Масакрот кај Смиљковско езеро | Осудените пуштени да се бранат од слобода

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
vo pravo si no mislam deka efektot na ovoj cin e postignat, a toa e nedoverba kaj instituciite.
На институциите одамна им падна довербата.Народот знае за нивната неефикасност и без овој случај.
 
М

Мартин`

Гостин
Сега ми текна за една случка буквално денови пред да бидат убиени децава а тоа е апсењето на двајца Косовски граничари длабоко во територијата на Србија опремени со оружје и цела опрема со нив (за комуникација, мерење далечина итн).

http://www.rts.rs/upload/storyBoxImageData/2012/03/31/9524010/Uhapseni kosovski policajci 2.jpg

Да не случајно убиените биле сведоци на ваква група и кај нас ? Или пак Србите ги имаат овие земано уште од нивна територија крај границата со Косово (зошто Косовските власти рекоа дека биле киднапирани) па Србите да го направиле ова кај нас.. ем не би се сумњало на нив ем сомнежот ќе падне кај Косоварите кои влегоа и кај нас нелегално ? Којзнае се е можно ..
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.651
Поени од реакции
35.237
Но сметам дека не е битно од која националност се убиците, може да излези дека се и македонци- битно е да се фатат живи или мртви (по можност мртви)
Најбитно е да се фатат живи, да се затворат во некој подрум и да бидат силувани по 30 пати на ден, да молат за сон и храна, да бидат одржувани во живот колку за да бидат што повеќе мачени, да молат да бидат што поскоро убиени.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.361
Поени од реакции
4.171
Ако овие според тебе се факти, :tapp:
--- надополнето: 20 април 2012 во 20:36 ---


Ако овие според тебе се факти, :tapp:
--- надополнето: 20 април 2012 во 20:37 ---


Ако овие според тебе се факти, :tapp:
--- надополнето: 20 април 2012 во 20:42 ---



Која албанска терористичка група?
--- надополнето: 20 април 2012 во 20:42 ---

--- надополнето: 20 април 2012 во 20:42 ---



Која албанска терористичка група?
Види вака друже. Ова е форум а се работи и за таква тема за која никој неможе да изнесе факти па си кажуваме сопствени мислења и шпекулации... никој овде неможе да изнесе факти. Фактите во овој случај може би ги има само полицијата иако не сум сигурен дека и тие имаат нешто повеќе од шпекулации. Со факти ке зборуваме кога ке се расчисти случајот и официјално ке соопштат од мвр како и што била работата. Убиците можат да бидат од било која националност и без разлика на тоа сите треба да го осудиме масакарот и да бараме да бидат фатени и казнети тие монструми. Јас сум Македонец по националност и воопшто не би ме навредила шпекулација ако некој рече дека убиците веројатно се македонци... тие имаат име и презиме и јас немам врска со такви монструми како што сигурно и ти немаш врска со такви монструми од албанска националност... малку подруга би била ситуацијата доколку се покаже дека зад сето оваа стои некоја организација, групација или незнам што, која самата се идентификува со одредена националност.... тогаш е потребно секој чесен човек да ја осуди и да се дистанцира од таквата организација и да бара одговорност од истата без разлика каков предзнак има во насловот таа организација и какви цели прокламира... на пример ако ова се случеше на деца од албанска националност и излезе дека убијците биле од некоја МОА (македонска ослободителна армија- измислувам) тогаш јас веднаш би ги осудил тие ѕверови и би барал најстрого да бидат казнети а ако ми дадат можност и самиот би им пресудил веднаш без разлика што тие прокламирале дека се за голема македонија, би ги одрал живи и идеите би им ги напикал во газ.... Така треба да функционираме, така е исправно. Е сега што се и кои се навистина рековме дека можеме само да шпекулираме.... Еве на пример, во нашиот град а верувам дека и секаде е така, кога ке се случи некој криминал веднаш народот шпекулира кој би можел тоа да го направи и во 90% посто од случаите е во право, веднаш и полицијата има претпоставка (значи шпекулација) кој би можел тоа да го направи (на пример да украде ракија од подрум на начин што ќе ја отклучи вратата со клуч) кој тоа од крадците има вештина да одклучува брави, и веднаш кругот се стеснува на 2-3 и ке ги повикаат сите и веднаш ке го најдат вистинскиот 1 а за другите 2 ке излезе дека било шпекулација. Така и на оваа тема. Имаат косоварите и некои тукашни минато со вакви ѕверства па затоа најпрво се вртат очите кон нив. Но тие имаат име и презиме а може би и организација и нема што да ве лути таквата шпекулација. Напротив треба да речете дека незнаеме, може би се косовари или албанци од тука, но и ако се албанци по националност- кои и да се ние немаме никаква врска со такви ѕверови и бараме да бидат фатени и најстрого казнети а ако имаат и некаква организација плукаме на таквата организациа и бараме истата да биде разбиена и испоапсена и несакаме такви крвождери да го употребуваат називот Албански во имињата на нивните криминални групи.....
 
S

Shellshock nam67

Гостин
МНОГУ ИНДИЦИИ ЗА РИТУАЛНО, СИМБОЛИЧКО УБИСТВО КАЈ ЖЕЛЕЗАРСКОТО ЕЗЕРО

Дали некој испраќал порака со професионалното, групно стрелање на невини луѓе на ден кој сам по себе има некаква симболика на жртвување? Начинот, изборот на жртвите и времето упатуваат на некаков план за дестабилизирање на државата, преку излив на масовни, вулкански емоции, кои лесно нема да бидат стишани. Дали и колку сторителите успеале во своите намери? Тоа не е прашање за криминалистите
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
И пет дена по убиството на пет лица крај смрдливите води на Железарското езеро, Македонија се уште ги бара одговорите за мотивот на чинот кој навидум изгледа сосема бесмислен и без повод, што потоа полесно би водел до извршителите. Меѓуетничките тензии, како што можеше да се очекува, остануваат, иако тие ќе се манифестираат во различни форми и по првот работен ден (а тоа е денес). А тие можат да ескалираат во многу непосакувани правци! Петочните реакции беа очекувани,но контролирани од власта, неделните веќе како сериозно да ја изненадија власта а што ќе биде во текот на неделава?!

Иако текстот е пишуван за време на празничниот викенд, со право може да се верува дека и кога тој ќе се најде на екраните од компјутерите пред вас, на полноќ меѓу понеделникот и вторникот, најголем дел од битните работи околу овој шокирачки настан нема да бидат појасни и може да се верува дека полицијата сите овие денови речиси ќе тапка во место. И многу попрофесионални истражувачки машинерии тешко дека би го отплеткале клопчето на ваков шокирачки настан, токму ако се нема јасен, видлив мотив!

НА ЛАЖИЧЕ МВР се одлучи да открива од ден на ден детали кои главно ги знаеше веднаш по убиство, но за да се изгледа дека "работи на случајот" оние работи кои биле од важност за истрагата во петокот, веќе следниот ден не се важни, па се откриваат, за да се добие можност со нешто да се "наполни екранот" на љубопитството на јавноста. Така беше и во неделата, но тоа окривање на нешто многу познато или очекувано е само доказ дека истрагата е се уште во калта на трските кај Езерото и никако да мрдне од таму! Во понеделникот пред јавноста се излезе со слика на возилото на злосторниците, слика која би имала поголем ефект ако се дадеше пред јавноста - на пример - во саботата?! Се губат денови за да се има "материјал" со кој ќе се излегува "на лажиче" пред народот. Истрагата ја водат професионалци, но таа добива спинувачки фил, на кој навикнала оваа гарнитура, особено во МВР, со што на неделно ниво ќе и создаде проблем, ако се нема нови, реално вредни "дневни вести". Сериозна истрага не може да има и да дава дневни резултати.


Најнапред да се потсетиме дека близу североисточната ограда на некогашниот гигант Рудници и Железарница, во близина на една од водените маси, денес мочуришта, кои служеле за циклично ладење на слабовите во "среќните социјалистички времиња", околу 22.30 часот во четвртокот, на 12 април, се најдени телата на четири момчиња од 17 до 20 години и на едно постаро лице. Убиени се Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацевски и Кире Тричковски, кои се погребани после обдукција во саботата, како и на Борче Стевковски (45) од блиското село Црешево, кој едноставно налетал на крвавата оргија и како сведок е извлечен од атомобилот и потоа убиен.

ТЕЛЕФОН Момчињата тргнале на риболов попладнето во четвртокот. Последното телефонско јавувување што еден од убиените (Филип Славковски) го имал по мобилен е во 18 часот, кога требал да ја разбуди мајка си за да таа оди на работа, во третата смена. Од разговорот не може да се почувствува вознемиреност, што мајките секако би го познале. Барањето по телефон на една од жртвите (Цветанчо Ацевски) од страна на неговите домашни во 20 часот наишла на "глув одговор". Нема сомнение дека телата на младите риболовци во тој миг веќе биле оладени - еден од сведоците од селото Смилковци, најблиското населено место, говори за истрели кои ги чул околу 19.15 минути. Истрелите, според истрагата, укажуваат дека кон жртвите е пукано од голема близина, со најмалку три видови на оружје, од најмалку три позиции, што создава слика дека се работи, непобитно, за група на сторители. Можно е таа група освен стрелците да имала и шофер, кој седи кај автомобилот а можеби и уште еден стражар.


Начинот на кој е извршена егзекуцијата укажува на увежбана група, која ги натерала жртвите да клекнат и да ги стават рацете зад главата, што е според школски правилата за создавање на најбезбедна ситуација за стрелците а ги става пак во најпасивна позиција жртвите. Веројатно во таа позиција тие се и легитимирани. Неофицијално крај една од жртвите е наводно најдена лична карта. Тоа секако не било просто легитимирање, туку било форма на селекција - имињата на жртвите веројатно биле пресудни за да се отвори оган.

Од она што го кажаа пред екраните стручњаците од Судска медицина јасно е дека врз жртвие е пукано одозгора и од близу, бидејќи, куршумите не се заглавувале во главите на жртвите, туку оделе надолжно по клекнатите тела и правеле повеќе додатни повреди (кршење на вилична коса, повреди на крвните садови во нозете...). Таква егзекуција (тоа е најдобриот израз за стореното) може да направи само увежбана група, која нема никакви морални кочници и кај која нема треперење на рацете. Некои рибари на социјалните мрежи тврдат дека и некои македонски официјални лица така ги легитираат рибарите, барајќи им дозволи и други документи, па создадена е "послушност" кон ваков вид на "контроли" - ова укажува на можност лицата кои пукале да дошле крај езерото и во униформи (лажни или без обележја, сеедно) а момчињата да го немаат во себе рефлексот за евентуално бегство. "Ќе не легитимираат, па ќе си заминат" - можеби им се вртело во главите? И погинатиот средовечен рибар можеби затоа и не бегал, туку нему му се расчистила целата таа ситуација дури откако дошло до истрелите. Тој тогаш се обидел да избега (веќе паДнал првиот мрак) и фатен е додека влегувал во автомобилот, извлечен е надвор и потоа од близу застрелан исто така со три куршуми во главата. Ова не го менува групниот портрет на сторителите, туку го потврдува. Се работи за професионални, извежбани сторители, со добро познавање на процедури за вакви настани, што се добива со обука и подлговремено заедничко дејствување.

Не е јасно дали полиција ги има мобилните на рибарите - ако ги има може евентуално да провери дали со нив нешто не е снимено. Убиците не би ги зеле со нив за да не бидат следени на тој начин, но тоа би го сториле само ако знаат дека на оставените апарати нема ништо за нив. Малку е веројатно дека дополнително проверувале. Ако проверувале тие треба да ги држеле совладани рибарите подолго време пред цевките на оружјето а ако едноставно ги нападнале ненадејно, таквите проверки не би биле неопходни!


БЕГСТВО Телата ги нашле други, ноќни рибари, околу 22.30 а веројатно на полицијата и требало време да дојде во оваа "дупка" уште 20-тина минути. Оние кои го сториле овој чин имале многу време да се најдат било каде до тогаш - непосредно до местото на убиството е обиколницата околу Скопје, која има ранг на автопат, каде може да се развива голема брзина. До границата со Косово се потребни 15-тина минути, до Табановце 30-тина, до Богородица час и половина до два... Како што вели еден искусен полицаец, можно е да се стигне и до аеродромот во Петровец, да се чекира билетот, да се седне во некој авион и веќе да седи пред телевизорот во некоја странска земја, додека се прави првиот полициски увид на лице место.

Најденото возило за кое толку долго требаше да се утврди дека е поврзано со убиството на момчињата од Радишани треба да укаже дека сторителите ја избрале најкусата дестинација - онаа која води кон Косово. Ова најнапред претпоставува дека пред границата тие можеле да изберат три солуции: или да појдат преку некој "капиџик" кон соседството, или да влезат во друго возило и да ја минат границата, навидум како обични патници (кои сепак би биле регистрирани!), или пак да заминат во сосема трет правец, разделувајќи се, како можна тактика. МВР секако ќе ја задржи како можна и опцијата дека оставеното возило е само дел на некаква маркирана и лажна маршрута! Сепак, најверојатно е дека извршителите тргнале кој најблискиот излез од земјата најнапред заради фактот дека не знаеле кога телата ќе бидат откриени, но сметале на мракот,

Што добиме од сето ова досега опишано низ еден замислен модел на случување на настанот кој ја потресе Македонија? Тоа е дека организирана група на лица ликвидирала невини жртви и практично незабележана заминала, најверојатно кон Косово! Дали тука можеме да ги бараме и мотивите?


БЕЗ ОПАШКИ Биографиите на четири момчиња - според неофицијални полициски извори - не укажуваат дека тие имале минато кое би им навлекло некакви имотни, должнички или било какви "опашки", заради кои би си навлекле на врат некои терминатори, со какви се соочиле. Фактот дека со себе имале само трски и по некој сендвич, говори дека не очекувале дека ќе имаат други проблеми освен "рибата да не им јаде". Полицијата ја отфрла можноста дека на езерото наишле на некоја ситуација која морала да биде сокриена со егзекуција на рибарите, но не веднаш, туку таа настанала по нивен неколкучасовен боравок крај жабурникот. Јасно е зошто полицијата така резонира - ако имало таква ситуација, егзекуцијата би била сторена многу часови порано или хопотетичното кривично дело (како што говори министерката Јанкуловска) не би се случило, или би било одложено за време кога на езерото ќе нема сведоци!?

Или пак рибарите се жртви на некои лица кои сакале да остават порака или да предизвикаат меѓуетнички тензии од поголем размер? Ако се сака такво нешто, тогаш може да биде ангажирана професионална група, таква која долго време имала контакт со "жешки цевки".Полицијата следниот ден го пребаруваше езерцето, со цел да открие нешто вредно или значајно заради кое можеби таа водена површина била корисна (нечиј труп, оружје, украдено богатство...) а која пак би "оправдала" класична егзекуција врз четирите момчиња и средовечниот градежен работник, кој случајно налетал во тој миг таму? Такво нешто не е најдено.

Со ова сознание влегуваме уште подлабоко во зоната на режиран злостор. Убиството на тоа место може да биде погодно за смислена егзекуција и создавање тензија кај народот. Зошто, да шпекулираме? Најнапред заради фактот дека од локацијата многу лесно се бега во многу можни правци, како што напишавме. Потоа заради фактот дека на тоа место истрелите не значат ништо, како што знаат и мештаните и на нив никој не обврнува внимание. Но, тоа не се само муслиманските свадби, како што често се вели, туку близината на стрелиштето Камник, можеби на 500 метри воздушно оттаму, каде секојдневно некој стрела (вежби на полицијата и војската, спортски стрелци, лица кои најмуваат простор за да се "издуваат") создаваат релаксиран однос на околината кон инаку вознемирувачките звуци на оружјето. Овие два моменти даваат опис на погодна локација за вака безмилосна ликвидација на толку луѓе а да се не предизивка поголема опасност кон терминаторите. Втор момент е секако невиноста на жртвите и нивните години, кои ја засилуваат пораката со ритуално изведените истрели.

НАРАЧАТЕЛИ Бидејќи, ако повеќекратното убиство е дел од некаква стратегија на големо вознемирување на народот, при што постојат добри претпоставки за зачувување на идентитетот на убијците, тогаш момчињата само станале случајна, но и погодна цел за таа намена: пет трупови, сосема невини, отвораат вистински вулкан од емоции! Особено и заради младоста на жртвите?! И денот не е случајно избран - порака е дека се работи за симболичка жртва (Велики Петок). Додатен "патоказ" е дека жртвите, кои се христијани, можат на таков ден да бидат застрелани од некого, кому овој ден не му значи ништо. Знаеме сите што таа порака значи: треба да предизвика: меѓунационален конфликт.

Некој ќе рече дека тоа е лесно изведен заклучок. Но, оние кои го сториле злосторот сакале да не наведат на такви пораки! Тоа е смислен избор на потези (факти) кои ќе доведат до таков заклучок (теза)! Што би се рекло: тоа е злосторство со наведување.

Друго е, иако е многу битно, кој и зошто тоа крвопролевање го нарачал. Изборот е наокулу - и во нашите границите а се чини уште повеќе однадвор. Тука постојат сепак неколку здрави препоставки.

Ефектите од злосторот секако ги има и тие не мали. Дури не се знае крајниот ефект од убиствата врз стабилноста на земјата, но тоа е земјотрес кој се уште трае и ние под нас го чувствуваме потреперувањето на тлото. За жал, сето ова се случува во услови кога политичката екипа која е на власт нема капацитет да се носи со лоши настани и лоши пораки. Зошто, тоа е тема на некаков следен текст, кога истиот, барем во прво време не би ја спречувал истрагата, што деновиве е вообичаена замолница.
 
Член од
27 август 2008
Мислења
299
Поени од реакции
49
БЕГСТВО Телата ги нашле други, ноќни рибари, околу 22.30 а веројатно на полицијата и требало време да дојде во оваа "дупка" уште 20-тина минути.
ноќни рибари на Смилковско езеро, многу чудно :cautious:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Не знам дали чув на вести прееска убаво. Дали прво некој се јавил во 22 часот и рекол дека има деца полегнати на езерото во полиција а таа пристигнала дури откако во 12 часот некаде (зборот ми е доста подоцна) некој по втор пат пријавил?
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
ноќни рибари на Смилковско езеро, многу чудно :cautious:
Одредени видови риби се најактивни ноќе.

Не знам дали чув на вести прееска убаво. Дали прво некој се јавил во 22 часот и рекол дека има деца полегнати на езерото во полиција а таа пристигнала дури откако во 12 часот некаде (зборот ми е доста подоцна) некој по втор пат пријавил?
Полицијата е дојдена околу 22:30.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
ноќни рибари на Смилковско езеро, многу чудно :cautious:
Не е чудно, дедо ми покојни некад стануваше во 4 за по риба или па во 21, 22 ловеше.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.320
Поени од реакции
15.571
ноќни рибари на Смилковско езеро, многу чудно :cautious:
Јас знам дека не ги нашле рибари.

Дај некој нека ми даде изјава од Јанкуловска кај што кажува дека ги нашле рибари, бидејќи до сега тоа се врти по сите телевизии а никогаш не беше официјално кажано кој ги нашол...
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.882
Не знам дали чув на вести прееска убаво. Дали прво некој се јавил во 22 часот и рекол дека има деца полегнати на езерото во полиција а таа пристигнала дури откако во 12 часот некаде (зборот ми е доста подоцна) некој по втор пат пријавил?
Првиот пат на 192 се јавил човек околу 22:15. На полицајците им соопштил дека видел луѓе како лежат во близина на езерото и дека полицијата можеби треба да провери дали се пијани или им треба помош.
Петнаесет минути подоцна следува вториот повик, тројца рибари налетале на телата на момчињата и во 22:30 пријавиле дека станува збор за убиство. Првите полицајци пристигнале многу скоро, бидејќи по првиот повик веќе се упатиле кон езерото.
Првата вест за убиството е објавена на 00:04 на Press24, стави минус пола час за да се разнесе информацијата и да дојде до медиумите, значи околу 23:00-23:30 ги пронашле.
 
Член од
27 август 2008
Мислења
299
Поени од реакции
49
Во тоа време рибите бараат храна и лесно може да се најдат во плитко.
:pos: абе другар, смилковско езеро не е подлабоко од 2 метри(преку сила), тоа е една работа! како второ, рибата во овој период од годината е најактивна преку ден затоа што ја користи сончевата топлина и тогаш е најактивна!
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Првиот пат на 192 се јавил човек околу 22:15. На полицајците им соопштил дека видел луѓе како лежат во близина на езерото и дека полицијата можеби треба да провери дали се пијани или им треба помош.
Петнаесет минути подоцна следува вториот повик, тројца рибари налетале на телата на момчињата и во 22:30 пријавиле дека станува збор за убиство. Првите полицајци пристигнале многу скоро, бидејќи по првиот повик веќе се упатиле кон езерото.
Првата вест за убиството е објавена на 00:04 на Press24, стави минус пола час за да се разнесе информацијата и да дојде до медиумите, значи околу 23:00-23:30 ги пронашле.

Аа епа ок, знам дека не разбрав баш добро, затоа реков да прашам :)
 
Член од
27 август 2008
Мислења
299
Поени од реакции
49
Одредени видови риби се најактивни ноќе.


Полицијата е дојдена околу 22:30.
Смилковско езеро има само караш и америчко сомче, активни се било кога во денот, не мора да одиш на ноќен риболов за да ги закачиш
 

Kajgana Shop

На врв Bottom