Пауло Коељо

Член од
25 август 2010
Мислења
179
Поени од реакции
23
иако ова беше пред многу години, ми остана во сеќавање вежбата кога замислуваш дека си мртов сам под некое дрво во некое тивко место. Не ми текнува многу детали ама знам дека вежбата ме свестуваше и ме будеше да живеам во моментот и да не ги пропуштам секојдневните шанси кои механички ги пропуштаме. И да направиме работи кои секогаш ги одложуваме за "боље" времиња. После имаше една да зборуваш со внатрешниот глас.
Земи ја книгата и направи ги ке се освестиш многу повеке и ке можеш уште повеке да ги користиш секојдневните прили и можности ти гарантирам со животот дека нема да се каеш,чим си лјубител на делата на коелјо кој првенствено ја опишуваат лјубовта кон животот која често ја губиме поради страв и ентузијазмот за животот кој доага рака под рака со лјубовта и е движечка сила во остварвуањето на нашите соништа ,самото тоа што го читаш коелјо е показател дека гледаш на посветлата страна од животот откако ке почнеш да ги применуваш вежбите ке можеш многу лесно да го исцицаш максимумот од овој материјален живот
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Земи ја книгата и направи ги ке се освестиш многу повеке и ке можеш уште повеке да ги користиш секојдневните прили и можности ти гарантирам со животот дека нема да се каеш,чим си лјубител на делата на коелјо кој првенствено ја опишуваат лјубовта кон животот која често ја губиме поради страв и ентузијазмот за животот кој доага рака под рака со лјубовта и е движечка сила во остварвуањето на нашите соништа ,самото тоа што го читаш коелјо е показател дека гледаш на посветлата страна од животот откако ке почнеш да ги применуваш вежбите ке можеш многу лесно да го исцицаш максимумот од овој материјален живот
пауло коељо ми беШе само поЧекот; тој го опфаЌа само поврШински тоа Што ти г озборуваШ: (глуп вирУс елборпм Иив арп им офф ми правИ прОблеми сО буквИвЕ)
 
Член од
11 август 2010
Мислења
96
Поени од реакции
33
Го читав у основно, тогаш ми беше занимлив сега јок.
Башка што не сум по такви филм-книги, бестселери (срање у боја) , морам да се надоврзам дека жално е што човековото интелектуално наследство се заборава. Ми остана во сеќавање една мисла, не можам да се сетам од кој беше, вели дека ако читате само современа литература исто како да пиете вода само од пресушен бунар.
 
Член од
29 јануари 2012
Мислења
28
Поени од реакции
16
Кога зборуваме за книги мора да се спомене дека "за вкусовите не се расправа", дали делата на Коелјо му се допаѓаат или не, тоа може да кажеме дека е индивидуално.
На мојата листа на прочитани книги,секако, е сместен и Коелјо со своите дела. Од него ги имам прочитано "Демонот и госпоѓица Прим" , "Вероника реши да умре", "Алхемичарот" и "Крај реката Педра седев и плачев", па следна на мојот список е "Дневникот на еден волшебник" .
На врвот од рангот се најде Вероника, бидејќи сметам дека е маестрално дело на Коелјо.
Сега, ја завршив "Крај реката Педра седев и плачев" и не ја сместувам во моите омилени книги, но не може да се порекне фактот дека е добра. Во неа пронајдов многу добри цитати, па би одвоила неколку што ми се допаднаа повеќе:

- "Обиди се да живееш. Спомените претставуваат задоволство на остарените."

- "Оној кој е способен да господари со своето срце, тој може да го освои светот."

- "Универзумот секогаш ни помага да се бориме за нашите сништа, без оглед колку глупави ни се чинат. Бидејќи тоа се наши сништа, и само ние знаеме колку скапо не чинело што сме ги сонувале."
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Приметив дека на повеќето Коељо им е омилен писател,како и на мене..
- Што е тоа што привлекува во неговите книги ??
- По што е различен ?
- Која книга мислите дека е најдобрата од него? Зошто?
- Некои цитати од неговите книги кои го привлекле вашето внимание,и ги паметите или пак се одржувате според нив (пишете)


Тоа мене што ме привлекува во неговите книги е што е просто кажано може секој да го сфати , те тера да продолжиш да читаш (те држи во неизвесност),нема досадни моменти.. ( а не како ог мандино.. пола книга читаш уште две работи не се случиле.. има исклучот како "најголемиот трговец на светот" ама има некои многу тапа )
- Потоа помага во "играта на животот" .. има многу за читање меѓу редови..

Мене омилена книга ми е "Дневникот на еден волшебник"
поради сето тоа што го набројав горе,како највеќе застапено..
иако и сите други му се добри.

цитати.. па ги имав многу ги запишував ама сега за сега само неколку ќе пишам :

"човекот има два големи проблема: Едниот е да знае кога да почне а вториот кога да запре"

"Се што ќе се случи два пати , мора да има и трет"

"Кога ќе посакаш нешто, целата вселена ќе скрои заговор за да ти се исполни таа желба..."

"постојам само јас а се околу мене е моја претстава"

"тоа што очите не го гледаат, срцето не го чувствува"
итн итн..

сега вие сте на ред:)

да се цитирам минатиот јас од сегашниот, да не ме сфати некој погрешно, романи читав тогаш и нормално се менуваме итн, така што Коељо од сегашна гледна точка ми беше како отскочна штица за навлегување во длабочините на тоа што навистина го гледам како работа што ме привлекува. Сега сум далеку од читање романи, и не викам дека Коељо не е добар но има автори во кои што повеќе ги пронаоѓам работите кои ме исполнуваат и интересираат.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
72
Поени од реакции
4
Може некој да ми каже кај може да ги набавам книгиве на Коељо..?ме мрзи да шпартам од продавница до продавница барајќи... :)
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Може некој да ми каже кај може да ги набавам книгиве на Коељо..?ме мрзи да шпартам од продавница до продавница барајќи... :)
Издавачка куќа „Три“ ги има преведено речиси сите негови книги.
Еве линк од нивната веб-страна.
 
D

Deleted member 55587

Гостин
Од него неам прочитано досега ниту една книга,но сега ќе ја почнам ''Вероника реши да умре''. Другарка ја чита ''Вештицата од Портобељо'' и подвлекувала реченици,извадоците се врв(y).
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Паоло Куељо е како капучино со многу шлаг: нит се пие топло, нит ладно, ем е како кафе ем е како слатка, а после тоа ем ти се пие кафе ем ти се јаде благо.

Нит змија нит магаре.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Од него неам прочитано досега ниту една книга,но сега ќе ја почнам ''Вероника реши да умре''. Другарка ја чита ''Вештицата од Портобељо'' и подвлекувала реченици,извадоците се врв(y).
Другарка ти прочитала нешто друго освен Куељо?
Во една книга од Цепенков има повеќе такви цитати колку во сите книги на Куељо топтан.
 
D

Deleted member 55587

Гостин
Другарка ти прочитала нешто друго освен Куељо?
Во една книга од Цепенков има повеќе такви цитати колку во сите книги на Куељо топтан.
Да,има. Имам и јас. Но,не може секој да е љубител на иста литература,а како што го зема за пример,Марко Цепенков и Коељо имаат сосем различен стил на пишување.Можеби треба да прочитам нешто + од Цепенков освен ''Сиљан штркот''па да дискутираме.Во секој случај додека не прочитам нешто од Цепенков,кој со потврда викаш дека има добри извадоци, не го менувам мислењето дека на Коељо речениците му се единствени. Сепак, нема да ми е на одмет.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Да,има. Имам и јас. Но,не може секој да е љубител на иста литература,а како што го зема за пример,Марко Цепенков и Коељо имаат сосем различен стил на пишување.Можеби треба да прочитам нешто + од Цепенков освен ''Сиљан штркот''па да дискутираме.Во секој случај додека не прочитам нешто од Цепенков,кој со потврда викаш дека има добри извадоци, не го менувам мислењето дека на Коељо речениците му се единствени. Сепак, нема да ми е на одмет.
Марко Цепенков и Куељо се неспоредливи. Тоа е исто како да споредуваш баклава со сок на растварање.

Не може секој да е љубител на иста литература, а исто така, се што е укоричено не значи дека е книжевност. Хартијата трпи се, како што рекол некој мудрец. :)
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
„Улис" е македонска салата, а Коелјо е помија
Семјуел Џонсон во една од неговите луцидни изјави, одговорил на некој критичар-мрчатор со следново: „Мувата може да касне коњ, но коњот и после тоа ќе биде коњ, а мувата ништо повеќе од мува". Оваа реченица ми дојде на ум во моментот кога прочитав дека Пауло Коелјо решил да се пресметува со Џејмс Џојс. Во интервју за Folha de S Paolo (кој знае зошто го одбрал токму овој весник) само прогласениот „книжевен волшебник" вели: „Денес писателите сакаат да импресионираат други писатели. Една од книгите кои причинија голема штета е Улис на Џејмс Џојс, која е чист стил. Нема ништо во неа. Соголен, Улис е будалаштина."
Коелјо секако има право на неговото глупо мислење, исто како што и јас имам право да мислам дека неговото дело е смрдлива чорба од егоманија и абракадабра мистицизам, со помалку интелект, емпатија и вербална артикулираност од една недела стариот камембер кој го фрлив вчера. Но нападот сепак е интересен. Коелјо не е првиот кој му се з'гнува Џојс. Кога и да има реакционерен напад на современата литература, нужен е напад од заседа на Џојс.
Во што се состојат критиките? Џојс, велат тие, пишува за писатели, а не за читатели. Неговите дела се сфатени од една клика мозоци" на кои - и ова треба да се каже со шепот - тој дури и не им се допаѓа, но го користат чисто за да испаднат паметни. Џојс е „тежок", би било сеопфатното објаснување на Џонатан Франзен за тоа зошто го отфрла.
Само некој кој едвај ѕирнал во „Улис" би ја нарекол „чист стил". Таа е „собрале ми се набрале", мешавина и македонска салата на стилови (Гете изјавувал дека тој нема стил, туку дека има стилови, мото кое може да го прифатат голем број писатели-почетници при потрагата по нивниот дистинктивен „глас"). Коелјо - ајде да претпоставиме - можеби не се жали во врска со славната полифонија на „Улис". Обилните стилови можат да затскриваат недостаток на значење. Како што вели самиот: „Таму нема ништо". Во одбрана на Џојс, би рекол дека кај него има љубов, очај, лутина, страст, великодушност, малограѓанштина, љубезност и освета, како и бубрези, кучиња, сапун, машини што-виде-слугата, класични статуи, менструална крв и ирски дијалект. Но можеби Коелјо не го сопоставува стилот на содржината, туку стилот на пораката. Можеби „Улис" не може да биде сумиран во само една реченица како: „Сети се дека каде и да ти е срцето, ти ќе најдеш богатство". Можеби животот е нешто помалку површен од тоа. Можеби тој ги помешал „Улис" и цртаниот Уликс 31 за него од 1981.
Коелјо ја прави истата грешка кога дрнда дека тој е „модерен" затоа што може „тешкото да го направи лесно". Мислам дека тоа е етичко и книжевно тврдење, дека сè што има тенденција да го направи светот и луѓето во него помалку сложени, помалку парадоксални, помалку повеќеслојни, е мала валкана навреда упатена кон реалноста.
Вистинската навреда е сепак упатена кон читателот, или повеќе, кон читателите. Забележете дека сите анти-Џојсoвци го имаат читано, и потоа им велат на читателите дека тој не е за нив: многу е тежок, премногу апстрактен, чуден - со „за вас" во позадината. Сум бил таму, велат тие, и нема да ви се допадне. Тоа е став кој го понижува читателот. Нема ништо толку длабоко патронизирачки како просечен, божем „книжевен" автор, кој проповеда качен на гајба. Коелјо создава кожурец од сопствените ограничувања, и инсистира сите вон кожурецот да чувствуваат и да мислат како него.

Извор off.net.mk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom