Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Мерачки ќе биде титулата да ја славиме против Работнички :icon_lol:
 
А што има врска ова со вас односно вашиот клуб ? и така по стаусот на ффм не требаше воопшто да играте во купот требаше автоматски да бидете исклучени поради фузијата(рокадата) со село миравци и крај краева сите знаат дека ренова мора да обезбеди излез во европа што значи вие губите во полуфиналето и ренова игра финале и го освојува купот :tapp:
Што ти е бе искомплексиран? Играме полуфинале куп, и ме интересираше дали финалето е на 2 мај или сменет е терминот. Гниј у тоа селото и не замарај.
 
Тешко на Вардар и на другите европретставници: „Милано Арена“ – домаќин на сите УЕФА-натпревари летово?

19
АПР 2012​
15:27​
Ако работите со теренот на националната арена „Филип Втори“ во Скопје се пролонгираат уште некој период, постои сериозна опасност македонските европретставници своите натпревари да ги играат на стадионот „Милано Арена“ во Куманово, кој единствен има лиценца за организирање средби од УЕФА-натпреварувањата, а е блиску до скопскиот аеродром.


Далеку е финалната фаза од подготовката на теренот на „Филип Арена““
Иако беше најавено дека теренот на еден од најубавите европски стадиони ќе биде готов до април, па дури имаше и закажан меч со Динамо Загреб (прослава на 65 години Вардар и 25 години Комити), сето тоа е далеку од остварување, ако се види до која фаза се дојдени подготовката и поставувањето на новиот терен. Најавите се дека сето тоа малку ќе потрае, особено поставувањето на тревниот дел, за кој ќе треба барем два месеци за да „легне“.
Термините за одигрувањето на евронатпреварите се во почетокот на јули (Европа лига) или на средината од месецот (Лига на шампионите). Ова значи дека бусените со трева мора да бидат поставени најдоцна до почетокот на мај, за да има време теренот да го добие крајниот лик до почетокот на јули. Во спротивно, Вардар, кој речиси сигурно е новиот македонски шампион, како и трите претставници во Европа лигата, ќе мора да ги играат своите натпревари како домаќини во Куманово.

Ќе мора ли Комити да патуваат во Куманово за да го бодрат нивниот клуб?
Во Македонија има и други терени што можат да организираат натпревари од УЕФА (Струмица, Прилеп, Кратово), но проблемот со нив е што се оддалечени повеќе од 100 километри од скопскиот аеродром, а тоа е еден од главните услови за организирање евронатпревари. Затоа таму ќе биде и натпреварот на младата македонска репрезентација против Северна Ирска, откако по протестите на Србите за очајно лошиот терен, тешко дека повторно ќе има натпревари на „Борис Трајковски“ во Маџари.
Поради доцнењето на теренот на „Филип Втори“, преместено е и финалето од македонскиот Национален куп. Тоа првпат во историјата ќе се игра во Штип.
http://www.mkd.mk/26873/sport/varda...avnici-ke-igraat-na-milano-arena-vo-kumanovo/

:facepalm:
 
Некој до сега стадион ќе изградеше, они теренот ....:facepalm:
Абе не заебавај овој ќе бил исто како по теркот на Арсенал теренот што не гледаат да бидат како нив и за 6 месеци како што најавиа да си ја завршат работата а не да каснат три месеци
 
lelelel се да им ебам. Не смее вака бе. Скоро година дена го реновираат теренот ?? сељаци глупи. Да се надеваме дека до мај ке биде готово ама ако е како на сликине нема да биде готов ни за почеток на следна сезона
 
Море никад да не го направат да им ја ебам мамицата да им ја ебам :mad:

Знаеш велат луѓето ... колку пари толку музика.
Некои згради од 15 ката градат за пократок период од они трева што садат/вадат/поправаат и прават.
Ама бар се надевам кај толку работа ќе има многу голем квалитет на теренот и никогаш не ќе се најде во состојба каква што стануваше како на пример против Хрватска ..

Абе не заебавај овој ќе бил исто како по теркот на Арсенал теренот што не гледаат да бидат како нив и за 6 месеци како што најавиа да си ја завршат работата а не да каснат три месеци
Видиш добива тоа човечето што ја пази тревата со тимот негов веќе неколку години награди за најдобар терен ...
Можеби и вие ќе добивате тоа ако има такво нешто во нашава ФУДБАЛСКА земја каде се освен фудбалот просперира.
 
Ај нека каже човекот од управата дали Вардар ќе добие лиценца за настап во евро куповите ?
 
Чекај сега ќе се јави некој да каже дека не ти е веродостоен изворот :D
 
Вардар-Турново 0-0!
Уште еден лош меч на нашиве...
Незнам што и стана, по дуелот со Металург веќе не личат на себе.
Дали се раздаваат поени и плус да немаме примено повеќе голкови, намерно завршуѕваат 0-0, не ми е јасно...
Ете така се губат гледачите на трибините.
НИЕДНА ШАНСА ниту на едните ниту на другите.
Времето беше многу тешко за играње, дуваше страшен ветер и топката немнаше правилен лет.
Па нашиве како за инает се на долги топки играа...
Се покажува фатално немањето на крила, нешто што мора да се поправи пртед мечевите во Европа, пошто нема шанси никого да тепаме...
Играа Захов, Бошкоски, Мичка, Таневски, Вајс, Ранѓеловиќ, Стојаковиќ, Цикарски, Петров, Огбона и Фичо.
Во второ влегоа Ацевски, Колеќевски и Јове...

Многу лоша игра, нема што посебно да се издвои освен една полушанса...
Стојаковиќ уфрли со убава фелширана топка, Петров излезе сам ама се заплетка и промаши.
Мислам дека и Огбона имаше некои пробиви ама се беше без завршница.

Комити бевме најсветла топка како и секогаш:)
Иако бевме само 200 души, сепак навивањето беше одлично. Пошто беше доста досаден мечот се тераа и доста заебанции :D
ОДново и мина редот на накова :D
Имаше и две пароли, едната за убиените момчиња, втората за убиениот ултрас на Атлетик Билбао.
За жал на цел стадион имаше одвај 500 гледачи. Тоа е меч во Ѓорче во сабота :)
А и квалитетот на фудбалот ги одвлекува фановите од трибините :facepalm:
 
Онаа убава игра за око од есенскиот дел, Илчо ја расипа со неговото упорно форсирање на игра со тројца непокретни сидраши во нападот. Не ми е јасно зашто едноставно не се откаже од таквата намера. Рака на срце, тие што се најмногу заслужни (Ранѓеловиќ, Стојаковиќ, Оса, Лико) скоро да не заиграа заедно во пролетниот дел. Како и да е, на Вардар очајно му се потребни два екстра крилни напаѓачи за на лето...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom