11 години од масакрот во Вејце

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување Време на започнување
Вечна ви слава херои наши. Никогаш нема да ве заборавиме.:(
А голем срам за државата која не им оддаде почит на своите херои кои го дадоа својот живот за да денес ние живееме мирно.
Инаку нашето гимназиско училиште во Каменица го носи името по нашиот херој Миле Јаневски-Џингар.
Вчера го прославивме патрониот празник на училиштето, а истовремено му оддадовме голема почит на нашиот голем јунак Миле и положивме свежо цвеќе пред неговата биста во Каменица.
Секоја година во негова чест во Каменица се одржува меморијален турнир во фудбал, кој почнува на 28.04 и први го отвораат екипата на специјалната единица Волци.

224259_179103178805139_176789835703140_389439_4522827_n.jpg



 
За греота луѓево, си заминаа за никого и ништо и тоа на брутален начин. :( А тие од врвот што не им оддаваат почит и моментално мислат што скара да носат за викендов три пати бетер да ги снајде.
 
Вечна им слава.А тоа што никој од државниот врв не им оддаде почит денес е најголем срам.Јас најмногу што можам да ги казнам е да не ги гласам повеќе.
 
Жално е што овие луѓе погинаа на ваков начин и што оставија деца без татковци..... уште пожално е што како поминува времето се повеќе сфаќаме дека погинаа за ништо.
 
Вечна им слава.А тоа што никој од државниот врв не им оддаде почит денес е најголем срам.Јас најмногу што можам да ги казнам е да не ги гласам повеќе.


poleka si ja secata grankata na koja sedat toa i sdsm go pravese ama i niv gi snajde kletvata si zaminaa od vlast
--- надополнето: 28 април 2012 во 20:28 ---
Ние Македонците прелесно преминуваме преку нештата.

Едноставно прелесно...


nie ili glavata na Ribata
ima Razlika i toa golema !!!
 
Вечнаја памјат! Да не ги заборавиме ние, кога ги заборавија оние што најмногу не требаше, а кои заради почит кон темава не сакам да ги поганам барем тука со најдолните епитети.
 
Од кого очекувате почит? Од тие што ги амнестираа нивните убијци?
Дај ви се молам. Па тие немаат ни почит, ни чувства спрема никого. Додека вие тука се чудите зошто не им оддале почит, тие кој знае каде уживаат и ги трошат парите на народот што го испокрадоа.

Инаку нека ви е вечна слава јунаци наши.
Ние секогаш ќе се сеќаваме на вас и никогаш нема да заборавиме затоа што направивте за Македонија, за разлика од некои, кои премногу брзо заборавија. :mad:
 
Вечна им слава.не смееме да ги заборавиме, и не смееме да ги заборавиме сите оние што ги заборавија!!!ќе дојде ден кога ќе треба да ги положат сметките!!!!!
 
Господ нека им суди на не предавниците и душманите

ВЕЧНА СЛАВА ЗА ХЕРОИТЕ :cuc:
 
Уште ми солзат очите кога го читам ова а најтрагично е што терористите сега седат у фотелја Господ каснИ но НЕ ЗАБОРАВА
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom