За матура доволно ти е математика (основно ниво), нема потреба од напредно. Можеш и со англиски (во втор уписен рок), али ако има толку народ како и претходната година... малку потешко за да влезеш во државна, па и во приватна квота. Посебно на мрежи или КНИ.
Ти положи матура, после не би требало да имаш проблеми за да се упишеш. Ако не на мрежи, на КНИ или KE сигурно ќе те примаат. Во прва година имаат исти предмети (после имаат различни изборни предмети, според профилот), па после без проблем ќе може да се префрлиш на било кој од тие три смера.
Или ако не сакаш многу математика, може да се запишеш на Е-Технологии со тоа што во некој од семестрите ќе треба да слушаш и предмети поврзани со бизнис и менаџмент, што и не е некоја философија. Плус немаш калкулус на ЕТ.
Најдобро ти е да идеш на отворениот ден и да збориш со студентите од различни смерови, мада сите ќе ти кажуваат колку е добро и како секој смер е најдобар.
Инаку, оваа недела би требало и кај тебе во училиште да дојдат од ФИНКИ.