Темава, како што и претпоставував тргна во погрешна насока. Само се потврдува дека голем дел од луѓето мислат дека силувани може да бидат само неморални и непристојно облечени девојки. Да биде пострашно, се мисли и дека таквите девојки го заслужуваат тоа. За мене лично е понижувачки да се разголувам само за да привлечам внимание, ама хеј, има девојки на кои ци*ките им се единствен атрибут. Нивна работа. Во секој случај, тоа не значи дека тие девојки треба да бидат силувани. Не значи НЕ, без разлика како е облечена девојката.
Башка, силувачите не ги пали самиот сексуален чин, туку фактот што девојката пружа отпор, ги пали болката и понижувањето кое и го нанесуваат. Силувањето е сексуализирана форма на практикување сила и контрола, а не задоволување на сексуален нагон.
Друга работа, јас секој ден читам весници и не се сеќавам да сум прочитала дека некоја девојка била силувана во дискотека или пак на плажа (а таму сите се по купачи, топлес или потполно голи).
Ама затоа доста често читам за пијани психопати кои провалуваат кај баби и ги силуваат, читам за средовечни жени кои се нападнати додека одат или се враќаат од работа, девојки нападнати од разни манијаци по влезови, и најстрашно деца кои се силувани од комшии, роднини, па дури и од сопствените родители. Не знам, може некој и тие случаи да ги оправда. Пишав и претходно, може горепоменатата баба носела јебозовна шамија па го предизвикала силувачот.
И многу ме интересира, овие кодекси на облекување кои ги спомнувате, важат ли и за мажите? Ја преку лето глеам многу мажи кои се шетаат само по шорцеви низ маало. Дали е оправдано ако некој хомо или бисексуалец им го расцвета чмарот затоа што во неговата перцепција, таквиот стил на облекување значи покана за секс?
За мене силувањето е една од најстрашните работи што може да му се случи некому и да се прашувам јас, на силувачите би им го исецкала на жетони, па после нека идат по флиперници и нека силуваат флипери со жетончињата.
Damn it...ме натеравте да пишам сериозен текст, а многу боље ми иде со саркастични постови...