови , меѓутоа парите и главната награда се сосема доволни за било кој тенисер да го даде максимумот од себе. Рохус двапати играше на земја оваа сезона , пораз од Вердаско во Монте Карло со 2:1 ( загуби со 4 гејма разлика ) и пораз од Гарсија во Барселона ( 6 гејма разлика ).
Денес се среќава со Томич за прв пат кој има 2 победи на земја ( двете победи над Иштомин и Гулбис беа со 5 гејма разлика ). Мислам дека Томич овде ќе победи со 6:4 6:4.
Тип : Томич -3,5 @ 1.80 влог : 4/10