Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Тоа е приказна искажана во духовна смисла и истата е возможна во духовно дејствие и во себе крие точно одредено духовно случување кое само по себе треба да биде сведоштво за оној кој во тоа ќе се препознае.
Тие приказни се еден вид патоказ на оној кој го доживува духовното созревање.
Како што е приказната за Самсон, Ное,Исус и др.

Не ти треба обичен дигитрон,потребно ти е верба и приказната е возможна.:)
Има верници кој не се слагаат со тебе. Ако таа приказна беше симболика, нормално дека немаше да треба дигитрон, но според Чорбаџија и MIKI1 тој настан навистина се случил.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ако Бог го разбираш како Апсолут, не гледам што е проблемот да не се совпаѓа одредена човечка спекулација, наука.... и тоа да влијае на твојата Вера?!
Колку може со својата ограничена Интелектуалност, Човекот да ја разбере Вистината за Постоењето.;)
Ваквиот начин на Богопознание, со помош на интелектуалната егзотика, Човекот го затвора во самиот себе во духовен аутизам, ропство, како што вели Берѓаев.
Наспроти тоа на човекот му е потребна Личносна екстатика, за да може слободно да дојде до Богопознание, да се ослободи од својата создаденост, смртност.
Проблемот е што религиите на широките маси не им нудат Богопознание, туку им наметнуваат грижа на совест и го користат нивниот страв за да манипулираат.
Светите книги на монотеистичките религии се толкувани кој како ќе стигнел! Поради тоа во минатото па и сега, нивните толкувачи кога ќе се соочат со аргументите на науката, ја негираат истата и ги напаѓаат оние кој ги изнеле тие аргументи.
На кој начин догмата ќе ја донесе индивидуата до богопознание, кога догмата ја забранува слободната мисла и е против преиспитувањето?
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.588
Поени од реакции
1.134
Затоа што ако сите си глеаме на неа метафорично ќе дојдеме до еден куп различни вистини.

А тоа не би требало да е целта на една Света книга. Би требало да содржи една единствена вистина, па макар да треба еден куп дешифрирање на истата.

Ако јас ти кажам дека се тоа личи на вонземска интервенција и ти го прифатиш тоа, тогаш ќе ти падне концептот на Бог кој е пласиран веќе 2 000 години.

Значи пак ќе повторам не е проблем напишаното во Библијата, туку нејзиното толкување и пред се нејзиното користење во цели кои не доликуваат на интилигентни битија.
Miki1976,
Кога кажав дека секој треба сам да дојде до своите одговори,тоа не значи дека истите треба да публикува и нуди како единствено вистинито.
Духовноста преставува исто што и жената за мажот,една и единствена вистината за тој што ја има,а тоа не значи дека треба да ја нуди да општат со нејзе други или ја каменуваат како блудница т.с. не ја прифатат.
Таа е само твоја и чувај ја,нека ти ја гаси твојата жед.

Но јас друго би прашал.
Што е тоа што ги терало оние луѓето да пишуваат духовни приказни?

Зошто,кога истите тие приказни ќе станат предмет на толувања,натегања,докажувања и поделби кој ќе доведат дури до војни.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
The total cubic volume would have been 1,518,000 cubic feet 462,686.4 cubic meters]--that would be equal to the capacity of 569 modern railroad stock cars.:свиркам:
Не ја разбирам оваа единица... колку е тоа изразено во видови животни x 2 + храна за истите. Да се пресмета и просторот за какање ако може.
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.588
Поени од реакции
1.134
Има верници кој не се слагаат со тебе. Ако таа приказна беше симболика, нормално дека немаше да треба дигитрон, но според Чорбаџија и MIKI1 тој настан навистина се случил.
Да Ipsissimus и не само членовите кои ги спомна,него и многу други луѓе кои воопшто не се раликуваат од тебе.
И тие се од крв и месо,со чуства и емоции.
Проблемот е кај тој што напишал,зошто напишал?
Каква потреба имал да го исфрли тоа од себе да го раскаже на некого,друг да го напише и да имаме тоа што имаме денес.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
The total cubic volume would have been 1,518,000 cubic feet 462,686.4 cubic meters]--that would be equal to the capacity of 569 modern railroad stock cars.:свиркам:
Колку еукалиптус пазарил Ное од Австралија за седумте пара коали и колку бамбус дом'кнал од Кина за парот панди?

Толку дрво, иначе, нема шанси да плови... уште помалку со катаљон тони храна, вода и животни на себе... ама кој да учи физика коа библијата е полесна за разбирање, а? ;)
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
The total cubic volume would have been 1,518,000 cubic feet 462,686.4 cubic meters]--that would be equal to the capacity of 569 modern railroad stock cars.:свиркам:
Земи калкулатор и пресметај според 6:15 Битие. 135 * 22.5 * 13.5 = 41000.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
The total cubic volume would have been 1,518,000 cubic feet 462,686.4 cubic meters]--that would be equal to the capacity of 569 modern railroad stock cars.:свиркам:
Еве ти формула за пресметување волумен: V = L * W * H
Каде L = должина, W = ширина и H = висина.
V= 135 * 22.5 * 13.5 = 41006,25 метри кубни.
Во тој простор ако се обидеш да ставиш по две единки од неколкуте милиони животински видови на планетава, ќе добиеш бројка од околу десет милиони животни. Десет милиони поделено на волуменов, е еднакво на: 0,004101 метри кубни по животно.
Дури таа бројка да ја сведеме на само еден милион животински видови, што е далеку од вистинскиот, пак се добива бројка од два милиони животни, каде секое животно ќе има простор од само 0,020503 метри кубни, или 2 сантиметри кубни.
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Напротив Либериј,црвениот болд го наметнуваат оние што се сметаат себе си за верници.

Никој не се обидел до сега да своето неверување го оправда со институционализација.

Едноставно е ЛИбериј бараме разјаснување на некои работи кои би не донеле до ВЕРУВАЊЕ.

А кога другата страна е неспособна да ги разјасни работите се случува НЕВЕРУВАЊЕ.

Еве на пример јас верувам дека се случило Воскресението Христово и дека ги сторил сите чуда кои му ги припишуваат. Истото го правиш и ти, веруваш во тоа.

Арно ама кога ќе прашам што треба да научиме од сето тоа, и дали сме научиле, и зашто никој после него не воскреснал итн..., доаѓаме до еден куп прашања кои уствари го поткопуваат и те како толкувањето на Божјите посредници на Земјава.

Истото е и со еден куп други работи, од светата книга.
Господ не се наметнува на човекот, во ниедна смисла, па ниту во интелектуална т.е. логички да го докажеме па да поверуваме.
Воскресението го прави со цел да го соедини создаденото(човекот, материјата) со несоздаденото(Бог), за да му обезбеди Вечно постоење на содзденото. И така ни обезбедува Слобода во постоењето, да одлучиме за постоење (заедница), со Него или без.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Еве ти формула за пресметување волумен: V = L * W * H
Каде L = должина, W = ширина и H = висина.
V= 135 * 22.5 * 13.5 = 41006,25 метри кубни.
Во тој простор ако се обидеш да ставиш по две единки од неколкуте милиони животински видови на планетава, ќе добиеш бројка од околу десет милиони животни. Десет милиони поделено на волуменов, е еднакво на: 0,004101 метри кубни по животно.
Дури таа бројка да ја сведеме на само еден милион животински видови, што е далеку од вистинскиот, пак се добива бројка од два милиони животни, каде секое животно ќе има простор од само 0,020503 метри кубни, или 2 сантиметри кубни.
Малку ти е грешна математиката, 0,02 м кубни = 20000 цм кубни, но сепак не е за верување
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
http://christiananswers.net/q-eden/edn-c013.html|
мој совет , научете нешто хебрејски и пред да отворите библија на Македонски видете со толкави букви пишува динамичен превод . Добра ноќ
На која тоа библија пишува динамичен превод? На православната? Оди легни си, ни својата вера не си ја знаеш
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Проблемот е што религиите на широките маси не им нудат Богопознание, туку им наметнуваат грижа на совест и го користат нивниот страв за да манипулираат.
Светите книги на монотеистичките религии се толкувани кој како ќе стигнел! Поради тоа во минатото па и сега, нивните толкувачи кога ќе се соочат со аргументите на науката, ја негираат истата и ги напаѓаат оние кој ги изнеле тие аргументи.
На кој начин догмата ќе ја донесе индивидуата до богопознание, кога догмата ја забранува слободната мисла и е против преиспитувањето?
Христијанството не е религија(врска , обврска, подаништво...кон Бог), туку Вера(слободна релација, Човек-Бог).
Верата не се занимава со наука, туку да обезбеди постоење на човекот и материјата, што аналогно е услов за да може човекот да се занимава со наука и со било што му е волја, потребно е да го обезбеди Постоењето.
Догмата не е проблем да се преиспитува, анализира...., напротив.
Но кога знаеме дека е од Бога откриена Вистина(која е апсолутна), лесно според неа имаме критериум за расудување, кој не носи страв, туку радост.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom