Редовна војска повторно?

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
а кој ке ги спречи да одат на факултет сите после тоа.
се работи за неколку месеци, кои важат за сите. никој нема да биде во предност. сите ке одат порано или покасно.
за болдираното не ми ја свати поенатата.
нема врска тоа што тие завршиле.
тоа не е спорно.
спорно е што истите тие судии кои завршиле тоа што завршиле, од друга страна не сакале да служат војска или директно и свесно одбиле да придонесат во заштитата на истата онаа држава за која како судии се заколнале дека ке ја бранат.
за полицијата тоа е уште поочигледно.
каков судија или полицаец тој би бил, кога нејке ни да си ја брани државата. дали тој судија или полицаец ке работи во интерес на таа држава за која не ни сакал да служи или ке си гледа само за себе???
за генералите и останатите воени лица воениот рок е задолжителен. таман работа. незнам за сега ама во јна брачетми кога замина за пилот на академија замина уште после основно.
така да за него воениот рок почна со средно.
За факултетот не се изјаснив убаво.
Значи ако се прави веќе задолжителни 2-3 месеци војска нека се напрај после тоа и задолжителен факултет.
Од второто сигурно повеќе ќе видиме - пошо нели се надеваме на мирен свет а не на војување.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.887
Поени од реакции
23.293
Многу е еднставно ако си ја сакаат државата граѓаните ќе си идат доброволно во војска.

Задолжителен воен рок не е ништо поинакво од данокот на крв на Јаничарите со ново име.
а како државата да постапува со тие што ја нејкат како што велиш.
ете ти на пример, каков однос очекуваш од самата држава ако знае или ако јавно се изјасни
иш дека не ја сакаш, што значи ја нејкеш.
дали да те класифицира како државен непријател, дали да ти ги укине сите бенефиции што ги имаш како граѓанин на оваа држава.
па дали треба да ти го одземе државјанството, па барајси го чарето каде што сакаш или каде што те сакаат.
Да али никој никого не тера да оди во војска или во војна затоа и нема љутењеисто така има и доста луѓе што не се ни за во војска или пак за во војна.Искрено ако нема доволно доброволци за да се борат за државата тоа кажува многу за државата.

И за пример ќе ја ставам Велика Британија која никогаш немала регрутација дури ни во втора светска војна највеќе што имале е да им дадат шанса на затворениците да бираат ако сакаат да идат во војна наместо затворската казна,
не би рекол дека повеќето доброволно се пријавиле да одат во војна.
затоа и мобилизацијата постои.
незнам дали велика британија во втората светска војна имала доброволна мобилизација, кога хитлер им дишел на вратот.
од друга страна незнам дали баш сите германци доброволно отишле во војна. или сите руси.
обично ако не одиш те прогласуваат за дезертер, а на дезертерите во воени услови им судат по кратка постапка.
а за тие што не се за војска има комисија која одредува дали си или не си за во војска. во војска обично одат здравите и психички урамнотежените. таман работа да оди некој ненормален па уште и оружје да му дадеш.
таквите ни во војска ни во војна не ги пушатат, пошто тие не се за никаде не пак за во војска.
за робијашите да скоро секаде тоа го има, го имаше и во конфликтот во југославија. тоа им иди како помилување или така нешто. во секој случај мора да се бори ако сака казната да му биде укината или да стане граѓанин како и сите други и да ги има истите права како и сите останати од ога би завршил конфликот.
--- надополнето: 27 април 2012 во 01:35 ---
За факултетот не се изјаснив убаво.
Значи ако се прави веќе задолжителни 2-3 месеци војска нека се напрај после тоа и задолжителен факултет.
Од второто сигурно повеќе ќе видиме - пошо нели се надеваме на мирен свет а не на војување.
ние што се надеваме нема никаква врска со реалноста.
факултетот воопшто не е забранет за некој и сега. ако сака оди ако не не. за да функционира нормално некој доволно му е и средно.
друга работа е што ако сите имаат факултет тогаш која е поентата.
ке стани како средно. нема да видите никаква бенефиција од тоа.
можеби и ке ти звучи глупо, но средното ако е задолжително, факултетот можеби би требало да биде со полагање на тест за интелигенција. да не можи секој да оди туку само онај кој има капацитет да оди. и државата да им плати се, буквално се.
наместо да работат со 1000 студенти , професорите ке се сконцентрираат на тие 10 кои реално можат да допринесат нешто. а пошто интелегенцијата или ја имаш или ја немаш, нема љутење. така да тогаш и само тогаш факултетот би значел нешто, а не како сега едно големо ништо. секој може да заврши.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
а како државата да постапува со тие што ја нејкат како што велиш.
ете ти на пример, каков однос очекуваш од самата држава ако знае или ако јавно се изјасни
иш дека не ја сакаш, што значи ја нејкеш.
дали да те класифицира како државен непријател, дали да ти ги укине сите бенефиции што ги имаш како граѓанин на оваа држава.
па дали треба да ти го одземе државјанството, па барајси го чарето каде што сакаш или каде што те сакаат.

не би рекол дека повеќето доброволно се пријавиле да одат во војна.
затоа и мобилизацијата постои.
незнам дали велика британија во втората светска војна имала доброволна мобилизација, кога хитлер им дишел на вратот.
од друга страна незнам дали баш сите германци доброволно отишле во војна. или сите руси.
обично ако не одиш те прогласуваат за дезертер, а на дезертерите во воени услови им судат по кратка постапка.
а за тие што не се за војска има комисија која одредува дали си или не си за во војска. во војска обично одат здравите и психички урамнотежените. таман работа да оди некој ненормален па уште и оружје да му дадеш.
таквите ни во војска ни во војна не ги пушатат, пошто тие не се за никаде не пак за во војска.
за робијашите да скоро секаде тоа го има, го имаше и во конфликтот во југославија. тоа им иди како помилување или така нешто. во секој случај мора да се бори ако сака казната да му биде укината или да стане граѓанин како и сите други и да ги има истите права како и сите останати од ога би завршил конфликот.
Добро 2 пати имале британците мобилизација али никогаш немале воен рок.

Во секој случај како што кажа повеќето ако не и 90% во моментов не би се пријавиле доброволно за во војна зошто немаат никаков мотив да умрат за државава.

Секој си има лични причини зошто би сакал или не би сакал да иде во војска или во војна.Моите лични причини се дека државата за едни е мајка за други маќеја и кога би имало војна прво тие што ќе служат воен рок деца ќе бидат топовско месо ( тој дел сите го забораваат али замисли син ти или внук ти да е генерацијата која служи воен рок кога ќе избие војна, шансите да се врати жив му се доста мали ) додека не се мобилизираат постарите генерации а за тоа време децата на тие што 20 години крадат веќе ќе бидат во авиони кон нивните викендици во странство направени од украдени пари.

И мислам дека најважно е дека концептот на таква војска се покажа како катастрофален посебно во војната во Југославија.По мене е многу подобро како што напишав 20 страни поназад да се легализира секој тип на оружје освен автоматско,снајпери и експлозиви.
 
добро ајде сега ке учиме историја.
прво британија била светска сила, па претпоставувам дека имала доволен број на професионална војска.
второ таа и објавила војна на германија ради полска.
е сега кажими ти мене што го заболи просечниот британец за некој таму пољак. најверојатно не многу, ама кој го прашува.
ке го мобилизираат и ке оди ако не се знај шо.
трета работа е што сигурно не ги мобилизираа и одма им дадоја пушки. пак поминаја основен курс од некоја недела.
ајде малце понова историја.
што го заболи просечниот амрекинаце дали виетнам бил или не бил комунстички. најверојатно и него ништо.
но сепак ги мобилизираа. мислам дури и елвис присли замина таму баш во екот на славата. нема сакам нејкам. ке одиш.
за југославија многу грешиш.
доктрината на јна беше одбрана на државата од агресор, јна не беше агресорска армија како на пример војската на сад.
генералите не беа обучувани како да извршат агресија туку како да се одбранат од истата. ниваната обука и концепт на војување беше таков. затоа како агресор јна претрпи големи загуби, и тоа од кој. од истите оние генерали кои беа обучени за одбрана од истата таа јна, така да од таа гледна точка старешините на јна сосем добро си ја завршија работата, барем овие другите.
и свати веќе еднаш, животот не е фер, никогаш не бил и никогаш нема ни да биди. научисе да живееш со тоа.
 
Член од
8 април 2012
Мислења
165
Поени од реакции
84
Не знам дали ќе направат повторно да се служи војска задолжително . Ако знаете кажете ке служиме тоа ни е должнос кон државата Иначе преб 2-3 дена гледав една трибина во организација на АРМ на која присуствуваше началникот на ГШ сите активни генерали министерот и преседателот на РМ на СИТЕЛ ТВ изјава даде генерал во пензија кој кажа дека македонија неможе да се носи со денешните безбедносни предизвици токму поради тоа што нема пополнување на испразнетите места во резервнијот состав на АРМ чии број од 01 05 2012 ќе изнесува 55000 лица кој по закон више не мозат да бидат повикани или мобилизирани.Иначе бројот на резервисти дирекно зависи од бројот на регрути кој го имаат отслужено воениот рок. А да не правиме муабет за МВР која исто така својот резервен состав го пополнува од регрути со одслужен воен рок
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.379
Поени од реакции
1.968
ајде да речиме во ред.
какви бенефиции на пример.
дали би се сложил на пример ако немаш служено војска да не можеш да работиш во јавна установа.
како на пример јавна администрација, судија, полицаец, пожарникар, цариник и тн.
да неможеш да одиш на државен факултет.
да не можеш да одиш во државна болница, тоест се да ти се наплаќа приватно.
да не ти следува социјално.
да не ти следува државна пензија.
ете во глобала неколку примери од нога.
Потполно се согласувам со болдираното.
Ние мораме некако да го измениме системот на вредности кој е потполно изместен од колосек,а ова што си го напишал може да помогне.

2001 имаше многу такви кои цел живот го поминале на државна цицка а кога дојде ред да бидат мобилизирани се напикаа таму од кај што испаднале.Многу често од таквите можеше да се слушне реченицата "што ми дала мене оваа држава?":facepalm: Па ако нив не им дала нешто,на кого му дала?

Истите тие,кога заврши се,иако по секоја логика требаше да бидат третирани како дезертери,си се вратија на работа а подоцна таму им се придружија и плакатолепачите што стигнаа од Халкидики,додека тие што отидоа да ја бранат државата беа оставени на патот..
Ги наградивме дезертерите и терористите а ги казнивме бранителите,заборавајки дека ако не беа тие,и ако сите размислуваа како дезертерите,качаците ќе стигнеа до Струмица.

Еве и едно мислење,превземено од друг форум, на човек кој после 2001 се иселил во друга земја

Од прадедовци до мене, сите биле на првата линија и сите имаме залеано крв за Македонија. Да, дури и јас. Во таква ситуација би требало да биде јасен татковинскиот инстикт. Не една генерација туку неколку последователно го правеле истото. За слободна независна и пред се просперитетна Македонија. Никој никогаш не очекувал ништо повеќе за возврат од држава, освен она кое по писанијата и нормалните вредности и е должност- да направи држава со сите мадиња.
И се додека имаше и некаква нишка од тоа дека дравата го прави, ние крваревеме. Никој не ни помислил за заминување. Е арно ама , неколку генерации од моето семејство се доволна жртва за да го гледаат ова раскалашено однесување. Ова, на оваа власт иако тврдиш дека е правилниот пат по кој куца магаренцето, сепак не е. Толку се убиени оние нормални вредности за кои зборував погоре што таквите како мене се доведени не на ниво на егзистенција (тоа и не е толку страшно) туку на ниво на емотивна егзистенција. Секое можно достоинство во нив е убиено, се протажираат покондурени вредности, ти ја убиваат секоја интелигенција за која мислат дека не постои и мислат дека сме идиоти.

Не, не сме. АКо неколку генерации се бореа за ова тогаш ексик на прадедоми и Јане куршимите и гниењето по затвори. Ексик на татко ми вдишувањето и издишувањето со зборот Македонија и ексик моето креварење пред десетина години. Ексик да им биде и на тие што ми ја одземма можноста да ја сакам Македонија и за само неколку години претворија вечен пламен во гнев.
Ако оваа држава е подготвена таквите како мене да ги загуби, тогаш јас сум поподготвен да си најдам друга држава. И повеќето кои заминале заминале од истите причини како мене. Некои заминале и од егзитенцијални причини кои потполно ги разбирам, но јас заминав од тие погоре.
 
Член од
8 април 2012
Мислења
165
Поени од реакции
84
Па затоа ни е ваква државата се напикава учкиет кој ја газеа оваа држава и со крв ја облиа во МВР.АРМ.МНР.здравстви во собрание а ние ни за леп неможеме да заработиме
--- надополнето: 27 април 2012 во 02:24 ---
А заборавив да напишам дека голем процент ако не и огроме процрнт на таа неможност да се носиме со модерните опасности и нормално од нашите соседи кој бајаги многу не сакаат е тоа што не инвестираме во набавка на нова опрема и технологија какао на пр:тенкови.оклопни возила.хелихоптери авиони и итн .и плус тоа што не го одржаваме тоа што го имаме.
 
Man-ce-ster

fanatic
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
707

Ние немаме пари за бензин за тие возила што ги имаме ти сакаш нови тенкови авиони!!
--- надополнето: 27 април 2012 во 02:41 ---
Не знам дали ќе направат повторно да се служи војска задолжително . Ако знаете кажете ке служиме тоа ни е должнос кон државата Иначе преб 2-3 дена гледав една трибина во организација на АРМ на која присуствуваше началникот на ГШ сите активни генерали министерот и преседателот на РМ на СИТЕЛ ТВ изјава даде генерал во пензија кој кажа дека македонија неможе да се носи со денешните безбедносни предизвици токму поради тоа што нема пополнување на испразнетите места во резервнијот состав на АРМ чии број од 01 05 2012 ќе изнесува 55000 лица кој по закон више не мозат да бидат повикани или мобилизирани.Иначе бројот на резервисти дирекно зависи од бројот на регрути кој го имаат отслужено воениот рок. А да не правиме муабет за МВР која исто така својот резервен состав го пополнува од регрути со одслужен воен рок
Во блиска иднина не верувам дека има и минимални шанси за воведување на редовна војска...Прво немаме никакви сместувачки капацитети, немаме пари и немаме доволно старешински кадар- тоа последното ке се реши некако ама за првите две тешка работа у наредни 20 години...
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.887
Поени од реакции
23.293
Ние немаме пари за бензин за тие возила што ги имаме ти сакаш нови тенкови авиони!!
--- надополнето: 27 април 2012 во 02:41 ---

Во блиска иднина не верувам дека има и минимални шанси за воведување на редовна војска...Прво немаме никакви сместувачки капацитети, немаме пари и немаме доволно старешински кадар- тоа последното ке се реши некако ама за првите две тешка работа у наредни 20 години...
да не решат па ке видиме како е можно.
ако немаме за редовна војска од една година, ама за обука од некој месец ке се најди.
работата станува потреба а не луксуз.
едноставно ја оставивме државата без никаква одбрана, а соседите рака на срце не ни се баш скандинавски настроени.
се тоа би било во ред со платена војска нато еу.
ама за жал не сме ни во нато ни во еу, а и да бевме колку тие би ни помогнале?? ете турција и грција и кипар. и двете се во нато, па тоа не ги спречи да си ги вадат очите. со платена војска неможиме ни граница да затрвориме превентивно а не пак нешто друго.
сватете дека ни треба редовна војска и резервен состав, па макар биле и со пушки само. битно е да бидат обучени.
не треба да извојуваме евентулана победа при агресија, доволно би било да добиеме на време за да реагираат некои други. или во најмала рака да правиме доволно штета за да едноставно не им се исплаќа да продолжат. друга работа е што кога си без заштита секој ама секој може да ти се сили, а ти немаш избор освем да си ќутиш и да го свиткаш грбот. а кога знаат дека немаш одбрана што ги кошта ако покушаат, а ке покушаат. како на марс да живеете ,како да не гледате што се случува.
 
Потполно си во право и те подржувам НО незнам колку си запознаен ама буџетот на РМ има огромни дупки -посебно во ова време на "РЕЦЕСИЈА" и навистина мали средства се одвојуваат за АРМ така што се јавува проблем дури и за исплаќање на дневници за дежурства, храна, гориво а да не праиме муабет за набавка на нова софистицирана опрема..... Замисли на сето тоа коа би зеле некоја бројка од 20 000 редовни војници- штанцање нови униформи, чизми, исхрана, греење, реновирање на постоечки капацитети, зголемување на старешински кадар, воени амбуланти, муниција што ке се троши (гаѓања и сл)..Тоа се прилично големи средства...
Имај у предвид дека со тоа ние не само што ке се обучуваме нас туку ке ги обучуваме и тие што ке пукаат на нас...:нинџ:
 
Член од
19 март 2012
Мислења
2
Поени од реакции
2
Не верувам дека во Македонија повторно ќе се воведе служењето на воен рок, не за друго туку државата едвај кубури(финансиски) и со овој сегашен персонал од 7-8 илјади војници, војниците немаат како прво чорапи здрави да облечат, паштети и леб да јадат(така оди зборот), погледнете ги само во кој степен се наоѓаат касарните(руини), така да нема логика државата повторно да воведува воен рок и тоа задолжителен како што беше порано(до 2004/05) од кога комплетно се укина овој задолжителен воен рок за секој 18+(полнолетен) граѓанин(машко лице) во Р.М.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.887
Поени од реакции
23.293
ако треба ке се најди.
ако можат да ранат толку администрација сигурно ке најдат и за 20 000 војска која секако е попотребна и понеопходна.
но тоа нас не не засега. од кај ке најдат и како ке обезбедат тие ке си смислат, па макар ддв да го кренат. сакам да кажам да не решат, ако решат да видиш одма како ке се најде средства.
за обуката на тие што ке пукаат на нас, тоа е ама најмал проблем.
се решава тоа на други начини, од кои еден е ке ги наредиш на прва борбена линија. сакале нејкеле ке пукаат и тие на нив.
друга работа е офицерскиот кадар. обучен војник без добар офицер до него не вреди многу. затоа е и потребна обуката. да научи да следи команди а не само да пука. гледам има тука многу нејаснотии што и како, но не сме ние тука да мозгаме за воени тактики и доктрини. зборуваме за основна воена обука како задолжителна.
се друго е над нашите реални познавања, освем ако има некој офицер тука па да објасни што и како подетално.
 
jinxblog

форум силеџија
Член од
25 април 2012
Мислења
7
Поени од реакции
1
не дека не сум бил,бев и тоа бев добар војник ко Том Хенкс во Saving private Ryan,ама сепак мислам дека е губење време,не дека нема да научиш некои нови работи ќе научиш и тоа многу,но подобро е со професионален состав на кого му се оди нека оди............сега за недај боже секогаш сум тука
 
Man-ce-ster

fanatic
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
707
не дека не сум бил,бев и тоа бев добар војник ко Том Хенкс во Saving private Ryan,ама сепак мислам дека е губење време,не дека нема да научиш некои нови работи ќе научиш и тоа многу,но подобро е со професионален состав на кого му се оди нека оди............сега за недај боже секогаш сум тука
:pos:Добро што не си бил како Том Хенкс у Forest Gump....Знаеш коа сите ги спаси еден по еден ........
 
CELTIK

magionicar
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.909
Поени од реакции
839
да не решат па ке видиме како е можно.
ако немаме за редовна војска од една година, ама за обука од некој месец ке се најди.
работата станува потреба а не луксуз.
едноставно ја оставивме државата без никаква одбрана, а соседите рака на срце не ни се баш скандинавски настроени.
се тоа би било во ред со платена војска нато еу.
ама за жал не сме ни во нато ни во еу, а и да бевме колку тие би ни помогнале?? ете турција и грција и кипар. и двете се во нато, па тоа не ги спречи да си ги вадат очите. со платена војска неможиме ни граница да затрвориме превентивно а не пак нешто друго.
сватете дека ни треба редовна војска и резервен состав, па макар биле и со пушки само. битно е да бидат обучени.
не треба да извојуваме евентулана победа при агресија, доволно би било да добиеме на време за да реагираат некои други. или во најмала рака да правиме доволно штета за да едноставно не им се исплаќа да продолжат. друга работа е што кога си без заштита секој ама секој може да ти се сили, а ти немаш избор освем да си ќутиш и да го свиткаш грбот. а кога знаат дека немаш одбрана што ги кошта ако покушаат, а ке покушаат. како на марс да живеете ,како да не гледате што се случува.
znaes so se sto kaza e ok znaci svarno armijata e trosok znaci ama jas brat se cudam kako se raspagja imotot na arm znaes kasarni oficerski domovi kako samo se javuvat "gazdi " koi sigradat stambeni zgradi na tloto na kasarnite pa jas mislam deka fer e tie pari da se upotrebat za modernizacija na arm , zgora skokame nato nato a nikoj ne kazal kolku kostaat vojnicite vo isav i avganistan
 
Kajgana Shop

На врв Bottom