Ако Бог го разбираш како Апсолут, не гледам што е проблемот да не се совпаѓа одредена човечка спекулација, наука.... и тоа да влијае на твојата Вера?!
Колку може со својата ограничена Интелектуалност, Човекот да ја разбере Вистината за Постоењето.
Ваквиот начин на Богопознание, со помош на интелектуалната егзотика, Човекот го затвора во самиот себе во духовен аутизам, ропство, како што вели Берѓаев.
Наспроти тоа на човекот му е потребна Личносна екстатика, за да може слободно да дојде до Богопознание, да се ослободи од својата создаденост, смртност.