UEFA Champions League 2011/2012

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
12 јуни 2011
Мислења
551
Поени од реакции
297
За жалење е типов, ми се згади и Реал и Барселона и Ел Класико од него :sick:
На Мурињо Барселона му е крива за елиминацијата


“Специјалниот“ Жозе Мурињо, никако да се помири со поразот од Баерн Минхен, и вината за несупехот ја бара насекаде освен во сопствените редови. Па така Мурињо, истакна дека последното “Ел Класико“ е виновно за елимнацијата.



- Против Барселона, го игравме најважниот меч во домашното првенство. Да не го игравме натпреварот кој решава за титулата во домашното првенство, сигурно дека немаше да ги испратиме најдобрите играчи на теренот, рече Мурињо.


Португалецот, очекувано застана во одбрана на своите играчи „Оние кои ги промашија пеналите имаа срце да бидат изведувачи. Беа без страв, несебични, излегоа и се обидоа. Се гордеам со нив. Меси против Челзи шутираше пенал и промаши, тоа е фудбал и такви работи се случуваат“, истакна Мурињо.

Мурињо втора година по ред мора да се задоволи со полуфиналето со кралскиот тим. Тој во својата кариера два пати ја освои Лигата на шампиони, и тоа со португалскиот Порто и италијанскиот Интер.


М.П.


2


26.04.2012 15:56



Прочитана е : 261 пат



© 2012 Ohridnews.com.
Шо има чудно во ова бе умрени едни
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.114
Поени од реакции
46.063
Не, не, не... :)

Пепе вчера одигра одличен натпревар, единствено тој беше на ниво на задачата у одбраната. Десетина пати он спасуваше у последен момент да не дојде топката до Гомез. Рамос беше катастрофален вчера, за никаде, премногу пропуштени топки премногу плеткања. Дури и за пеналот, половична вина имаа двајцата.

На Пепе дури не му одлепи у главата игра одлично, Рамос е тој што често се губи на големите натпревари, еден добар - три лоши. А бековите, да, катастрофа се.
Пепе пенал направи во ситуација кога имаа резултат во своја полза, доволно кажав со оглед на фактот што глупо е да се црта што значи тоа во едно полуфинале. Тоа дефинитивно не го прави одличен.

Пепе е добар фудбалер кој е психички лабилен, толку, ова не го прави дефинитивно доволно добар за екипа ко Реал Мадрид, можеби во иднина ќе прерасне во таков фудбалер ( има потенцијал не викам не ) но сега не е и одбраната е причина број 1 зашто овој тим има проблеми во ЛШ, и во Примера ги имаат истите проблеми, 30 гола имаат примено во 34 средби што не е мала бројка, ама нападот успешно си ја заврши својата работа, нешто што во ЛШ многу тешко може да се покрие.
 
H

HoT IcE

Гостин
Постот од фанклубот за финалето, поздрав до Баварци, па се гледаме во финале.
Значи Баерн ни се падна, што е до мене најзаслужено финале, и Челзи и Баерн беа подобри од своите противниците. Ќе биде интересно финале, Баерн според мене е апсолутен фаворит, плус игра на домашен терен и има помалце играчи од прв под суспензија, додека кај Челзи ситуацијата е критична со дури 5 првотимци кои ќе отсуствуваат, но се надевам на добар фудбал и возбудливо финале со фер судење.
Се надевам на победа на Челзи, но ќе бидам задоволен со било каков резултат, ние веќе го достигнавме зенитот.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.363
Осврнувајќи се на финалето кое на 19-ти мај во Минхен ќе го играат Челзи и Баерн, Мурињо истакна дека нема дилеми за кого ќе навива и додаде дека тие што сега го критикуваат Челзи немаат поим за фудбал.

Многумина го критикуваа Челзи за начинот на кој се пласираше во полуфинале, нарекувајќи ја нивната тактика „антифудбал“, но Мурињо во свој стил истакна дека таквите „познавачи на фудбалот немаат поим“.

„Челзи одигра херојски против Барселона. Скоја почит за Баерн но нормално дека ќе навивам за Челзи во финале“, изјави Мурињо и додаде:

„Во финалето многу ќе им недостасува капитенот Џон Тери, но Челзи е силен и тоа е најважно. Знам дека има луѓе кои мислат дека се разбираат од фудбал па го критикуваат Челзи, но тие не знаат ништо за нивниот карактер, напор кој го вложуваат и како тим со 10 фудбалери може да издржи физички, ментално и тактички. Тоа ме потсетува на мојот Интер од пред две години. Само ќе кажам дека тие луѓе немаат поим од фудбал“.
:cuc:
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.539
Поени од реакции
2.229
Шпанска доминација во лигата на шампионите.... или пак не :)
 

DelPiero10

10ka
Член од
25 февруари 2012
Мислења
583
Поени од реакции
251
Интересни? Како тоа интернесни? Според мене Јуве нема квалитет, далеку далеку е од квалитетна европска екипа и тоа е факт. Дали ќе се средат и дали би издржале големи натревари останува да видиме.
добро е што ти си еден уоште небитен фактор за да кажува кој има квалитет а кој не.... дете ги мешаш поимите бренд и квалитет, ако немаат звучни имиња на кој вие децата сте навикнати да се фурате не значи дека нема квалитет...
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.238
Поени од реакции
8.136
добро е што ти си еден уоште небитен фактор за да кажува кој има квалитет а кој не.... дете ги мешаш поимите бренд и квалитет, ако немаат звучни имиња на кој вие децата сте навикнати да се фурате не значи дека нема квалитет...
По ова прашање многу покомпетентни луѓе се изјасниле. Нека се информираат малце. Еден од тие компентентни луѓе е и самиот Алекс Фергусон. Исто може да се каже и за изјавата на Пеп во врска со годинешниов Јувентус. Тоа што го мисли некој реиндом член од форумов е ирелевантно.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Ај и ја да напишам нешто што нема да се изгуби.

Атмосферата беше страшна, знаев дека првите минути ќе се усерат, од кога Ноер ја футна топката, но после се средија . Прв пат да глеам у Мадрид такво солидно навивање.

Друго.

Значи и Пепе и Рамос се добри дефанзивци, но немаат два грама памет... Се оди на сила отколку на знаење и добра проценка. Друго, Марсело е далеку од бекот што му треба да Реал, дефанзива е преслаб незнае кај да се позиционира. Арбелоа немам зборови, ако нема везњак до него да му помогне ќе му ја скршат кичмата. Нападот на Реал е класа, незнам веќе шо треба да сменат и уште колку пари да дадат, тоа е еден од најдобрите напади у свет.

Вчера факторот беше што Баерн успеа да наметне своја игра на туѓ терен посебно у второ полувреме, моментано Чаби на Крос може вода да му носи во организирање игра.

Целиот овој успех со финалево им го препишувам на Алаба, Бадштубер и Крос кој играат страшно на тие години. Браво за нашата школа.

Јуп тотално го надмудри Мурињо, во две утакмици... средината ја изгуби и во двете, Чаби само праќаше високи топки до Ди Марија од немоќ.

Нојер и Касиљас се најдобри голмани во денешницава, посебно ќе го испофалам Нојер кој по којзнае кој пат у големи утакмици се покажува на ниво, и за Шалке и за нас.

Лам е најдобар бек у светот и ич не ме интересира што ќе кажите... Кика неможе да мрдне еден на еден кај него па шо сака нека е.

Густаво мен од д меч според мене... СТРАШЕН!!

2 финалиња у 3 години. ДОМИНАЦИЈАТА продолжува. :icon_lol:
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
добро е што ти си еден уоште небитен фактор за да кажува кој има квалитет а кој не.... дете ги мешаш поимите бренд и квалитет, ако немаат звучни имиња на кој вие децата сте навикнати да се фурате не значи дека нема квалитет...
Вие сте биле далеку полоши фанови бре и од фановите на Барса и Реал ЗАЕДНО. Единствено нешто што сега е добро кај Јуве се дресовите за кога играат во гости. :pos:

Мислам дај полека наредна година ќе играте, да. А сега да ми кажуваш колку сте добри не е битно на темава. Не ги мразам Јуве, во никој случај напротив се што е црно бело навивам со него.
 

DelPiero10

10ka
Член од
25 февруари 2012
Мислења
583
Поени од реакции
251
Вие сте биле далеку полоши фанови бре и од фановите на Барса и Реал ЗАЕДНО. Единствено нешто што сега е добро кај Јуве се дресовите за кога играат во гости. :pos:

Мислам дај полека наредна година ќе играте, да. А сега да ми кажуваш колку сте добри не е битно на темава. Не ги мразам Јуве, во никој случај напротив се што е црно бело навивам со него.
... па ти прв почна да кажуваш, мене не ми беше тоа уопште целта ама кога видов
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
За време на натпреварот Барселона-Челзи поставен рекорд на твитер по број на твитови во секунда (13 684 твитови во секунда)

Twitter meltdown as Chelsea's clash with Barcelona breaks record for most tweets
Read more: http://www.dailymail.co.uk/sport/football/article-2135408/Twitter-record-broken-Chelsea-v-Barcelona.html#ixzz1tBNNwoEJ

Сигурно кај што се радуваат овие од Реал :pos:
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
pa na mou sekogas nekoj drug mu e kriv,ne gleda da si go sprema podobro timot tuku sekogas vinata ja bara na drugo mesto :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom