Проектот „Жални врби во Вардар“ - форумџиски проект :)

Tiveriopol

Струмичанец
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.198
Поени од реакции
959
Каде да конкурирам за новиот кружен тек во Ѓорче ?

Проектот ќе ми се вика "Топола"

Ке ти ја лапнат идејата ке се буниш после...:pos::pos:

Значи проектот Скопје 2014 се крои на форуми. Не ме чуди што на вработените од државните институции им се забранува Кајгана. Кујзнае колку нови чудни идеи ке предложат па овде ке бидат реметени до максимум. Така на Српски форуми е посигурно. Ке се дознае после одредено време и малку ремет ке истрпат ама важно ке си пеат

П

Пепси_

Гостин
Ноќно набљудување на врбите од страна на туристи јас предлагам да биде по скапо од вообичаеното.

Бонус: да се организира и ноќно нуркање со делфините кое ќе биде главна атракција
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Сега и кампањата на Борис Трајанов ќе ја преименуваат во „Засади ја твојата врба“. Владата ќе донира 1000 стебла врба и децата ќе ја засадуваат во најблиската река.

Заклучок:
Секој коментар е излишен.

Соопштение од Влада:
Се молат граѓаните да не излегуваат на плоштад во Скопје поради гужва од туристи.
Има бе туристи како немало?

Слушаше на вести вчера што кажуваа во Куманово дека вриемод сомничави емигранти од типот на Пакистанци и Иранци? Немало туристи, хахах :D
 
M

Moon Child

Гостин
Некој ја слушал приказната дека во Скопје покрај Вардар имало врби, плажи, Народна банка, Офицерски дом... Градот убав пак ќе никне. И никна. Се враќа банката, се враќа Офицерскиот дом, се вратија и плажите. Единствена мана е што коритото на реката сега е регулирано. Па за да не го дерегулираат, врбите наместо покрај Вардар, ги ставија среде Вардар.
Врбите не се само дрвја. Тие се уметничко дело. И како уметност, идејата е наградена со 30.000 денари. Ама некој што тоа го избрал знаел дека скулптурите нема да поминат само со помалку од 500 евра хонорар за уметникот. Требало да знае дека за врби среде река ќе има многу градење. А кај што има многу градење, може да има и многу крадење. Треба да ја сопреш реката, да ставиш иноксни саксии, да консултираш експерти од разни области... Ем ќе ќариме, ем модерни ќе се правиме. И така, кога ќе ставиш сe едно врз друго, па врз трето, па врз четврто, 250-те илјади евра и не се некои пари. Нешто повеќе од светлата за барокната фасада над Пелистер.
Изведбата на проектот жални врби уште на почетокот почна жално. Го промовираа истиот ден кога министерот за финансии Зоран Ставрески се пофали дека кредитот од 250 милиони евра што ни го дала Дојче банк е потврда за реномето на државата. Кредитот е земен за да се пополни дупката во Буџетот. Да немаше дупка во Буџетот, немаше да знаеме колкав ни бил кредибилитетот.
Истиот ден и од Фондот за здравство мртви ладни најавија дека ќе доцнат исплатите за боледувањата, оти нема пари. Апелираа болните да се стрпат. Да се воздржат од разболување и барање пари во овој тежок момент за буџетот.
Помеѓу тие две вести испраќате СМС пораки како донација на хуманитарните линии на мобилните оператори, оти луѓето не можат да закрпат ни 3.000 евра за да си ги лекуваат децата.
Министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска повика на почит кон уметничкото дело. Но во исто време баш тоа Министерство прави непочитување на уметникот. Затоа што ја оставија авторката сама да го собира гневот за нивната одлука што баш сега тие решиле да потрошат 250.000 евра.
Авторката на амбиенталните скулптури Искра Димитрова вели дека "сведувањето на вредноста на едно уметничко дело на садница е израз на нивото на култура на поединецот". Така е. Таа е уметник. Нејзе тоа и` е работа. И јас така мислам.
Ама, авторката не е виновна ако некој поставува прашање дали баш во земја во која поради сиромаштија доцнат исплатите за боледувањата морало да се потрошат милиони и милиони евра за скулптури низ Скопје. Па така излезе дека сведувањето на трите садници во Вардар за 250.000 евра е правење мајмуни од цела нација.

Горан Михајловски

:cuc::cuc::cuc:
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Има бе туристи како немало?

Слушаше на вести вчера што кажуваа во Куманово дека вриемод сомничави емигранти од типот на Пакистанци и Иранци? Немало туристи, хахах :D
Мислиш од Куманово нема да се гледаат врбите и спомениците? Кај луѓево градат нешо, вие се буните. У Скопје да му е страв на чоек да искочи, гужва од автобуси, само слушаш на некој странски јазик зборат. У кафич мораш да резервираш недела дена унапред пошо има навала на туристи. Скопјани не мош на ред да дојдат да ги видат спомениците, статуите, музеите, врбите од туристи. Живна Скопје, благодарение на оваа влада :pipi:
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617

Да бе. Слушам холанѓанските матуранти иделе на екскурзија низ европа: Србија 1 ден - Македонија 3 дена - Грција 1 ден. за да ги видат спомениците и барокот.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.707
Поени од реакции
13.379
Јас па имам чуено дека се може и да ренташ цел плоштад за играње жмурка. Само кај ли да се купуваат карти, хммммм....

(хинт - бившо фреш)
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Мислиш од Куманово нема да се гледаат врбите и спомениците? Кај луѓево градат нешо, вие се буните. У Скопје да му е страв на чоек да искочи, гужва од автобуси, само слушаш на некој странски јазик зборат. У кафич мораш да резервираш недела дена унапред пошо има навала на туристи. Скопјани не мош на ред да дојдат да ги видат спомениците, статуите, музеите, врбите од туристи. Живна Скопје, благодарение на оваа влада :pipi:
Македончич абе остај ги од љубоморни усти глава неможеме да кренеме. Завидл'к. Нас што ни е убаво, река туристи во хотеливе место неможеш да најдеш они сеир си пукаат со нас, као демек кај нас 5 души случајни туристи иделе. Дали немаат прошетано по другиве градови да видат што се туристи, дали кокошкино слепило имаат закачено штом не ги гледаат во Скопје туристите, мене стварно не ми е јасно.
Али ние важно си газиме и не заборавај И ти си Македонија!
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Aбре знае некој дали ова врбиве ќе треба да ги раснеме у Вардар или ќе постават веќе израснати врби?
 
TheIks

Fork & spoon operator
Член од
1 октомври 2007
Мислења
712
Поени од реакции
469
Aбре знае некој дали ова врбиве ќе треба да ги раснеме у Вардар или ќе постават веќе израснати врби?
Е сега кај ти ги дават за само 250000е па уште и на готово, израснати. :pos:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom