11 години од масакрот во Вејце

  • Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Вечна им слава.
Копилињата кој се извлекоа .... оние кој ги ослободија......сите на најмилото да си дочекаат. А ние нема да заборавиме како гореа живи, како ги масакрираа и за кој будали загинаа.
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Koја оштета, и чии пари?
па го повлекоа барањето, ама еден период имаа и такви идеи... некаде 2008-2009 мислам беше. да не офтопицирам, прогуглај има информации
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
Бев детиште кога почна војната.
Мислам дека тоа е период во кој нашиот дом беше вистинска коњушница. Свињарник. А така беше затоа што буквално коњи и свињи престојуваа кај нас дома, еден по друг, или заедно, со месеци. Од роднини, до блиски и подалечни пријатели. Многу, многу народ кој бегаше од регрутација знаејќи дека кај нас дома нема да дојде никој оти стариот мој го одбија затоа што имал грозоморен диоптер or something.
Она што ме фасцинира денес, кога се навраќам, е тоа што баш тогаш разговарав со стариот, оти во цела моја наивност бев убеден дека сите овие луѓе на кои бесплатно им издава спрат се ебани предавници и треба да ги избрка. Ми рече дека времето ќе покаже, дали тие луѓе навистина се предавници или се само доволно свесни.
Мојата најголема болка додека созревав беше тоа што навистина тие луѓе беа доволно свесни. Се случи војна, се случија убиства и масакри, семејства останаа уништени, деца изгубија татковци, цели населби беа расселени....семејствата добија симболичен надомест, кој потоа државата си го бараше назад....и останаа заборавени. Буквално заборавени. Додека тие семејства на убиените и ранетите страдаа, нарачателите на убиствата влегоа триумфално во министерствата и си разменуваа фотелји.
Тоа е еден таков брутален, циничен расплет на настаните, кои ние младите денес можеме да го протолкуваме само како причина плус зошто да НЕ ја ебеме оваа држава и нејзиниот евентуален(и најверојатно иманентен)плач за помош.
Кога некој како мене, кој созревал додека се ладеле чаурите и се деминирале полињата, гледал како се амнестира неправдата и се маргинализираат, па и бришат грозотиите извршени врз оние кои стоеле во негова одбрана...би бил повикан да стави глава во вреќа, сериозно би размислил за кого го прави тоа. Сигурно не за овие подлизурковци, без'рбетници и шљамови кои не' доведоа до сомнеж према нешто толку свето, како потребата да се брани сопствената држава.

Вечна им слава.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Само еден бранител ја одбележа годишнината од масакрот кај Вејце во Скопје

Ацо Стојановски од Унијата на бранителите сам во паркот Жена Борец да им одаде почит на 8мината загинати бранители во масакрот во Вејце од пред 11 години. За разлика од претходните две, оваа година изостана одбележување и на местото на злосторството.
Запали свеќа се помоли и се поклони пред споменикот на бранителите. Ацо Стојановски од Унијата на бранителите сам во паркот Жена Борец да им одаде почит на 8мината загинати бранители во масакрот во Вејце од пред 11 години. Повикал над 1.000 луѓе и здруженија, купил свеќи, го испечатил во повеќе копии некрологот со сликите на убиените, но никој не се појави претпладнево.
- Денес беше намерата да чествуваме заедно со семејствата на погинатите кои денес во Битола тажат по повод 11 годишнината од загинувањето на македонските бранители во крволочниот чин и масакрот во Вејце извршен од страна на терористичката ОНА. За жал се наоѓам осамен во идеите кои сакав да ги споделам со граѓаните на Македонија, но уште повеќе ме изненадува односот на државата на институциите на системот. Се прашувам кој ќе ја брани државата ако не ги чествуваме нашите предци, илинденците, борците од НОВ, погинатите бранители од 2001, рече Ацо Стојановски, претседател на Унија на бранители.
За разлика од претходните две, оваа година изостана одбележување и на местото на злосторството. Од Достоинство велат дека семејствата на загинатите оваа година не сакале затоа што неколку пати е скршена спомен плочата поставена на местото на погибијата. Но процениле и дека во оваа ситуација семејствата нема да се чувствуваат безбедно на тоа место.
На 28-ми април 2001-ва во заседа во месноста Бреза кај Вејце беа начекани 16 специјалци на АРМ и на МВР, Волци и Тигри (Роберт Петковски од Бунарџик, Бобан Трајковски од Куманово, Игор Костески од Скопје и Миле Јаневски од Македонска Каменица, сите припадници на „Волците“ на АРМ и Марјан Божиновски од Битола, Илче Стојановски од Породин, Кире Костадиновски од Горно Оризари и Бошко Најдовски од Долно Оризари, Битолско од единицата „Тигри“ на МВР.). Убивани биле на ѕверски начин, а потоа ги запалиле. За невидениот злостор раскажаа осумтемина преживеани соборци, кои успеале да се извлечат од заседата.
Маскарот кај Вејце беше дел од хашкиот предмет Водството на ОНА кој од летоска по автентичното толкување на законот за амнестија од собранието беше затворен.
Елена Ивановска
28.04.2012, 15:03
Овие раскажувачиве преживеани во Вејце никогаш не објаснаа неколку работи:
- како преживеале после 20 минутен оган од ракетни фрлачи и автоматско оружје
- зошто дел од нив останале неповредени
- зошто едно од тие две возила е скоро неоштетено
- и зошто истото возило (полициска Лада Нива, последна во колоната) заостанувало и не
ја пратело договорената раздалеченост меѓу четирите возила :mad:

Резил се 1000 души кои не дошле, а биле уредно поканети.Сигурно не нашле ни оправдание зошто.

За дечкото шо рече дека Скопјани слабо се пријавувале, господинот на сликата Ацо Стојановски е
доброволец од центарот на Скопје и тешко ранет во Јуни 2001 меѓу Радуша и Дворце, Тетовско од
екипата на Рафиз Алити, заменик претседател на собранието.
Уште е со последици и редовно еднаш во неколку месеци е по болници.
 
O

Orion.

Гостин
Амнестирање на воени злосторства е спротивно на меѓународното право и тотално апсурдно! Viva la banana drzava !!

Слава им на загинатите херои !!!
 
Член од
30 јуни 2011
Мислења
322
Поени од реакции
196
Кога ги гледам сликиве и се потсеќам на 2001 сваќам дека амнестијава е најголемо понижување на нас Македонциве во последниве 50 год,не ми се верува колку лесно и безосетливо проголтавме ваква работа...
Господ да ги казни тие што го донесоја овој закон,а ние Македонците заслужуваме цел живот да имаме грижа на совест што дозволивме ова да се изгласа.
Слава им на сите што загинаа 2001 год бранејќи ја оваа држава!
 

M.O.P.

Niggaz were born to kill
Член од
27 јануари 2012
Мислења
1.435
Поени од реакции
1.305
Никогаш нема да кренеме глава од " Немциве " се повеќе и повеќе ке земаат замав и во собрание и други области за 5 или 10 год незнам дали и ке се викам Македонец и ке имам Македонски пасош или ке имам друг пасош со друго Државјанство или пак ке бидам граѓанин од 3 ред у сопствената држава ,момците за џабе загинаа сите го знаат тоа таа војна беше исценирана од " Немците" финансирани од Американските компании, децата беа предадени од некој хемороиден фз што седи во фотља да земе пари


Слава им!!!!
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
3.831
Поени од реакции
3.616
А за кого и за што умреа?? Е тука е болното.. Вечна им слава !!
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Вечна ви слава херои <3 Македонија не ве заборава <3
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.289
Поени од реакции
26.168
Отидоа да ја бранат татковината. Не им беше проблем да го жртвуваат животот. На крај со нивната смрт се занимаваше политиката. Сигурно кога ја зеле пушката не замислувале такво нешто.

Слава ви и благодариме.

 
Член од
15 април 2012
Мислења
341
Поени од реакции
642
Доста се лажете со тоа „не забораваме, не забораваме„
Сите заборавија и официјално и неофицијално.
Џабе што еден ден во годината ќе пишеме тука „ВЕЧНА СЛАВА„, тоа е џабе. Во тие другите теми, истиве тука што пишуваат трогателно, какви ставови имате..абе да не земам да цитирам, срамота е.

ФАКТИ ЗА ТЕМАВА И ОКОЛНОСТИТЕ:
-„нема докази„ („докази„ не може да има, нели, нема судски процес) кој(кои) го извршил масакрот (исто како и во СМИЛКОВО, пред 15 дена, еве веќе е заборавен тој, никој не зборува. Па и темите околу тоа ги затворија без објаснување. )
-„автентично толкување на законот за амнестија„ - не може ни да се дојде до суд, затоа што „во име на соживот„ ги пуштаме на слободата тие што масакрирале (или дали беше соживот или дека „има и полошо?„ или „кој како се снашол„ ? едно од тие е..)
- изградивме најголема сала за нашиот најценет лепотан на мајка, кој 30 дена им даде фора-предност, да не се чувствуваат непријатно тие што се решија да убиваат (дека е мн мирен по природа, не дека работи против државата, туку дека е мирен дечко- зошто да го забранува правото на копање ров и правото на вооружување на едно малциство!)
- никој не е суден за предавство во текот на целата 2001.
- во 2001, не е проласено војна (исто како и 13 април 2012, нема војна, а се убиени 5 души (масакар) во Смилково).
- тие што ја бранеа државата, пред некој ден ги избркаа од работа (демек заради годините, но ги бркаа само Македонците и само тие што учествувале во 2001. Тоа е убавината на соживотот, вие не разбирате ако немате срценца истетовирано: со убивање дојдоа на позиција и ги избркаа тие што немаа шанса да ги убијат 2001.)
- единствена „казна„ за тие што се решија да убиваат беше што им дадоа територии(„локална самоуправа„) и министерства(дури и ОДБРАНА).
Најголемиот срам е дека има политичари (а и некои „цивили„ глеам..) што викаат каков успех бил рамковниот договор.
Со тоа, тие плукаат на овие млади дечки што претходно ги жртвуваа. И никој нема одговарано. Освен Јохан...
Тоа е тоа, до следниот пат, само смирено и без да се противите на било што во животот, затоа што има полошо (а и треба да ве бива малку, за да се снајдете!)
И ако е можно, да се најдат апчиња против меморија (анти-билобил).
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Оваа песна како намерно и систематски да е избегнувана по тв - станиците, а многу добро склопена...ги памтам дечкиве дека гостуваа кај Антонио Димитриевски на МТВ во 2003-та или така нешто.И после како да им го забранија спотов...

Oд калето пукотници, од плоштадот аплаузи...

Да ја опишам болката не можам
ниту да се осветам
затоа приказнава на жртвите ќе ја посветам
битка без победник, живот без живост
на старците сказните станаа реалност
а како и сам не знам, само едно знам
анкета војна или мир,
а народот што знам
велат денарот немал вредност
и човекот така
син единец, а нема се што посака
го губиш и него
непоимливо е
разрушено е се
разрушена е и онаа мисловна проекција
и сфаќаш каков монструм е животната лекција
сфаќаш сведоци на неправда
со цел да се оправда неочекуваното
кога се очекува во секој чекор трагедија
Помрачен ум, лажна борба, непокор
филмот пука на умот практика
за опстанок борба проста математика
па затвори очи пред судбината црна
Тетово - Бејрут 2001-ва

Премногу денови во неизвесност поминати
и премногу животи брутално се прекинати
премногу жени со срца искинати
се слуша плачот од свежите гробови
истрели од новоископаните ровови
наместо подобри во сопствена држава робови
па погледни се распаѓа ли нашата средина
каква иднина следи сега за децата
погледни го нивниот израз на лицата
со огромна тага и гнев во срцата
ќе живеат ли некогаш во Господов рај
подобро ужасен крај отколку ужас без крај
насекаде жртви човечка кланица
пекол ли е нашата следна станица
пекол ли ќе не спаси од мизеријата
Тетовската приказна, врежана во историјата

Тетовска приказна 2001-ва
го гледаш сјајот на металните зрна
воена приказна 2001-ва
прикриени ѕверки во кожа на срна

Истрел, крв, раната ја притискаш
уште еден човек стана статистика
па македонски народе слушни го мојот бес
не можам да издржам и паѓам без свест
гледам блага светлина и мајки во црно
дали нивните синови загинаа залудно
да тоа е вистина, никој не сака да ја каже
земјата на чуда каде секој те лаже
ова ли е животот што треба да го живиме
огорчени од светот омразата ја шириме
разрушени светилишта на нашето постоење
насекаде околу мене само до Бога слушам молење
да ги казни тие што посегнаа по религијата
да им се запишат имињата во на мртвите книгата

Дали ни се исполни бедното пророштво
терористи го држат на нишан македонското општество
напнатоста не гребе
се движиме низ градот со мета врежана во себе
молчиме иако ги знаеме жртвите
ги знаеме имињата крвта на асфалтот ја покри прашината
на крајот
ни остана само тишината
и во ноќта цел град гори, татко ми се бори
изгаснати се светлата, а мајка ми се моли
ќути сине и ова ќе мине борбата ќе стивне
но се прашувам дали, се прашувам
иако го нема одговорот
ноќта ја минувам подалеку од прозорот
одговорот гласи
за Македонија жртвувај се
порака од Тетово, воена зона
продолжи и не свртувај се...

...Зошто вие се прашувам има ли некоја листа
или некој по избор ве бира
духот во мене немирен стојам стаписан
немам слух свеста слуша чуден звук
се ежам осеќам дисхармонија во својот ум
но сепак срцето е мирно повеќе од себе сум
бледи фаци со камени очи
тука се сите исти и овци и волци
Почнав да ценам живот гледајќи болка
научив за страв слушајќи ја последната молитва
мирисот на темјан остава трага ко нирвана
понекогаш сакам да бидам и јас ко нив паднат
но не, оставен сум да се мачам
за некој црква, за тие ко мене тагата е душевен храм
ни малку не ми е срам тука да пуштам солза
на никој ме му смета кога губам образ
бидејќи
тука не сум битен покрај сите борци заборавени
почиваат во мир, остави ги...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom