Фан Клуб: Интер

Одличен натпревар и што е најважно 3 бода и ГОЛЕМИ шанси за 3ти место!!!

Наредно коло играме со Чезена и МОРА да победиме.

Конкурентите играат меѓу себе и може тука многу да се искористи!
Рома - Наполи
Удинезе - Лацио
Рома - Наполи X
Удинезе - Лацио X

:)
 
Ако изгура Страма до 3то.. ке остане.
 
ГАЗЕМЕ БРЕ ГАЗЕМЕ
ВАКА ГАЗЕМЕ
3790899-high-heeled-stiletto-shoe-crushing-a-cigarette-on-the-floor.jpg
 
Ако изгура Страма до 3то.. ке остане.
Ако изгура до трето сам ќе си обезбеди ЛШ, без никаква помош од неговите предходници. Сепак, за мене е доволно што го застана Интер на нозе, а дали ќе биде трет или не, нема да ми го смени позитивниот впечаток. Страма и Ди Матео се доказ дека во фудбалот и не мора баш да се трошат големи пари за тренер, и 20 милиони да му платат на некој, нема никаква гаранција дека ќе реди успеси.
 
< :cuc:

Малу гледав и бев задоволен со прикажаното, Снајдер се враќа во форма, Алварез полека но сигурно повеќе ќе се ослободува и ќе прикажува уште подобри игри.... во целост, браво за целиот тим.

И јас се сложувам, доколку Страма успеа да го донесе Интер до третото место, заслужува да ја води екипата до година.
 
Абе ти поише со Интер се умараш отколку со Умрентус:D
Некако ептен мириса на местено италијансково, прошлото коло со Фиорентина намерно Х ја напраија, сеа го тепаат Удинезе(директен конкурент за 3то место) а Лацио губи од Новара, тим кој е 99% испаднат. Јас сум повеќе од убеден дека ќе бидеме трети едино Наполи ме плаши еве тепаа денес, пред нас се а следно коло играат со Рома на Олимпико. Тука еден Х апсолутно му одговара на Интер кој игра со Чезена, не сакам муабет да правам што ќе им се задеси, веќе пишани се тие три бода на контото на Интер. :)

Па како да не се умарам, ми се свиѓа што се враќате во форма за да не го дадете градското дерби на комшиките ваши :icon_lol:
 
Па како да не се умарам, ми се свиѓа што се враќате во форма за да не го дадете градското дерби на комшиките ваши :icon_lol:

Де бе, Јуве има плус три и лесен распоред, а ти се плашиш од дербито Милан - Интер? Верувај малку во Јуве... :D
 
за страма ако освои трето место без размислување треба да му се понуди договор и одврзани раце при изборот на играчи (колку што е возможно со оглед на ситуацијата во која се наоѓа интер). доколку освои 3 место не верувам дека ќе се врати во примавера тимот доста екипи би пројавиле интерес за него во тој случај.

Точно. Ја би му понудил дури и да не освоиме трето место. Ме импресионираше до сега со тоа како се снаоѓа. Неискусен е сигурно, ама изгледа како тренер на кој што треба да му се даде шанса, долгорочно. И онака следната сезона цел ќе ни биде ЛШ, прва и најбитна, па ако ни тргне после може и повисоко :).Треба да му се даде простор да ја почне реконструкцијата, да внесе млади играчи, да ги постави темелите. Се гледа, дека не е обичен тренер ко што италијанците најчесто се, туку има визија во глава, за што сака од тимот.

Не знам дали приметивте, ама замените му беа страшно интелегентни. Марино ги смени двата бекови за да се свежи и за да добие ширина во играта, да одржи притисок, овој одма го става Оби во игра за да пази на Пасквале кој има страшен центаршут и фактички прави 4-ка во средината во фазата кога се бранат и кога Удинезе прават притисок преку крилата. Го испофалив човекот :LOL:

Сеа играме со Чезена Парма, Милан и Лацио, така? Првите две и Лацио мора да се добијат, со сограѓаните може да ја делиме . Нормално ако им одговара на нив.:P
 
Тоа е тој ИНТЕР,покажаа момците дека можат до тоа трето место ! Следно коло конкурентите ни играат меѓу себе,додека ние дома очекувам лесно да ја совладаме Чезена,ајде момци можете вие бидејки играте за лудиот ИНТЕР:)
 
Како само ми изгледаше моќно денеска Интер,иако со полуумрени играчи.
Да беше Раниери,ќе поставеше дефанзива тактика со двокатен аУтобус пред голот на Цезар и Удинезе лагано ќе опнеше пет комада...уште во прво полувреме.
Овој Страма има муда биковски,со старци од играчи им се спротистави на Удинезе на домашен терен,а знаеме дека Удинезе дома е ептен јак.
И ги натрти мајсторски,секоја му чест.
Не ги сакам ни Гвардиола,но Мурињо ни Капело да дојдат за тренери на Интер,сакам да му се даде шанса на Страма и следната сезона.
Ја заслужи,премногу ја заслужи.
Но под услов да има одврзани раце за трансфери,да му се доведат класа фудбалери (пошо секој ден читам како Интер бил заинтересиран за јаки играчи)
Реконструкција на тимот за следна сезона и со оваа игра од денеска Интер без проблем зема Скудето,а во ЛШ далеку ќе догура.
И да,МајкоЊ да се шитне на Сити под итна постапка.

Avanti Inter !
 
Пак ќе речам ...шут карта на Станко/Нага/Маикон/Форлан/Пацо/Киву/
 
Луѓе денес фудбал изигравме дури кога го гледав натрпеварот не ми се веруваше дека за Интер се работи..па на 1-1 резултат вшише ги пикнавме и тоа ми беше многу чудно бидејќи интер никогаш не играл вака офанзивно...Гуарин и Алварез беа одлични..за Снајдер се знае дека е играчиште само му треба некој со кој знај да игра фудбал а не со Станкович и Камбиасо...уште Зарате да играше денес и ќе имаше секс на сред терен..

се гледа дека треба реконструкција посебно од средниот ред кај што денес играа Камби и Станкович кој не се за играње повеќе и плус ако имаме поподвижни играчи на таа позиција кои имаат визија и знаат да подаваат ттогаш ќе има повеќе простор за Алварез,Снајдер,Гуарин и во нападот кој било да е..

За Страмачатони малку и скептичен сум бидејќи сепак се работи за млад тренер каде што нема многу афторитет и сега ни се гледа добар поради тоа што сезоната е катастрофална а од почеток да не води е друго..повеќе ги преферирам ПРандели или Спалети кој колку толку се искусни и преферираат офанизвен фудбал...

ми требаше мене лично ваква победа од Интер барем да се распишам во оваа тема и да ми се врати малце колку толку отпимизмот:D..вчерашната утакмица Барселона-Челзи ве потсети на нешто???
 
Не можам да поверувам дека и ова го кажувам... Да се врати побрзо Киву оти лошо ни се пишува :)

Кога доаѓа топка до Ранокиа коските ми се тресат...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom