Boomerang
Немој CTRL+W.
- Член од
- 18 јуни 2006
- Мислења
- 3.709
- Поени од реакции
- 809
Сакам да ослабам, да го стопам салото, пијам L-Carnitine суплемент од Swanson, почнав со кардио (трчање, aero-kickboxing workouts) а правам и вежби за стомачни, колку толку да се стегам. Ако не е проблем, би сакал некој што стварно се разбира и е поупатен во оваа област да ми одговори на неколку прашања.
1. Што е најдобро да се јаде пред и после кардио? Читав на нет, повеќето викаат дека пред кардио треба да се јадат јаглехидрати, да ти дадат енергија за да издржиш, а после кардио протеини. Е сега па некои викаат дека после кардио треба зеленчук, ама според тоа што го прочитав и зеленчукот е јаглехидрат и ќе покачи ниво на инсулин и нема долго после кардиото да ги топи организмот сам мастите. Е сега кои од сите овие теории на интернет е според вас точна, некој совет, што на вас ви успеало и слично?
2. Белиот чај како што прочитав има најголема концентрација на антиоксиданси од сите можни чаеви, што е нели одлично за слабеење. Е сега ме интересира, кога е најпрепорачливо да се пие? Во тек на целиот ден, или има некои посебни термини? Пример пред, по ручек итн..
3. Што мислите за сите оние "здрави" muesli bars од Vitalia и слични продукти? Според тоа што читав на нет, многу луѓе викаат дека се маркетиншки трикови и дека се "енергетски бомби".
Фала однапред, ако ми текне уште нешто ќе прашам