Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Денес одигравме феноменелен натпревар и заслужено ги освоивме 3-те бода ,сите играчи беа добри денес ама посебно ми е мило што Клеверли и Нани почнаа да си ја враќаат формата и што Де Геа со неговите настапи им ги затвори устите на критичарите , јас верував во него и кога правеше киксови на почетокот на сезоната за наредната сезона очекувам уште повеќе од него да почне и рекорди да руши ,мислем дека дечкото за некој сезона ќе биде подобар дури и од ВДС ,исто така мора да се пофали и Рафа кој денес беше звериште по денеста страна одличен и во напад и во одбрана само да не се повредува и сиугрно ќе биде најдобар десен бек во светот за 1-2 сезони. Сега ни останува уште Евертон да ги победеиме и титилата е наша 1000000000000 % ама ако играме како денес и со Евертон убеден сум дека ќе ги победиме и после во дербито на Манчестер да им покажеме на Арапите кој е кој во Англија :)
 
А дали некој забележа напредок кај Евра ... едно време беше тешко дрво му ја кршеа кичмата ама се има многу поправено од тогаш ... што знам барем мене така ми изгледа !!!
 
Fergie also says his 'heart sank' when Vidic was ruled out but that Jonny Evans has developed into 'arguably best defender in the country'.
 
Следната сезона очекувам уште да се подобри Џони покрај Видич :)

Следната сезона мислам дека Џони ќе оди на лев бек, со оглед на тоа што Фабио иде на позајмица а Евра ќе добива се поепизодна улога во клубов. Но ако е точно тоа што чув дека на Рио му бил понуден нов договор но со напоменување дека ќе игра некаде околу 20 натпревари наредната сезона, значи може Џони и да игра со Видиќ. Сепак од ланската сезона видовме колку функционираат Џони и Видиќ :unsure:, многу лош тандем, подобар тандем се Смолинг и Видиќ - Рио и Еванс. Па ако стариот мисли дека Џони - Видиќ ќе е негов тандем за наредна сезона, се надевам дека летово на турата ќе работат на воигрувањето на овие двајца. И додека ја пишував оваа реченица ми текна дека стариот рече дека Видиќ нема да оди на пред сезонската тура :facepalm: и моментално не знам што да пишам наредно и ќе го оставам постов вака.
 
Одличен натпревар и конечно поубедлива победа што и очекував. Не знам само шо да кажам за играта на Сколс. :cuc:

Керик и Рафаел над просекот исто, одбраната на ниво иако речиси само ние игравме. Добро е шо Руни редовно си стрела иако е во "потивка" форма. Се прашувам колку голови би постигнал доколку игра строго истурен напред со силен среден ред позади него што шутира од далечина, нешто као Сколс денеска, или Сколс на помлади години. Јанг ова не мораше да го направи, секако ќе ги плесневме и без тој пенал.
 
Фросе...ако оди Џони на лев бек џабе сме го пуштале цела сезона да игра пред Џонс и Смолинг во средина...Џони ќе биде печен за замена на Рио/Вида и според мене тие би имале поепизодна улога (поготово Рио) во наредната сезона, а со одењето на позајмица на Фабио сигурно ќе дојде и нов лев бек според мене. Ништо чудно да биде вметнат Фабио и во дилот за Гаитан ако го купуваме ова лето.
 
Следната сезона мислам дека Џони ќе оди на лев бек, со оглед на тоа што Фабио иде на позајмица а Евра ќе добива се поепизодна улога во клубов. Но ако е точно тоа што чув дека на Рио му бил понуден нов договор но со напоменување дека ќе игра некаде околу 20 натпревари наредната сезона, значи може Џони и да игра со Видиќ. Сепак од ланската сезона видовме колку функционираат Џони и Видиќ :unsure:, многу лош тандем, подобар тандем се Смолинг и Видиќ - Рио и Еванс. Па ако стариот мисли дека Џони - Видиќ ќе е негов тандем за наредна сезона, се надевам дека летово на турата ќе работат на воигрувањето на овие двајца. И додека ја пишував оваа реченица ми текна дека стариот рече дека Видиќ нема да оди на пред сезонската тура :facepalm: и моментално не знам што да пишам наредно и ќе го оставам постов вака.
Зошто да не оди на пред сезонската тура нели требаше да се опорави од повредата на крајот на сезоната ? А за тоа што велиш Еванс да биде лев бек не верувам добар си е тој како централен мислам дека САФ ќе купи некој лев бек пример Сисоко од Лион или Жорди Алба од Валенсија како замена за Евра за кој и јас мислам дека од следаната сезона ќе има се поепизодна улога во клубов бидејќи веќе остаре и не е како што беше пред некоја сезона.
 
Зошто да не оди на пред сезонската тура нели требаше да се опорави од повредата на крај на сезоната ?

Ќе се опорави ама ќе се опоравувал на Керингтон, исто како Рио што правеше кога Хески го повреди на СП.
 
Предсезонската тура е пренапорна, а тој со пауза од 6-7 месеци ќе неможе да ја издржи. Ќе си тренира на карингтон со посебна програма и супер ќе се подготви физички а за другото...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom