Програм за слабеење :)

  • Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Нема потреба за никаков програм траба само трпение, значи здрав начин на исхрана и правење кардио вежби како на пример еве од сабајле ќе си земеш да трчаш до максиум ќе се трудиш се повеќе да можеш да издржиш, потоа поручек еден тренинг како на пример скокање со јаже колку можеш повеќе време толку подобро и по можност ако сакате да практикувате одење во теретана и вежбање со максимални тежини значи се што треба е само упорност ако сакате да ослабеете и тоа е тоа, освен тоа и пиење многу вода дневна потреба да биде повеќе од 3кг, исто така и практикувајте пиење на чаеви(По можност зелен чај) три пати на ден и пиење кафе сабајле и поручек.
И многу вода не е на арно.
литро на 1000 калории е таман.
 
Пропалица

Мртов/а
Член од
25 јуни 2011
Мислења
2.866
Поени од реакции
1.406
И многу вода не е на арно.
литро на 1000 калории е таман.
дневна потреба е 40 мл по килограм телесна тежина, мислам дека не е штетно да се пие многу вода јас пијам околу 5 кг дневно зависи од обврските кој ги имам и мислам дека не е штетна, кој колку може нека си пие а и доволно е 2 кг да се испие бидејки водата ги потикнива согорувањето на масти, исто и може да најдете некоја вреќа и да ударате во неа(боксерска вреќа) и се согорува некаде околу 500 калории за саат во ударање на вреќа.
 
Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
И многу вода не е на арно.
литро на 1000 калории е таман.
Јас по 3 литри пијам на ден(2 шишиња).Вода е најздраво да се пие и метаболизамот ми е побрз...побргу се слабее со повеќе вода.Правилото е 2 литри ама јас почнав со 2 стигнав до 3 и толку повеќе не мрдам :D
 
S

Shellshock nam67

Гостин

kolku e zdravo bubregot ce kazi :)
sepak do 2 litri e prifatlivo ama 3 ili povejke so znam mora da e stetno
 
Член од
10 јуни 2007
Мислења
322
Поени од реакции
156
Здраво е за бубрезите доколку не претеруваш, но ако спортуваш, логично е организмот да троши повеќе храна и вода од некој што не спортува или не врши некоја поголема физичка активност. Минималниот внес на вода за обичниот човек е 2л дневно, секако доколку спортувате нормално е да внесете барем уште најмалку 1л повеќе. Зошто во теретана или на петека кога се потите, јасно е дека исфрлате вода и најдобро би било во текот на тренингот и после тренингот да се напиете вода, за да ги повратите изгубените течности. Јас лично спортувам повеќе години и пијам по 3 до 4л вода секојдневно, не сум имал никакви проблеми со бубрезите, затоа што осеќам дека ми е потребна водата.

Подобро е да се биде хидриран, отколку да се дехидрира, дехидрацијата постепено ја менува физиологијата на организмот и доведува до хронично дегенеративни промени на ткивото и органите. Болестите како што се висок притисок, чирот на желудник, алергии, астма и сл. може да бидат последица на константно дехидрирање.
Ако почуствувате некои од знациве значи дека сте под блага дехидрација и најдобро би било да посегнете по водата: сушење на устата-зголемена жед, темна боја на мокрачата, сува кожа, губење на апетитот, притисок, премореност и чувство на изнемоштеност.

Некој совет:
Од сабајле чаша вода на гладно срце е добро за да го прочисти желудникот и да го разбуди организмот т.е. да го забрза метаболизмот, после (спиењето) долгиот период на не внесена храна и течности (вода).
За време на тренингот обавезно да се внесува вода, без разлика дали чуствувате жед или не. Добро е водата што ја исфрлате кога се потите додека вежбате константно да ја враќате.
Да не се пие вода пред и по оброкот, издржете половина час пред да јадете или по јадењето. Водата ја разредува желудечната киселина и го успорува варењето на храната, при што ствара потешкотии.
Не дозволувајте да ви се исуши устата и да чуствувате жед, затоа што тоа е знак на дехидрација (читај погоре)

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Ако сте во можност и може да ја поднесете добро е 80% од внесот на вода во денот да биде минерална. Го снабдува телото со потребни минерали и попозитивно влијае врз организмот од чешмовача :)
 
Уф, другар од каде ти е оваа информација?
Јас мислам дека е сосема неточно, затоа што на телевизија гледав баш еден лекар зборуваше за минерелната вода дека го покачува pH нивото во организмот, а телото пробува цело време ја држи на нормала, при што ствара потешкотии, иако моментално се чувствувуаш добро. Така што многу кисела вода и не е толку добра како што си напишал ти.
Да не се мислело 80% обична вода, 20% минерална? Не ми е веродостојна воопшто информацијата дека треба да се внесува 80% минерална вода.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Ако сте во можност и може да ја поднесете добро е 80% од внесот на вода во денот да биде минерална. Го снабдува телото со потребни минерали и попозитивно влијае врз организмот од чешмовача :)
Апсолутно неточно. Ако внесуваш 80% минерална вода подолг временски период најверојатно ќе завршиш со камења во бубрезите или жолчката добар дел од пациентите што ги гледаме кажуваат дека секојднево пијат вода од минерален извор или куповна минерална. Дури и кога се пие минерална вода се препорачува да се менува производителот на неколку месеци. Најдобро е да се пие обична вода (ни прочистена не е добра а сега во мода се апарати за пречистување на вода)
--- надополнето: 26 април 2012 во 13:12 ---
kolku e zdravo bubregot ce kazi :)
sepak do 2 litri e prifatlivo ama 3 ili povejke so znam mora da e stetno
Што повеќе вода пиете ТОА Е ПОДОБРО за бубрезите затоа што на тој начин им се олеснува работата.
 
I

Iblis

Гостин
Што повеќе вода пиете ТОА Е ПОДОБРО за бубрезите затоа што на тој начин им се олеснува работата.
Постои Ј крива кај внесувањто вода во организмот. Одреден оптимален внес над и под кој можете да ги оштетите бубрезите. Не заборавајте дека освен пиењето вода, истата ја внесуваме и преку храната. 1-3 литра од чешма/шише во зависност од физичката активност и надворешната температура се ОК количина.
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Уф, другар од каде ти е оваа информација?
Јас мислам дека е сосема неточно, затоа што на телевизија гледав баш еден лекар зборуваше за минерелната вода дека го покачува pH нивото во организмот, а телото пробува цело време ја држи на нормала, при што ствара потешкотии, иако моментално се чувствувуаш добро. Така што многу кисела вода и не е толку добра како што си напишал ти.
Да не се мислело 80% обична вода, 20% минерална? Не ми е веродостојна воопшто информацијата дека треба да се внесува 80% минерална вода.
Another reader asked whether drinking mineral water might cause kidney stones. To the contrary! If you are at risk of kidney stones, your doctor will probably suggest that you increase your intake of fluids and get more calcium and magnesium. Mineral water to the rescue! In fact, one study found that drinking mineral water reduced kidney stone formation in people prone to get them.

извор http://nutritiondiva.quickanddirtytips.com/is-mineral-water-good-for-you.aspx

Погрешни ви се сваќањата, минералната вода има МНОГУ ПОВЕЌЕ бенефити за здравјте од обичната
 
Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Минерална во никој случај,не само тоа туку и дебелеење ќе предизвика.Од пластиката во неа се раствора некоја состојка која дејствува со водородот и го поттикнува телото на повеќе апетит! да не зборуваме за камењата и такви работи....
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Минерална во никој случај,не само тоа туку и дебелеење ќе предизвика.Од пластиката во неа се раствора некоја состојка која дејствува со водородот и го поттикнува телото на повеќе апетит! да не зборуваме за камењата и такви работи....
Можеш ова да го поткрепиш со некој доказ или рекла-казала е?
Како може минералите штетно да влијаат врз организмот? Ако е за камења во бубрези ондак млеко и млечни производи ни на сон не смее да се конзумира.
Јас доста често ја конзумирам минералната вода и досега не сум имал проблеми, ако е за пластиката тогаш се што е пакувано во пластични шишиња е штетно во кои влегува и обична вода.

Најштетно што може да ви се случи од минерална вода е подуеност во стомакот
 
Ако внесуваш минерална вода тогаш организмот ги апсорбира минералите од неа и се зголемува нивото на минерали во крвта, меѓутоа ова не е страшно затоа што организмот има механизми со кои одржува точно строги концентрации на минерали како натрум, калиум, магнезиум и други минерали во крвта преку излачување на истите преку бубрезите. Проблемот е што овој вишок минерали вака излачен се задржува во бубрезите т.е. мочниот меур, таму агрегира најпрвин во вид на кристали а потоа во вид на каменчиња. Во случај на појава на каменчиња се препорачува престанок на пиење на минерална вода (иако веќе е касно) или пак се препорачува пиење на минерална вода со сосема друг ПХ со цел да ги разбие камењата, пример препорачуваме Пролон вода.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Минерална во никој случај,не само тоа туку и дебелеење ќе предизвика.Од пластиката во неа се раствора некоја состојка која дејствува со водородот и го поттикнува телото на повеќе апетит! да не зборуваме за камењата и такви работи....
-.-
И шо со тој апетит, ако тебе ти се мерени јадењата немаш гајле.
Можеш ова да го поткрепиш со некој доказ или рекла-казала е?
Како може минералите штетно да влијаат врз организмот? Ако е за камења во бубрези ондак млеко и млечни производи ни на сон не смее да се конзумира.
Јас доста често ја конзумирам минералната вода и досега не сум имал проблеми, ако е за пластиката тогаш се што е пакувано во пластични шишиња е штетно во кои влегува и обична вода.

Најштетно што може да ви се случи од минерална вода е подуеност во стомакот
Има минерална НЕгазирана вода.
 
Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Можеш ова да го поткрепиш со некој доказ или рекла-казала е?
Како може минералите штетно да влијаат врз организмот? Ако е за камења во бубрези ондак млеко и млечни производи ни на сон не смее да се конзумира.
Јас доста често ја конзумирам минералната вода и досега не сум имал проблеми, ако е за пластиката тогаш се што е пакувано во пластични шишиња е штетно во кои влегува и обична вода.

Најштетно што може да ви се случи од минерална вода е подуеност во стомакот
Можам да го поткрепам како не,во пластиката на шишињата се наоѓа хемикалијата Бисфенол,која го лаже телото дека треба да создава додатни маснотии.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom