Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе може ли некој од вас постарите да ми објасни во што се разликуваат КНИ и ИКИ на ФИНКИ? Видов дека на ИКИ се учи повеќе физика, а на КНИ повеќе софтвер и програмирање... но сепак ПЛУС и МИНУС за еден и за друг? Матурантка сум па се двоумам помеѓу двата смерови... Ќе може помош?
 
втор колоквиум калкулус 2 или математика 2 некои комбинации или испитни? :)
 
Ќе може ли некој од вас постарите да ми објасни во што се разликуваат КНИ и ИКИ на ФИНКИ? Видов дека на ИКИ се учи повеќе физика, а на КНИ повеќе софтвер и програмирање... но сепак ПЛУС и МИНУС за еден и за друг? Матурантка сум па се двоумам помеѓу двата смерови... Ќе може помош?
КНИ е нов смер.
ИКИ е стар.
 
нешто повеќе за е-технологии? :)
 
Ќе може ли некој од вас постарите да ми објасни во што се разликуваат КНИ и ИКИ на ФИНКИ? Видов дека на ИКИ се учи повеќе физика, а на КНИ повеќе софтвер и програмирање... но сепак ПЛУС и МИНУС за еден и за друг? Матурантка сум па се двоумам помеѓу двата смерови... Ќе може помош?
На КНИ не ти го тупат мозокот со физика, електротехника, електроника, а и нешто помалце математика има.
 
а btw има некој форумџија од примена на е-технологии?

спомна погоре дека си правел муабет со студентки на е-технологии ..ај ПП што ти кажаа ..ме интересира тој смер :)
 
Не сум комплетно навлезен во програмата и она што се учи на ФИНКИ, сепак сум сигурен за тој факултет, бидејки информатичката наука и компјутерите општо, страшно ме интересираат. Сега сум 2ра година на крај во гимназија, и треба да одбереме смер за следните две години. Најверојатно ќе одам на ПМА (природно математичко, пакет А) каде е акцентот на математиката и информатиката. Математика не сум најсолиден, да речеме околу 4. Одличен ученик сум, и прашањето ми е, дали ако ги учам две години математиките што ќе ми требаат на факултет (ФИНКИ), дали ќе морам на матура да полагам математика? Затоа што мислам дека ќе изгубам доста поени, ако полагам математика, наместо, на пример историја, англиски итн. По конкретно, може ли да се запишам на ФИНКИ ако не полагам математика на државната матура? :)
 
Она што ке го учиш по математика во трета(Изборните) и она обичната математика во четврта е она што ке ти треба за факс.
И без математика би можел да влезеш на финки но имај на ум дека без математика губиш многу поени.
Ако ти оди математика, нема причина зошто да не земеш математика за матура.
спомна погоре дека си правел муабет со студентки на е-технологии ..ај ПП што ти кажаа ..ме интересира тој смер :)
Јас би сакал да се објави на форумов, и мене ме интересира. :)
 
не е проблем, нека објави! :) ако пред време ме ПМ, јас ќе постирам веднаш ..

пс: ова е она од Грејвдигер што го дознав за смерот ( примена на е-технологии ):

" Цела насока ти е мешавина од информатички технологии и бизнис, а некои од предметиве ги вклучуваат и двете... како маркетинг на интернет, е-бизнис, е-Commerce и сите технологии што може да се искористат за реализација на некој такви проекти.

1 семестар:
- Дискретна математика 1 : не ми текнуе точно што беше... ќе морам да се потсетам сеа за полагање на испит :pos: Логика некој такви ствари се учеа
- Концепти за развој на софтвер : се учи C
- Вовед во интернет : пристап до компјутер на оддалеченост или remote control (telnet), ftp (преку конзола) и HTML
- Основи на софтверско инженерство : case study и слично, теоретскиов дел на решавање на некој проблем
- Професионални вештини : англиски пишување на писма, есеи, CV и слични ствари

2 семестар:
- Дискретна математика 2 : комбинаторика, веројатност и некој слични такви ствари... и на крај нешто логички кола и порти (не знам од кај улета тоа во математикава)
- Архитектура и организација на компјутери : хардвер малку од малку, перформанси на компјутери (за тоа имаш готови формули) и оптимизација со карнови мапи... Овие ствари ќе ти се најдат и во предметов погоре, веќе ќе ги имаш учено.
- Напреден развој на софтвер: C++ и Java, ова е лесно... објектно ориентирано програмирање, само со класи... шема е цело време, и на памет може да се научи.
- Бизнис и менаџмент системи: бизнис и како оди целиот развој на тие e-Commerce системи. Не идам на предавања на предметов за точно да ти кажам, освен кога има некој надворешен предавач што се доста интересни
- Веб дизајн : HTML и CSS, истово го имаш и во првиот семестар

Наместо вовед во интернет и веб дизајн може да избереш компјутерски апликации (word, excel и слично се учи... ништо интересно) и компјутерски компоненти (хардвер и практично расклопување и склопување на компјутери)... Но, моја препорака ти е да идеш на овие за веб.

Штом математикава ти е послаба страна и те интересира е-Бизнис, овој е смерот за тебе. Полека ќе се положи оваа математика што ја имаш, и ја ќе ги чистам сеа у јуни и август... барем ќе пробам. :D

Што се однесува до уписите, приложи сѐ што имаш добиено - сертификати, признанија, награди... Ја бев просечен ученик во средно, на матура имав 3ка македонски и 2ка математика па се упишав во државна квота, и тоа на втор уписен рок. "
 
Не ми е некој којзнае каков проблем ама не ми е ни најсилна страна. Ако не менува ништо, се мислам да полагам друг предмет наместо математика. Ќе видиме, ќе одам сега за сега на ПМА смерот, па ако треба и ќе полагам. Фала сепак. (y)
 
На КНИ не ти го тупат мозокот со физика, електротехника, електроника, а и нешто помалце математика има.

Јас баш помеѓу КНИ и ИКИ се двоумам, така да според твојов пост подобро би било да одберам КНИ. А и меѓудругото содржи повеќе кандидати од ИКИ.
 
спомна погоре дека си правел муабет со студентки на е-технологии ..ај ПП што ти кажаа ..ме интересира тој смер :)
Што те интересира?
Тежок не би рекол дека е.(Можеби математика ако не ти оди)
Професорите се воглавно ок не можам да се пожалам и тоа е тоа.
 
Имам 21 година,пауза праев завршив во Орце Николов гимназија та општенствен смер,на испиите за матура полозив со:
математика(основно)- 2
македонски-3 за малку 4 ке имав
англиски-3
информатика-3
проектна(економија)-скроз сите можни бодови одлична :)
Математика во прва и втора просек имав 3 оценка,после не учев многу во трета и четврта година просечно 2 оценка имав ...
Ако може да ми препорачате кој смер најдобар би бил за мене ?!
Математика така и така стојам,долго време немам решавано,едно 2-3 години ....Овие сите информации ви ги давам искрено бидејќи навистина се двоумам кај да одам на кој факултет и кој смер највеќе ми одговара,се мислам на следниве факултети да одам
Електро
Машински
Финки
Правен
Ако може да направиме една дебата,стварно во очајна ситуација сум,мислам на големо двоумење,не знам кај да одам....Ваше мислење ?!
Иначе бев многу добар во прва и втора,а добар со успех во трета и четврта ...
 
пробај ФИНКИ; ако не те примаат, во вториот уписен рок избери некој друг ( електро, правен, машински ) ..

:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom