Редовна војска повторно?

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
не да не е исто туку допирни точки нема едното со другото, освем секако татко ти да е војно лице. тогаш можеби и ке имаш делумна претстава што е што.
Не татко, туку дедо кој е поранешно војно лице. Многу добро знам што е дисциплината и токму таа ако не ја стекнеш дома... Не знам, не иде некако човек на 18 години тек допрва да учи дисциплина и ред. Ама не сум бил у војска и не можам да тврдам како е поубаво.
Само кажувам што е пологично.
 
Член од
11 декември 2008
Мислења
396
Поени од реакции
212
Кој си ти да ми кажеш дали да идам во војска? Каде сум потпишал дека ќе дадам 1 година на државава?

Искрено за монеталнава држава не би го извадил ни да се измочам не па една година во војска.
ај гледам ного почна да јадаш трици на мене се опнуваш кој те ЕБЕ а самиот се издаваш читај погоре што си напиша самиот ти

тоа што го пишав го мислев како мал али подоцна кога започна војната 2001 се уверив што значи да бидеш во војска што значи да ја одбраниш својата татковина и како сум го чекал таткоми да си дојде од војната фаламу на бога што си дојде здрав и жив дома беше возач на воени возила камиони пренесуваше муниција оружје облека храна и др раб во Кумановско тоа е обврска за секој војник а ти како надуен помочко кој сте вие јас дали да одам во војска и ред др глупости да ми редиш не си ја видел војната имаш податоци на http://www.youtube.com/watch?v=LrJdXAvATCM&feature=relmfu
http://www.youtube.com/watch?v=kR4obhullq4&feature=relmfu
http://www.youtube.com/watch?v=gHxHzsT5vW0&feature=relmfu
еве ти
од таквите како тебе испаѓат пички како брането претседателчето месијата на ужасот донесе невработеност на луѓето лубето бугарофилот си го продаде името по него тргнаа и др луѓе ја гледате само ПАРАТА а не тоа што е поважно срам да ти е што го кажа тоа погоре
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.868
Поени од реакции
23.263
Не татко, туку дедо кој е поранешно војно лице. Многу добро знам што е дисциплината и токму таа ако не ја стекнеш дома... Не знам, не иде некако човек на 18 години тек допрва да учи дисциплина и ред. Ама не сум бил у војска и не можам да тврдам како е поубаво.
Само кажувам што е пологично.
па немаат сите дома војни лица.
и никој не рече дека е убаво, ама не е ни до толку лошо пак.
од друга страна на никој не му се гини во воен конфликт, ама кој ги прашува нели??
така да сума сумарум ако донесат закон за служење на воен рок, ке одат сите сакале нејкеле, освем тие со психички и физички аномалии.
сега дали ке донесат таков закон или не незнам, ама според мене е пожелно, посебно ако ја земиме случувањата околу нас и кај нас секако.
да не добиеме служење на војска под туѓо знаме и за туѓа држава.
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
па немаат сите дома војни лица.
и никој не рече дека е убаво, ама не е ни до толку лошо пак.
од друга страна на никој не му се гини во воен конфликт, ама кој ги прашува нели??
така да сума сумарум ако донесат закон за служење на воен рок, ке одат сите сакале нејкеле, освем тие со психички и физички аномалии.
сега дали ке донесат таков закон или не незнам, ама според мене е пожелно, посебно ако ја земиме случувањата околу нас и кај нас секако.
да не добиеме служење на војска под туѓо знаме и за туѓа држава.
Баш пошо треба да е земјава демократија, секој треба да има право на свое мислење и свој личен избор.
А не е личен избор ако со сила ме земат во војска.
Кој сака нека си иде војска, кој не - нека си тера шо го интересира у животот.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.868
Поени од реакции
23.263
Баш пошо треба да е земјава демократија, секој треба да има право на свое мислење и свој личен избор.
А не е личен избор ако со сила ме земат во војска.
Кој сака нека си иде војска, кој не - нека си тера шо го интересира у животот.
е видиш тука грешиш.
земјава е демократија да точно, но војската не е и никогаш не била демократска институција.
таа е тука за да ја брани демократијата, за да ти како поединец уживаш во сите погодности кои таа ти ги пружа.
а што ако никој нејки да оди во војска на пример??
како државата би ги заштитила своите граѓани и нивната демократија.
мислам неколку месеци е мала жртва на секој од нас за да го зачуваме нашиот начин на живот. за да не испадни да жртвуваме многу повеќе од тоа во иднина.
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
е видиш тука грешиш.
земјава е демократија да точно, но војската не е и никогаш не била демократска институција.
таа е тука за да ја брани демократијата, за да ти како поединец уживаш во сите погодности кои таа ти ги пружа.
Јас пример НЕ САКАМ да идам у војска. Нека иде тој шо сака и он нека ме брани мене како граѓанин на земјава за кое тој ќе си има одредени бенифиции нели.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.868
Поени од реакции
23.263
Јас пример НЕ САКАМ да идам у војска. Нека иде тој шо сака и он нека ме брани мене како граѓанин на земјава за кое тој ќе си има одредени бенифиции нели.
ајде да речиме во ред.
какви бенефиции на пример.
дали би се сложил на пример ако немаш служено војска да не можеш да работиш во јавна установа.
како на пример јавна администрација, судија, полицаец, пожарникар, цариник и тн.
да неможеш да одиш на државен факултет.
да не можеш да одиш во државна болница, тоест се да ти се наплаќа приватно.
да не ти следува социјално.
да не ти следува државна пензија.
ете во глобала неколку примери од нога.
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
ајде да речиме во ред.
какви бенефиции на пример.
дали би се сложил на пример ако немаш служено војска да не можеш да работиш во јавна установа.
како на пример јавна администрација, судија, полицаец, пожарникар, цариник и тн.
да неможеш да одиш на државен факултет.
да не можеш да одиш во државна болница, тоест се да ти се наплаќа приватно.
да не ти следува социјално.
да не ти следува државна пензија.
ете во глобала неколку примери од нога.
Те молам, примериве не се вредни ни да зеам да ги разгледам не па да ти одговорам соодветно ама ја почнав дискусијава...
Мене сè од погоре наведеното ќе ми следува со самото тоа што од мојата плата ќе давам данок на државата. Не може да ме ограничи некој во однос на тоа дали сум бил у војска или не.
Ако сум бил може само да треба да давам помала партиципација за образование, лекување, да имам поубава пензија.
А ако не сум бил, сè од погоре наведеното само нели не до толку “олеснето“ врз џебот.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.868
Поени од реакции
23.263
Те молам, примериве не се вредни ни да зеам да ги разгледам не па да ти одговорам соодветно ама ја почнав дискусијава...
Мене сè од погоре наведеното ќе ми следува со самото тоа што од мојата плата ќе давам данок на државата. Не може да ме ограничи некој во однос на тоа дали сум бил у војска или не.
Ако сум бил може само да треба да давам помала партиципација за образование, лекување, да имам поубава пензија.
А ако не сум бил, сè од погоре наведеното само нели не до толку “олеснето“ врз џебот.
ами сега ти рече бенефиции, па ете ти набројав неколку.
сега ни вака ни така.
од што мака некој да оди , а некој не. од што мака некој да те брани и да си го ризикува животот за да ти бидиш на исто рамниште со него.
а искрено можи не за се, ама за полицаец судија цариник и такви некој служби ама око не ми трепнува. сите се тие поврзани директно со државата и нејзиниот поредок.
како некој би ги извршувал совесно ако не ни сакал да отслужи воен рок. нејкам да служам војска ама сакам да бидам инспектор или судија.
од една страна не ја поштова државата и несака ни да се потруди да ја брани, а од друга страна сака да биде на државна цицка. сега ако земиме така фер е фер.
 
Ама ајде не ме заебавај сеа.
Го скокна делот дека од МОЈА ПЛАТА данок иде за државата. Како после да немам и јас некои бенифиции. Па ај сеа сите ако служиме војска ќе треба да уживаме сè бесплатно по таа логика пошо нели утре сите ќе ја браниме земјата. И пари за сето тоа од каде?
Пак ќе мора да се земе од оние кои нема да служат војска.
Има некаква поврзаност меѓу структурите во една држава. Работникот зависи од војската во однос на обезбедување посигурен живот, а војската зависи од работникот во однос на обезбедување парични средства за пензии и останати бенифиции кои си доаѓаат со бидувањето (шо ми е со зборов?!) војно лице.
Не викам да е исто, викам само тој шо ќе избере да иде у војска треба да има ПОГОЛЕМИ бенифиции во однос на она кое реално мене државата МОРА да ми го обезбеди со самото тоа што и помагам да опстане со данокот од платата кој ми го зема (не сфаќај буквално од мене дека ќе опстане).
 
си правиме муабет бе. тепаме време. ни од мене ни од тебе не зависи.
ама види сега друго е заебанцијата.
како некој би работел судија и би делел правда на пример по законите и уставот на државата, а од друга страна не сака да потроши ни неколку месеци од својот живот за да служи војска како основен елемен на една држава која е директо задолжена да го брани иститот тој устав и закони од надворешен непријател.
која е логиката. каков судија би бил тој.
тоа е едно.
друго ако одиме по твоја логика едно е служење војска , но сосме друго е воена агресија. и таму би одел кој што сака??
ти ке одиш на фронт. не бе фала другпат. неможам сега, нека оди кој што сака. мислам дека ја гледаш нелогичноста.
и трето јас сум за секој да оди во војска и да помини основна обука од неколку месеци барем минимум два. и машки и женски се разбира освем ако реално не е способен да оди.
тогаш нема кој да се буни , како демек некој отишол некој не. некој градел кариера, некој не. сите и готово.
просто и едноствано и практично.
па после ако сака некој професионално да се занимава нека си продолжи платен војник или ете академија за старешина.
ама во глобала еднаш сите да фатат пушка в рака, без исклучок.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Многу е еднставно ако си ја сакаат државата граѓаните ќе си идат доброволно во војска.

Задолжителен воен рок не е ништо поинакво од данокот на крв на Јаничарите со ново име.
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
си правиме муабет бе. тепаме време. ни од мене ни од тебе не зависи.
ама види сега друго е заебанцијата.
како некој би работел судија и би делел правда на пример по законите и уставот на државата, а од друга страна не сака да потроши ни неколку месеци од својот живот за да служи војска како основен елемен на една држава која е директо задолжена да го брани иститот тој устав и закони од надворешен непријател.
која е логиката. каков судија би бил тој.
тоа е едно.
друго ако одиме по твоја логика едно е служење војска , но сосме друго е воена агресија. и таму би одел кој што сака??
ти ке одиш на фронт. не бе фала другпат. неможам сега, нека оди кој што сака. мислам дека ја гледаш нелогичноста.
и трето јас сум за секој да оди во војска и да помини основна обука од неколку месеци барем минимум два. и машки и женски се разбира освем ако реално не е способен да оди.
тогаш нема кој да се буни , како демек некој отишол некој не. некој градел кариера, некој не. сите и готово.
просто и едноствано и практично.
па после ако сака некој професионално да се занимава нека си продолжи платен војник или ете академија за старешина.
ама во глобала еднаш сите да фатат пушка в рака, без исклучок.
Поубаво сите да мораат да се запишат на факултет за да не ни опаѓа коефициент на интелегенција во државата отколку сите да фатат пушка у рака.
А судиите не за џабе студираат правен факултет, за да се занимаваат со правните аспекти. Генералите и останатите воени лица од друга страна си студираат полициска или воена академија или какви се не работи за да станат тоа што се, односно претставници на воената сила, воениот систем во една држава.
 
Да али никој никого не тера да оди во војска или во војна затоа и нема љутењеисто така има и доста луѓе што не се ни за во војска или пак за во војна.Искрено ако нема доволно доброволци за да се борат за државата тоа кажува многу за државата.

И за пример ќе ја ставам Велика Британија која никогаш немала регрутација дури ни во втора светска војна највеќе што имале е да им дадат шанса на затворениците да бираат ако сакаат да идат во војна наместо затворската казна,
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.868
Поени од реакции
23.263
Поубаво сите да мораат да се запишат на факултет за да не ни опаѓа коефициент на интелегенција во државата отколку сите да фатат пушка у рака.
А судиите не за џабе студираат правен факултет, за да се занимаваат со правните аспекти. Генералите и останатите воени лица од друга страна си студираат полициска или воена академија или какви се не работи за да станат тоа што се, односно претставници на воената сила, воениот систем во една држава.
а кој ке ги спречи да одат на факултет сите после тоа.
се работи за неколку месеци, кои важат за сите. никој нема да биде во предност. сите ке одат порано или покасно.
за болдираното не ми ја свати поенатата.
нема врска тоа што тие завршиле.
тоа не е спорно.
спорно е што истите тие судии кои завршиле тоа што завршиле, од друга страна не сакале да служат војска или директно и свесно одбиле да придонесат во заштитата на истата онаа држава за која како судии се заколнале дека ке ја бранат.
за полицијата тоа е уште поочигледно.
каков судија или полицаец тој би бил, кога нејке ни да си ја брани државата. дали тој судија или полицаец ке работи во интерес на таа држава за која не ни сакал да служи или ке си гледа само за себе???
за генералите и останатите воени лица воениот рок е задолжителен. таман работа. незнам за сега ама во јна брачетми кога замина за пилот на академија замина уште после основно.
така да за него воениот рок почна со средно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom