Зошто?
И што е пристојно, здолниште под или над колената и колку сантиметри?
Не ги превртуваме работите, но самото тврдење дека девојките се облекуваат
само за да изнудат машки погледи е погрешно.
Секоја девојка сака кога ќе се погледне во огледало да е задоволна од тоа што го гледа. Не поради другите поради себе, значи накрај се исплатила целата таа работа што си ја вложил да изгледаш убаво. Овде не се исклучува фактот дека понекогаш сакаме да не гледаат, тоа ни е доказ дека навистина изгледаме убаво, а со тоа сме поисполнети, расположени, радосни.

Кога ќе престанеме да ги гледаме луѓето по тоа што носат на телото и побитно ќе ни е што носат во „душата“, тогаш „курвинското“ облекување нема да ти изгледа курвинско туку нормално.
Реално кога би ги отстраниле сите они предрасуди за курвинско и пристојно, што има лошо во тоа да изгледаш провокативно, односно по нашки курвиснко, уствари со тоа сакаш да кажеш јас сум секс бомба, сакам вечерва со некој да скршам кревет пошто едноставно сакам да имам секс имам таков природен нагон.
Ама нели пошто сексот е табу тема, односно нешто недозволено, погрешно (така од мали не учеле) ние си мислиме дека ако девојкава се облекла некако и јасно ни пренесува дека сака да има секс вечерта, таа е курва, а уствари девојката сака да го доживее најубавото и најсилно чувство што човекот може да го почувствува, и што никако не треба да го крие. Човекот е најеротското суштество од сите живи суштества, сака да има секс во секој период од животот, некогаш не може поради женските периоди, ама тоа не значи и дека не сака, така да зошто да ја потиснуваме таа убава енергија во нас.
Животните на пример немаат предрасуди, кога една женка сака да се пари таа јасно го покажува тоа, никој не ја гледа како курва, туку едноставно таа сака да се пари,и дошол периодот, не знам како со други зборови би го опишал тоа, и нормално машките ги привлекува нејзиниот мисрис, нејзините движења, звуците што ги испушта и сл.
Една лавица кога ке и дојде периодот за парење, и таа тоа јасно го покажува, тоа значи дека таа курва е?
Е разликата кај нас е што ние луѓето многу почесто го имаме тоа чувство,тој период, од животните, т.е лавовите во овој случај.
И сега лоштото на ова што го објаснувам е тоа што има многу девојки што се облекуваат провокативно за првенствено да стекнат пари, не за да имаат секс. И тука почнува муабетот за нашите искривени вредности што е многу долг...